|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Потребни документи за патување во странство

АМСМ - Авто Мото Сојуз на Македонија, 4.7.2013
Планирате да тргнете на долгоочекуваниот годишен одмор вие и вашето семејство, со автомобил...За секој семеен човек овие планови се малку макотрпни. АМСМ е тука да Ви помогне

image
/11


 

Ве преплавуваат милион прашања: дали ги зедов сите неопходни работи за децата, дали ќе тргнеме на време, дали ќе заспијат за време на патот, дали ќе плачат, што ако се разболат, да не им дува...Го проверувате списокот на потребни работи, прешкртувате сé што сте напишале и здивнувате. Уморни, но конечно подготвени, мислејќи на синото пространство со неодолив мирис, наречено море...

Можеби куферите и пасошите ви се подготвени, мислите дека конечно можете да го започнете патувањето, но, дали ги извадивте сите документи кои ви се потребни кога патувате со автомобил во странство?

Рингераја и АМСМ се тука да ве потсетат...

Кога патувате надвор од границите на нашата земја со моторно возило потребни ви се следните документи:

-       Меѓународна возачка дозвола

-       Одобрение за управување туѓо моторно возило

-       Зелен картон

-       Патничко осигурување

 

  1. 1.    Меѓународна возачка дозвола

Согласно Конвенцијата за сообраќај на патиштата од 8 ноември 1968 година, меѓународната возачка дозвола важи на територијата на сите земји потписнички на Конвенцијата. Оваа возачка дозвола важи 3 години, но со истекот на важноста на националната возачка дозвола прекинува важноста и на меѓународната возачка дозвола. Потребни документи за меѓународна возачка дозвола се:

-        2 фотографии (45мм x 35 мм) 

-       Важечка национална возачка дозвола

 

Дури и ако патувате само до Грција, задолжително понесете меѓународна возачка дозвола, бидејќи овогодинешното искуство на нашите клиенти покажува дека најверојатно ќе ви ја побараат. А кога тоа ќе се случи, најдобро е веќе да ја имате со себе.

  1. 2.    Одобрение за управување туѓо моторно возило

Одобрението за управување туѓо моторно возило кое ја преминува границата на Р. Македонија се издава како доказ дека возачот на возилото е легално овластен да го управува возилото надвор од границите на земјата. Ова одобрение се издава според единствениот унифициран и стандарден образец на AIT – Меѓународната туристичка алијанса и FIA- Меѓународната автомобилска федерација. Потребни документи:

-       Сообраќајна дозвола од возилото

-        Лично присуство на сопственикот со документ за идентификација (лична карта или пасош) 

-       Лично присуство на корисникот на возилото со пасош

 

Одобрението за управување туѓо моторно возило е со важност од 1 година.

*Бидејќи цените на меѓународната возачка дозвола и одобрението за управување туѓо моторно возило се различни во различни станици за технички преглед, за информации за цените на меѓународните документи во АМСМ Станиците за технички преглед,  јавете се на АМСМ инфо линија: (02) 3181-181.

  1. 3.    Зелен картон

Зелениот картон се издава врз основа на издадена полиса за осигурување од автомобилска одговорност од соодветната компанија и е замена за полисата за осигурување од автомобилска одговорност издадена за матичната земја со важност за сите земји – членки наведени во полисата. Важност на зелениот картон е 12 месеци или во рамки на времетраењето на полисата за автомобилска одговорност.

-       За патничко возило до 66 KW цената на зелениот картон изнесува 3.690,00 денари.

-       За возила над 66 KW цената на зелениот картон изнесува 5.536,00 денари

  1. 4.    Патничко осигурување

Вашето здравје и безбедност треба секогаш да бидат на врвот на листата кога планирате патување.

Патничкото осигурување е осигурување на лица за време на патување и престој во странство кое покрива:

-          неопходна медицинска помош и болнички третман, како и трошоци за превоз поради непредвидени болести, кои започнале или настанале за време на престој во странство

-          надомест поради доцнење или губење на багаж кој осигуреникот го носел со себе за време на патувањето

-          осигурување од незгода и спортска незгода

-          надомест во случај на загуба на патни документи.

Патничкото осигурување почнува да важи во 00.00 часот на денот наведен во полисата како ден на почеток на осигурувањето, а престанува да важи во 24.00 часот согласно бројот на осигурани денови наведени во полисата (пр.7 дена, 10 денови итн.)

Видови патничко осигурување:

-       Индивидуално (патничко осигурување на патник-поединец)

-       Семејно (патничко осигурување на повеќе осигуреници со иста адреса на живееење наведена во пасошите)

-       Групно (патничко осигурување за група туристи, спортисти...кои патуваат заедно)

Видови полиси:

-       полиса која покрива едно патување

-       полиса која покрива повеќе патувања.

Ние ви препорачуваме патничко осигурување без франшиза, бидејќи франшизата вообичаено се движи околу 150€, износ кој во случај на осигурен штетен настан ќе треба самите да го покриете во однос на вкупниот надомест кој би следувал.

Формулар за патничко осигурување можете да најдете тука.

Патувајте безгрижно!

 

1

 

ИЗВОР: АМСМ

 


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Краток водич: Како да ја одржуваме облеката?
Знаеме ли што значат симболите на етикетите?
13
Раст и развој на детето
Сложеноста на развојот на секое дете се состои во развојот на обликот и видот на способностите, како што се: моторни, ем...
3
Вие го воспитувате добро, тоа се однесува ...
Вашето дете не сака да ги поздрави соседите во лифт, или ја фрла хартијата од чоколадо на под, а Вие го воспитувавте да...
3
Научете го синот да биде џентлмен
Вашиот син – културен и воспитан дечко со кој се гордеете. Еве неколку совети за родителите на момчиња
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?