|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Поддржуваме мали бизниси: ЛУплетКА

Марина Кљајиќ Петковски, 23.5.2022
Инспирирани од малиот херој Лука, слетени со љубов од неговата мајка Наде

image
/11


 

Сигурно се сеќавате на малиот херој Лука

Иако престојот во Италија е со среќен епилог и малиот Лука се врати дома, макотрпниот пат низ кој чекори неговото семејство е се уште долг. 

Досегашното лекување во Италија беше на товар на италијанскиот фонд, а престојот таму, патувањата, терапијата за Лука и лековите кои и понатаму му се неопходни се на товар на семејството. 

Трошоците кои тие ги имаат се навистина големи, а државата не покрива ништо.

Со цел да ги обезбеди неопходните средства, Наде, мајката на Лука, започна со изработка на рачно плетени ќебиња и други производи, кои ги нуди на Инстаграм профилот 

 

Рингераја: Веќе неколку месеци сте назад во Македонија, дома. Пред с?, како е состојбата на Лука сега? 

Наде: Да дома сме веќе 7 месеци,каде што измеѓу имавме една контрола во Италија. Лука е стабилен. Го надополнува времето што го помина во лежење и болничките соби.

 

 

Рингераја: Како се чувствувате вие? Гледајќи низ призмата на сите настани наназад, тргнувајќи од денешната ситуација, низ што се поминавте, Лука како пациент и вие како семејство кое бевте принудено да го лекувате детето надвор од границите на својата држава? 

Наде: Нашите чувства не можат да се доловат со зборови. Горди сме што се успеавме да направиме и издржиме за здравјето на нашето дете. Колку и оваа година да беше трнлива и болна...вредеше. Целокупната ситуација секако беше едно тешко искушение за кое беше потребно голема борба,но исто така ни донесе многу љубов,пријателства и секако две хероини кои се заслужни за оваа победа.

 

Рингераја:  Како државата излегува во пресрет, во однос на трошоците околу лекувањето во Италија како и неопходна терапија во постоперативниот период? 

Наде: Охх... Лекувањето на Лука се одвиваше приватно, односно покриено е од Италјански фонд. Немам коментар за останатото.

Од неодамна мама Надица  започна со свој мал бизнис - рачно изработени плетки, кои ги нуди на ">Инстаграм профилот LUpletKA.

Околу идејата која ја поттикнала на тоа, Надица вели:  Идеата дојде после долго размислување. Ситуацијата со Лука е таква што мама мора да е секогаш до него. Затоа и се решив на овој чекор, заедно со Лука ги правиме најмеките рачно плетени, персонализирани ќебенца. 

Со оглед на подршката што ја добиваме од голема маса на луѓе, решив да започнам нешто со што би се доближиле до целиот тој народ. Добиваме прекрасни пораки од задоволни муштерии. Една од нив ќе ја цитирам,ме воодушеви:

"Пристигна ќебенцето. Пресреќна сум што ќе го покривам моето дете со ова ќебенце кое го пипкало тоа мало херојско раче."

Да ги поддржиме херојот Лука и неговата храбра мајка! 

Заследете го нивниот профил 

Нарачајте, препорачајте, споделете со пријателите.

Заедно можеме многу! 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Најубавите фустани на ОСКАР на сите времиња!
Ви ги претставуваме најнезаборавните фустани на Оскарите на сите времиња!
3
Највисоко ниво на хигиена за вашето семејс...
Пролетта редовно ја дочекуваме со планови, меѓу другото, за генерално чистење на домот со кое дефинитивно ќе и кажеме зб...
3
Поддржуваме мали бизниси: Брзо подароче
Во потрага сте по подароче за на мекици или повојница, можеби за крштевка или роденден, за бебе или детенце? Подароче ко...
3
Создадете подобар живот
Својот живот го заробувате во негативни мисли и енергија ако го трошите на она лошо што може или би можело да се ...
2




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?