|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Растење на плодот по недели, 2. тромесечје

Редакција Рингераја, 4.4.2021
Знаете ли дека сте бремени, или во суштина не знаете што се случува со вашето тело? Овој текст ќе се обиде да ви објасни што се случува во вас и како вашиот плод се развива во второто тромесечје.

image
/11


XX недела

Детето сега е долго околу 20 см и тешко околу 300 гр. На неговата глава расте коса и почнуваат да му се развиваат заби. Се создава верникс, тоа е бела мрсна материја која го штити детето во стомакот. Рацете и нозете се добро развиени, детето е активно и би требало да ги почувствувате неговите движења, реакции на јаки звуци однадвор. Честопати детето во овој период знае и да мирува.


XXII
недела

Во овој период детето е долго околу 27 см и тешко околу 450 гр. Почнува да го користи својот имунолошки систем со кој се брани од инфекции, кои ретко продираат до плодот, но секако постојат и исклучоци. Нервите се повеќе се поврзани, па така и движењата се покоординирани.


XXIV
недела

Детето сега е долго околу 30 см и тешко околу 600 гр. Во оваа недела детето е слабо, но и понатаму нема наталожено масно ткиво. Му се формираат потни жлезди, детето поддригнува, ика (што може да се почувствува како лупкање), ја напрчува устата, прави гримаси со лицето. Мускулите на рацете и нозете му се добро развиени. Се менуваат периоди на голема активност на детето и периоди на мирување. Детето го цица палецот, голта вода и ја испушта во вид на мокрача, а се формира и осетот за вкус.


XXVI
недела

Детето во овој период е долго околу 34 см и тешко околу 760 гр. Во оваа недела прво се развиваат градите на веќе развиените градни жили, и се прицврстуваат воздушни меурчиња. На нивната внатрешна страна се излачува материја која им овозможува на градите правилно да се шират при дишењето. Развивањето на градиниот кош продолжува и понатаму.


XXVIII
недела

Детето сега е долго околу 37 см и тешко 1000 гр. Под црвената набрана кожа почнува да се таложи масно ткиво. Многу брзо се развива делот од мозокот кој е одговорен за умствените активности. Детето чувствува болка на која реагира исто како новороденче. Градите сеуште не се потполно развиени. Вашиот партнер, конечно може да ги почувсвува бебешките движења, ако ја стави раката на вашиот стомак. Очните капаци се одвојуваат, па детето може и да гледа. Веќе е формирано сетилото за вкус, па веќе може да почувствува слатко, кисело, горко.

 Возраст на плодот

 Проценета должина*

 Проценета тежина*

 XX

 20 см

 300 гр.

 XXII

 27 см

 450 гр.

 XXIV

 30 см

 600 гр.

 XXVI

 34 см

 760 гр.

 XXVIII

 37 см

 1000 гр.

* податоците се разликуваат од извор до извор поради различниот начин на мерење

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Зошто добивам тежина толку брзо за време н...
Леле! На вагата можете да видите колку брзо ова бебе расте во вашиот стомак. Да ја разгледаме оваа често контроверзна те...
4
Киретажа - значајна гинеколошка процедура
Киретажата претставува мала хируршка операција која се користи како за поставување на дијагноза од материјалот што се до...
4
Метален вкус во устата за време на бременоста
Бременоста влијае прилично на секој дел од вашето тело, а устата и вкусот не се изоставени. Но, да се има кисел метален ...
3
Срцева акција
Срцето вообичаено чука околу 113 пати во минута.
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?