|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Прескокнување на срцето - Екстрасистоли

www.doktori.mk, 29.4.2014
На многумина од нас сигурно ни се има случено некогаш да почувствуваме како срцето да ни прескокнува или пак како да ни трепери. Тоа прескокнување или треперење на срцето всушсност претставува појава на екстрасистоли

image
/11


 

Екстрасистолите се релативно честа појава која се карактеризира со иницирање на акционен потенцијал од страна на Пуркиниеви клетки во комората на срцето наместо од клетките на синоатриалниот јазол кој е нормалниот иницијатор.


Причини поради кои настануваат :

  •  Стрес
  •  Недоволно спиење
  •  Пушење
  •  Консумирање на алкохол, дрога, кафеин, и други стимуланси
  •  Адреналин
  •  Зголемено количество на калциум
  •  Намалено количество на магнезиум и калиум
  •  Кардиомиопатии
  •  Лекови кои ја зголемуваат срцева контракција ( како digoxin )
  •  Хиперкапниа ( труење со CO2 )
  •  Митрален пролапс
  •  Миокардитис
  •  Саркоидоза
  •  Проблеми со тиродна жлезда

 

Појава и симптоми

Најчесто се јавуваат во мирување во вечерните часови или пак кога сме изложени на зголемен стрес (најчестиот стимулатор за нивно појавување е всушност стресот) и немир.. Најчесто се асимптоматски но некогаш можат да бидат проследени и со :

 

  •  Вртоглавица
  •  Губење на воздух
  •  Зголемена свест за отчукувањата на нашето срце
  •  Појако срцебиење

 

Дијагноза

Бидејки за време на прегледот може да бидат отстутни и на ЕКГ да имаме нормален наод, кај овие луѓе најдобро е носење на Холтер монитор за 24 часовно ЕКГ кое ќе може да ги регистрира.

Третман

Најдобар третман е намалување на стресните влијанија, и умерена физичка активност. Исто така може да се користат и суплименти за надокнадување на магнезиум и калиум, а во потешки случаи се даваат и бета блокатори.

 

Иван Аргиров

студент по медицина

 

doktori.mk.logo

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Совети за правилно подготвување на бебешка...
Бебешката храна подготвена дома е најдобрата опција за исхрана на бебето. Најлесен начин да приготвите кашичка за бебето...
5
Има ли Вашето бебе теменица?
Теменица (себороичен дерматитис кај бебињата, познат под називот „crusta lutea“, млечна краста, pytiriasis capitis), пре...
4
Календар на исхрана од 4-12 месеци
Воведувањето на цврста храна кај доенчињата може да биде забавно, весело и интересно, но е предмет на сомнежи и двоумење...
4
Рецепти за првиот оброк на бебето. Од каде...
И покрај тоа што е традиција во нашите региони, додатоците во исхраната да започнуваат со овошје, словенечките автори на...
4




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?