Мамма во 18:19
на тема Песнички на македонски
Помал број на предвремени породувања се предизвикани намерно. Тоа се случува доколку Вашиот лекар процени дека Вашата состојба (или состојбата на Вашето бебе) ќе биде загрозена ако бременоста продолжи.
Сепак, голем број од предвремените породувања почнуваат спонтано, дали со истекување на плодовата вода, или со добивање на редовни контракции. Ако бременоста е блиску до 37. недела, прогнозата е дека бебето ќе биде добро. Доколку се породите по 34. недела постои голема веројатност дека бебето ќе биде исто така добро. Секое породување пред 34. недела претставува ризик на бебето. Вашиот лекар, во тој случај, ќе Ви даде кортикостероиди, лекови кои му помагаат на бебето забрзано да го заврши развојот на белите дробови и останатите органи и да се подготви за живот надвор од материцата.
Што го предизвикува предвременото породување?
Иако причината за предвремено породување е често непозната, постојат фактори кои можат да играат значајна улога во неговото појавување:
- Инфекции на гениталните органи, како што се бактериски инфекции, инфекција со кламидија, трихомонас и слично, кои можат да го зголемат ризикот од предвремено породување. Токсините кои микроорганизмите ги произведуваат можат да влијаат на обвивката на плодот, што доведува до нејзино пукање. Исто така, постоењето на интра-амнионска инфекција го зголемува ризикот од предвремено породување. Вашиот гинеколог ќе ги контролира брисевите во бременоста и ќе Ви даде терапија, посебно во случаите кога имате тегоби.
- Placenta previa, односно постелка која е поставена така што делумно или потполно го затвора грлото на матката, оневозможувајќи му го преминот на детето. Предвременото стареење на таквата постелка е знак за итно завршување на породувањето.
- Цервикална инкомпетенција, односно спонтано скратување и отворање на грлото на матката без појава на контракции.
- Преголема материца, односно преголема количина на плодова вода може да доведе до предвремено породување.
Некои состојби или болести на трудницата кои можат да го загрозат здравјето на мајката или детето, можат да бидат причина за предвремено породување. Тука спаѓаат дијабетес, некои видови на анемија, астма, системски лупус, хронични болести на црниот дроб и др.
Кои се фактори на ризик од предвремено породување?
Кои се симптомите на предвремено породување?
Симптомите можат да бидат различни, но најчести се:
- Зголемена вагинална секреција, било да е слузнава или крвава.
- Вагинално крварење.
- Грчевита болка во долниот дел на стомакот, или постојани, редовни контракции.
- Чувство дека бебето Ве притиска надолу.
- Болки во крстот
Некои од овие симптоми се појавуваат и во нормална бременост, но подобро е да го посетите својот лекар и да бидете сигурни во уреден наод, отколку да не го препознаете предвременото породување.
Што се случува ако породувањето почне предвреме?
Ако ги препознаете симптомите на предвремено породување, или Ви прсне водењакот пред 37. гестациска недела ВЕДНАШ обратете се кај својот гинеколог.
Тој ќе Ве смири, ќе ги слушне тоновите на срцето на бебето, ќе изврши вагинален преглед, ќе направи ултразвучен преглед за да ја види состојбата на бебето, постелката и плодовата вода, ќе ја измери должината на грлото на маткана со ултразвучен преглед и ако се е во ред, најверојатно ќе Ве пушти дома.
Доколку ова се случува пред 34. недела на бременост, гинекологот најверојатно ќе Ве испрати во установа која има можност за прифаќање на предвреме родени бебиња, каде ќе примите кортикостероидна терапија и евентуално лекови за запирање на контракциите на материцата, антибиотици и друга терапија која е потребна.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Твори - Читај - Биди хуман - Проект на Софија Петковска
ТВОРИ – ЧИТАЈ – БИДИ ХУМАН е проект кој под водство на Софија Петков...
Дренвин - Извонреден природен помошник против целулитот
За Дренвин, имаме неколку анонимни изјави од луѓе кои го користеле про...
Правилна исхрана на мали деца во лето
Малите деца, особено во лето се повеќе изложени на ризик од болести ко...
Зошто магнезиумот е важен во бременоста?
Магнезиумот е минерал од витално значење во текот на нашите животи. Ос...
Колку вода да пиете додека сте бремени?
Предлогот за пиење вода за време на бременоста е околу шест до осум ча...
Бременост.
пеперутка16
Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?