|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Повеќе од 50 нијанси на бременоста

Редакција Рингераја, 1.6.2015
Како се менува плодот за време на бременоста и како се менува мајката надворешно и внатрешно

image
/11



На 18-тиот ден по почетокот на бременоста нервното ткиво почнува да се забележува истовремено со срцевата ткиво. На крајот на 1-виот месец од почетокот на бременоста почнуваат да функционираат срцевата ткиво и нервниот систем. 4 милиметри е должината на плодот во овој период.
 
Кон 50-тиот ден од почетокот на бременоста се забележува првото реагирање на фетусот. Тоа се мали бавни движења на целото тело, што сигнализира дека нервниот систем веќе го гради и го управува однесувањето. На крајот на 3-та недела започнува да чука срцето на плодот. На 55 ден се појавуваат брзи движења, кои почнуваат од главата и понекогаш се пренесуваат кон вратот и телото. Со полни 60 дена почнуваат да се појавуваат глобални движења на целото тело без одредена секвенца. Овие движења понекогаш ја менуваат положбата на телото на бебето.
 
Во 9-тата недела на јазикот на плодот се појавува сетилото за вкус. Детето може да го препознае вкусот на амнионската течност, како и да реагира на промените кои се случуваат.
 
 10-та недела е моментот во кој површината на кожата на детето почнува да станува чувствителна. Тоа е период кога детето чувствува топло, ладно и болка. Но, најважно е дека тоа може да реагира на овие импулси. Меѓу 60-тиот и 120-тиот ден од почетокот на бременоста, бебето врши до 20 000 движења дневно кои мајката не ги чувствува. Првото  однесување предизвикано од  надворешен фактор, се регистрира 60 дена по почетокот на бременоста. Бебето ја отвора устата, истовремено ги движи рацете, нозете и телото. 2,5 см е должината на телото на фетусот во овој период.
 
По 65-тиот ден бебето започнува да врши:

· Одделни движења со рацете и нозете: брзи или бавни движења или исправање на рацете или нозете.
· Движења, слични на икање: нагло движење на дијафрагмата.
 
По 70-тиот ден се појавуваат:

· Движења кои потсетуваат на дишење: движење на дијафрагмата, градите и стомакот, во комбинација со отворање на устата и голтање на амнионската вода.
· Движења на главата напред и назад, во комбинација со отворање на устата и вадење на јазикот. Навалување на главата напред понекогаш е придружена со допир на лицето со рака и цицање.
· Притаени  движења: превртување.
· Подавање рака: зацрвстувањето на грбот, вртење и виткање на раката, продолжено широко отворање на устата, а потоа брзо нејзиното затворање.
 
По 85-тиот ден се појавуваат истовремени одделни и независни движења на прстите на раката.
По 100-тиот ден се појавува само вртење на зглобот на раката.
 
По 110-тиот ден плодот почнува да врши макродвижења кои се чувствуваат и од мајката.
 
 Во 16-та недела настапува мигот кога детето почнува да слуша. Во почетокот важни се само звуците на мајчиното тело - палпитации, перисталтика. Бебето ги слуша звуците пригушени, во водна средина. Утврдено е дека детето може да разликува различни гласови и да ги "памти". Во истиот овој период сите форми на чувствителност се развиени.
 
Во 20-тата недела мајката почнува да ги чувствува движењата на детето.
 
По 125-тиот ден се појавуваат движења со очите.
 
Кон 170-тиот ден веќе постојат сите нервни клетки на главниот мозок. Почнува да се регистрира биоелектричната активност на мозокот.
 
По оваа возраст:
Бебето реагира на светлина и звук: очните капаци на очите се отвораат и затвораат, врши движења по силен звук.
Функционираат чувствителноста на кожата и мирисот. Се појавува инстинктивно однесување, на пример цицање на палецот: плодот става рака во уста и постојано ги движи вилиците.
 
Се појавува период на активно однесување и период на релативна пасивност (спиење). 40 минути е времето на активниот циклус, а 96 минути е пасивниот, кој се менува после раѓањето.
 
Во последните 3 месеци од бременоста плодот почнува да го разликува гласот на мајката.
 
По 190-от ден плодот  ја врти главата во насока на појава на светлина, која поминува низ организмот на мајката.
 
По 220-от ден 70-80% од времето плодот е во состојба на сон, со брзи движења на очите, во комбинација со респираторни движења.
 
Во 9-от месец кај детето се развива чувство за мирис.
 
Како се менува мајката однадвор и однатре за време на бременоста?
· Со 10 отчукувања во минута се зголемува срцевата фреквенција и од 40% до 50% се зголемува обемот на крвта.
· До 500 пати над нормалната големина се зголемува матката.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Кога градитe престануваат да болат во брем...
За некои жени, болните гради се еден од првите знаци на бременост, дури и пред пропуштената менструација
5
Вистината за царскиот рез
Подготовката за царски рез не е прошетка во парк. Во многу случаи на партнерот не му е дозволено да биде во операционата...
4
Видео од царски рез кое го заобиколи светот!
Денес, царскиот рез е многу чест. Сепак, малкумина знаат како навистина изгледа, а сега можете да го видите тоа
4
Зошто магнезиумот е важен во бременоста?
Магнезиумот е минерал од витално значење во текот на нашите животи. Особено е важен за жените кои очекуваат бебе. Магнез...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?