|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Прекин на доењето - I дел

Редакција Рингераја, 14.12.2010
Одбивањето е дел од природниот тек на доењето и една од многуте стапки во растењето на детето и одделувањето од Вас. Слатко-горчливата тага која ја чувствувате е само дел од работите кои не прават мајки...

image
/11


 

 

Први чекори во прекин на доењето

Крајот на доењето е исто толку важен и исто толку емотивен процес, колку и почетокот на доењето. Независно кога и да настапи овој крај, доењето создало разностани и богати емоции и чувства кои се развиле меѓу мајката и бебето.

Нормално е да ги имате истите емоции при одбивањето, како и на почетокот на доењето. Емоциите и загриженоста се многу слични – Што треба да направам? Како тоа ќе влијае на бебето? Дали ќе боледува? Како ќе заспива? Што ќе правиме со исхраната, тоа сеуште цица многу? Дали ќе ни се променат односите?

Одбивањето фактички претставува момент во кој млекото исчезнува – но длабоката емоционална врска останува,  сеуште жива и длабока како и од првиот момент на комуникација меѓу Вас. Взаемната љубов и разбирање не се променети и ќе Ви помогнат да направите чекор напред кон нова фаза од Вашите односи.

 

Што претставува одбивањето?

Одбивањето е процес во кој доењето постепено се заменува со друга храна и се менува интеракцијата меѓу мајката и детето. Околу средината на првата година, со првото лажиче друга храна, различна од млекото, постепено почнува процесот на одбивање во кој детето ја надраснува потребата од млекото на мама. Во идеален случај детето само раководи со тој процес, со свое темпо и доењето завршува по природен пат, кога детето ќе биде подготвено за тоа.

Во животот многу ретко работите се одвиваат идеално и многу причини може да наметнат одбивањето да се забрза пред детето да биде подготвено за тоа. Без разлика кои се причините и на која возраст е Вашето дете,  идеална варијанта е прекинот на доењето да се случи на начин кој ги комбинира потребите на детето, со алтернативна замена на мајчиното млеко и емоциите кои дотогаш биле задоволувани преку доењето.

 

Кога може да се одбие бебето?

Одговорот на ова прашање е едноставен – можете да го одбиете во секој момент кога ќе посакате, или кога околностите ќе го побараат тоа. Колку лесно или тешко ќе се случи тоа зависи од неколку работи

-          возраста на бебето

-          фазата на развој

-          колку брзо се предвидува дека ќе се случи одбивањето

-          како Вие ќе се однесувате кон прекинот на доењето

Вие го доите бебето веќе многу месеци. Имате искуство и знаете дека доењето поминува низ различни фази. Понекогаш потребата од цицање е исклучително интензивна и невозможно е да го одвоите бебето од Вас. Во друг период, доењето е во заден план, детето заборава на цицањето за подолг период, вовлечено во нови откритија и емоции. Постојат моменти во растот на детето кога одбивањето може да се случи многу лесно, бидејќи голем број фактори помагаат во тоа.

Во првите месеци од животот на детето потребата за храна е посилна од емоционалната врска која во тоа време е во зародиш. Во оваа фаза замената на мајчино со адаптирано млеко се случува лесно и неосетно. Ако ситуацијата дозволува постепено заменување на мајчиното со адаптирано млеко, тоа ги штити и градите на мајката, млекото запира постепено и на природен начин.

 

Крајот на првата година е изборот на многу мајки за прекин на доењето.Ако ова е и Ваша желба, со малку претходно планирање прекинот може да го направите до првиот роденден лесно и природно. Постојат неколку фактори кои ќе Ви помогнат на тој пат:

-          Целосна замена на доењето со друга храна

-          Усвојување на нови вештини кои го фокусираат вниманието на детето во други насоки

-          Забавата на бебето

Околу средината на првата година, кога ќе почнете да го храните бебето со друга храна, треба да се запрашате до кога сакате да доите. Целосната замена на доењето со друга храна доведува до намалување на фреквенцијата на хранење и количината на млекото. Ова доведува до промена на интеракцијата меѓу Вас. Бебето постепено престанува да бара утеха во мајчината града. Добро е постепено да заспива на друг начин, при што доењето да биде само алтернатива ако не се смирува. Така потребите на детето почнуваат да се задоволуваат на различни начини кои не вклучуваат доење и безболно се стигнува до последното цицање.

 

Периодот меѓу првата и втората година може да биде многу тежок ако тогаш ги направите првите чекори кон одбивање. На оваа возраст детето веќе почнува да разбира дека е одделна личност, а истовремено има многу силна потреба од мајката и дојката добива големо емотивно значење. Најчесто ова е периодот во кој мајката почнува поактивен  социјален живот или треба да се врати на работа. За некои деца тоа е поврзано со заминување во градинка, па претставува дополнителен стрес. Отсуството на мајката се прима толку болно бидејќи детето сеуште е мало и уште извесно време ќе се бори со стравот дека секое исчезнување на мајката е засекогаш.

Тоа е период во кој децата почнуваат да го штитат своето мислење, да се обидуваат да се одбранат сами, да приговараат. Бидејќи секогаш не сме во можност да исполниме се што сакаат, овој период е поврзан (од детска гледна точка) со големи емоционални шокови. Бидејќи дојката е универзално смирувачко средство и детето активно ја бара, одбивањето може да е многу тешко во оваа фаза. Но сепак, не е невозможно. Со трпение, со објаснување, нежност и разбирање, со обезбедување алтернативи за комуникација со мама, одбивањето може да се случи и во овој период.

Детето меѓу 2 и 3 годишна возраст е сосема различно, многу стабилно во емоционалниот однос и полно со разбирање. Турбуленциите со навикнување во градинка и враќање на мајката на работа се поминати и се утврдила нова рутина. Детето може да зборува релативно добро и одлично да разбира кога му се објаснува. Во овој период детето издржува и подолго време без цицање. Сите овие работи го олеснуваат одбивањето.

Кои начини на одбивање постојат?

Традицијата и искуството на мајките нудат многу различни средства за одбивање на децата. Сите тие се ефективни – различно е сепак влијанието врз детската психа и споменот што го оставаат кај детето (и кај мајката)

Традиционалните методи за нагло одбивање и разделба на мајката и детето, можат да нанесат сериозна штета и за Вас и за бебето. Исто така, кај мајката може да дојде до преполнување на градите и запушување на млечните канали.

Ненадејното запирање на доењето, доколку е во комбинација и со нагла разделба од Вас, може да му нанесе големи трауми на детето. Вакви средства треба да се применуваат само во екстремни случаи кога е потребно итно одбивање, заради лекување на мајката, или други критични ситуации.

Постепеното одбивање, кога е можно, му нуди на детето алтернативи на кои ќе се навикне со тек на време. Тие го заменуваат доењето, без да се создаде чувство за ненадејно отфрлање. Потребно е да се најдат други начини за :

-          смирување

-          успивање

-          задоволување на глад и жед

-          забава

-          комуникација со мајката

Важно е да се имаат во предвид две одновни работи:

-          Постепеното одбивање бара многу напор и упорност од Ваша страна. Навики кои се граделе во текот на многу месеци (и години), не можат да се менуваат за ден-два. Замената на цицањето со други алтернативи бара време, трпение, позитивна енергија и упорност.

Кај поголемите деца одбивањето е проследено со плач и несогласување. Фактот дека детето ќе плаче е огромен страв за повеќето родители што претставува пречка за продолжување на процесот. Да, детето ќе плаче во одредени моменти, како што плаче при секое друго нешто за што ќе го одбиете. Се ќе биде полесно доколку сте до него, го тешите и смирувате и покажувате разбирање за неговите проблеми.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Бебешкиот фото албум на Принцот Вилијам
И Принцот Вилијам некогаш беше бебе. Погледнете го неговиот фамилијарен албум со фотографии од неговато најрано детство.
3
Масирање на бебиња
Масирањето е одличен начин на воспоставување и зацврстување на врската со детето, бидејќи на секое дете допирот му е нео...
3
Нахранете го бебето со задоволство
Воведувањето на нова храна кај бебињата од шест месеци може да биде вистинска мака. Се' што е погусто од млекото е висти...
3
Готвач за бебе
Кашички од зеленчук од 6 – 8 месеци
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?