|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Што ќе открие Вашето бебе во првиот ден од животот и како Вие можете да му помогнете полесно да се прилагоди во прекрасниот нов свет?

image
/11


Замислете го ова – стуткани сте на темно, меко и удобно место. Никогаш, ни за момент не сте почувствувале глад и жед, никогаш не Ви било претопло или преладно, а ако Ви треба WC го извршувате таму каде што сте, бидејќи не правите голем неред. Најдобро од се е што знаете дека Вашата најголема заштитничка е со Вас  - ја чувствувате цело време, ја слушате нејзината смеа и отчукувањето на нејзиното срце.

Одеднаш – се се променило. Ладно е, светлината е прејака, а кога ќе мрднете со рацете и нозете околу Вас повеќе нема ништо. Што се случи? Каде исчезна мама?

Често се пишува за промените кои ги доживува жената кога ќе стане мајка – но мораме да имаме во предвид дека и бебињата доживуваат промена. Во првите 24 часа Вие сте потполно исцрпени, како физички така и емоционално, а веројатно така се чувствува и Вашето новороденче.

И сега кога Вашето злато стигна на свет, како се чувствува? И како можете Вие да му помогнете да се прилагоди на промените?

 

Веднаш по породувањето

Моментите во кои го чекате првиот плач на Вашето дете се чинат како вечност. Да се излезе од топла средина во студенит нов свет е голем шок, но и многу потребен на организмот. Тоа е поттик за белите дробови да вдишат воздух за прв пат. Сетете се како се чувствувате кога ќе скокнете во ладна вода. Тоа е изненадно отпуштање на притисокот и заради тој мал шок сите витални органи одеднаш почнуваат да функционираат.

Многу брзо, во следните 30-60 минути по раѓањето, бебињата влегуваат во чудесен период во кој се тивки, но потполно будни, свесни за светот околу себе и концентрирани на Вас.

Во последните неколку седмици бебето беше во тесен простор под голем притисок во Вашата материца, а во тек на породувањето се движи низ уште потесен канал. Кај нормалните породувања тој притисок всушност делува смирувачки, како длабинска масажа. Покрај тоа, во мозокот на Вашето бебе се испуштаат хормоните адреналин и кортизол кои потполно го разбудуваат бебето. А таа смирена, будна состојба е идеална за запознавање на мајката и бебето.

 

Прва средба

Неверојатно е колку бебињата го открваат светот околу себе во првите 24 часа од животот. За почетпк, тука е Вашиот глас кој бебето за прв пат го слуша јасно. Заради тоа многу брзо ќе се навикне на сите звуци и гласови во Вашата средина, посебно на Вашиот глас. За само неколку минути бебето ќе заврти во насока од каде што доаѓа гласот на мама, а многу брзо ќе ги препознае и другите гласови со кои растеше во стомакот.

Новороденчето гледа совршено, во сите бои, но само 20 cm. пред себе. Ако сте преблиски или предалеку, излегувате од неговиот фокус.

Не е само случајност што 20 cm. е вистинската оддалеченост од Вашето лице до Вашите гради – новороденчето совршено го гледа лицето на мама додека е ставено на нејзините гради.

Допирот е веројатно најважното чувство за Вашето бебе во првите моменти од животот. Ставете му на бебето само пелена и ставете го на Вашите гради, па заедно покријте се со топло ќебе – тоа е најдобар начин да го смирите бебето по излегувањето од материцата. Вашето тело е природен инкубатор кој ќе го смири бебето, а отчукувањето на Вашето срце ќе го регулира и ритамот на срцето на бебето.

 

Прво хранење

Еден час по раѓањето бебињата можат да уживаат на мајчините гради во потрага за мајчината дојка. Бебињата знаат каде да одат заради нивното неверојатно чувство за мирис. Кога ќе ја пронајдат Вашата брадавица веднаш по тоа се јавува рефлексот за цицање. Бебињата тоа го вежбале цицајќи го својот палец во утробата на мајката. Првото хранење му дава на бебето колострум. Во почетокот млекото ќе биде густо, лепливо, полно со протеини и антитела кои му помагаат на детето во изградба на имуниот систем. Цицањето исто така му дава знак на Вашето тело да создаде повеќе млеко.

 

Време за спиење

Не грижете се ако Вашето новороденче не е многу заинтересирано за хранење – можно е да е преуморно од породувањето. Остатокот од првиот ден ќе биде исполнет со бакнежи, милувања и спиење. Кога ќе заспие новороденчето, спијте и Вие. Бебето ќе се буди на секои 2- 3 часа за хранење, но во тоа не постојат правила.

Вашето дете било на гласно место во утробата каде се пумпала крв, лупало срцето, каде луѓето зборувале, а желудникот работел. По сето ова, тишината може да биде проблематична.  Ако бебето Ве чувствува и Ве мириса Вас може и понатаму да се чувствува сигурно, во првиот ден од својот живот.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Зошто се` завршува во бебешката уста?
Дали Вашето бебе има ставено се во уста – обувки, џемпери, играчки и се што ќе му падне в рака? Опуштете се и сфатете – ...
4
5 работи што мајките ги забораваат по поро...
По раѓањето, многу мајки забораваат на себе, на своите потреби, нивното здравје. Целото нивно внимание се посветува на ...
4
20 идеи за декорација на торта за крштевка
Разубавете го најубавиот ден со најубава торта
4
Исчистете го телото по празниците
Празниците се зад нас, а спомените на нив остануваат – два, три килограми повеќе, тешкотии во варењето, нечиста кожа. Ка...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?