|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Работи кои никогаш не треба да се кажат на децата

Редакција Рингераја, 4.5.2010
На сите нас ни се случува да го изгубиме трпението и да му се извикаме на детето, а при тоа да му кажеме и работи, кои всушност не сме сакале да ги кажеме.

image
/11


Зошто не можеш да бидеш како твојот брат/ сестра? 

Никогаш немојте да правите споредба меѓу децата, без разлика дали се мали или веќе тинејџери. Таквите приговори уште повеќе создаваат нетрпеливост меѓу децата и ја поттикнуваат љубомората меѓу нив, а детето на кое се упатени се чувствува несакано и помалку вредно.

 

Навистина си многу напорен / напорна! 

Детето ќе стане уште понапорно доколку често му приговарате на овој начин, бидејќи оваа изјава ќе ја разниша неговата самодоверба. Подобро кажете му дека некои постапки не се корисни и убави, наместо да му префрлате за лошото однесување.

 

Сега немам време за тебе!

Нормално дека не можете целиот ден да му го посветите на детето, но ако му кажете дека немате време за него всушност му кажувате дека не е важно. Објаснете му дека ви треба малку време, без разлика дали тоа се 10 минути или еден час, за да ја завршите работата која сте ја започнале и потоа ќе му се посветите нему и заедно ќе си играте.

 

Те молам, прибери се! 

Зголемените емоции не смеат да се игнорираат или гледаат како знак на слабост. Доколку тоа го направите, детето подоцна би можело да има проблеми со емоционалната комуникација. Затоа препуштете се на емоциите и бидете и вие дете. Тоа е најдобрата работа и за вас и за детето.

 

Нема да те сакам, ако се однесуваш така...

Родителската љубов мора да биде безусловна и детето не смее да се плаши дека би можело да ја изгуби. Доколку му дадете до знаење дека вашата љубов зависи од неговото однесување, можете да ја разнишате неговата самодоверба.

 

Никој не те праша за мислење!

Немојте да го отфрлате од разговорите на возрасните. Дозволете му да го каже своето мислење, на тој начин му помагате да научи слободно да се изразува.

 

Не ми се допаѓа твоето друштво.

Детето се идентификува со врсниците. Ако го критикувате неговото друштво, ќе мисли дека го критикувате него. Доколку мислите дека неговото друштво лошо влијае врз него, предложете му да најде и нови другари и пријатели, а вие помогнете му во тоа.

 

Би требало да бидеш доктор, адвокат....

Постои огромна разлика помеѓу влијанието врз детето да присуствува на наставата, да учи, да има добри оцени, и влијанието и обидот да го насочите кон одредено занимање, кое вие сте му го одбрале. Дозволете детето само да ги искаже и развие своите амбиции, во спротивно може само да предизвикате контра ефект.

 

По се што направивме за тебе...

Не очекувајте од вашето дете да биде благодарно за секоја ситница која сте ја направиле за него. Тоа не бара од вас да поминете 2 часа во кујна правејќи ручек, или да се откажете од сопствената кариера, за да бидете подолго време дома.

 

Ние родителите мораме навистина многу да внимаваме што и како зборуваме пред децата. Многу е важно да не им ја намалиме и срушиме самодовербата, што може многу лесно да го направиме, доколку постојано им приговараме и ги критикуваме нашите деца.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Вие го воспитувате добро, тоа се однесува ...
Вашето дете не сака да ги поздрави соседите во лифт, или ја фрла хартијата од чоколадо на под, а Вие го воспитувавте да...
4
Четири најздрави намирници за децата
Исхраната во детството има долгорочно влијание на развојот на интелигенцијата, некои намирници помагаат кај подобрување ...
4
Мамо, живеј ми уште долго, долго...
Мамо, живеј ми уште долго, долго. Јас не знам како е кога нема да го слушнам твојот глас, не знам како е без твојата куј...
4
Подготовки за првиот училишен ден
Првиот училишен ден е возбудлив момент не само за првачињата, туку и за нивните родители.
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?