|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Природен препарат за јакнење на имунитетот

Редакција Рингераја, 11.10.2021
Јак имунитет – тоа е отпорност на организмот на различни болести, а со самото тоа значи и добро здравје. Иако во нашите аптеки секојдневно има се повеќе препарати за јакнење на имунитетот, народните лекови не ја губат својата популарност и значење

image
/11


Тоа е разбирливо, бидејќи ниту еден синтетички препарат од аптека не може да ги замени природните производи, кои се лесно достапни и многу ефикасни во лечењето на разни болести.

Ако имате подготвено тегла со витамини, ќе ги задоволите не само потребите на децата за колачи, туку ќе го зајакнете имунитетот на целото семејство.

 

Витаминска бомба за јакнење на имунитетот

(за деца и возрасни)

 

Потребно е:

- 100 гр. суво грозје

- 150 гр. ореви

- 100 гр. бадеми

- кора од два лимони

- 100 гр. суви кајсии

- 100 гр. суви сливи

- 250-300 гр. мед

- ако имате може да додадете и ореви од бор

 

Измелете ги на машина за мелење месо: сувото грозје, оревите, бадемите, оревите од бор и кората од лимон. Во смесата додадете го претходно исцедениот сок од лимон и промешајте. Додадете ги измелените суви сливи и кајсии. Промешајте.

На крај додадете го медот и повторно промешајте.

Оставете на стои на темно место 1-2 дена.

 

За деца постари од три години – 2 х 1 лажичка.

За возрасни 3 х 1 лажица

Теглата со витамини чувајте ја во фрижидерот.

 

Рецепт за јакнење на имунитетот  (за возрасни)

 

Потребно е:

- 200 гр. суви кајсии

- 200 гр. суви смокви

- 200 гр. ореви

- 1 лимон

- 50 мл. ракија

- 250 гр. мед

 

Сувото овошје и лимонот со кора измелете ги на машина за мелење месо. Во смесата додадете мед и ракија и промешајте. Теглата чувајте ја во фрижидер. Земајте по една кафена лажица пред оброк.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

10 можни причини за грчеви по менструацијата
Грчевите се многу чести пред и за време на менструацијата, но може да се појават и по завршувањето на истата. Во ов...
5
10 работи кои ми фалат откако станав мајка
10 работи кои ми фалат откако станав мајка
4
Кој Ви ги чува децата?
Многу родители во текот на развојот на детето често ќе се најдат пред тешка одлука – дали чувањето на детето да го довер...
4
Најубави мисли за бебињата
Најубавите, некогаш кажани, мисли за бебињата. Ќе Ве разнежнат...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?