|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Palce: Мојата породилна приказна

Редакција Рингераја, 18.10.2010
Моментот кога јас се претворив во “ние”

image
/11


Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.

ВАШИОТ момент на породување!

 


Детали

Ник: Palce

Датум на породување: 13 ноември 2009, термин за породување 30.01.2010

Тип на породување: царски рез

Болница: Нова породишница-Љубљана

 

 

 

Многу е убаво кога ќе се споделат породилните приказни со останатите, ем ќе си ја испразниш душичката, ем ќе го споделиш своето искуство...Уф не знам како да започнам...Чувствувам голема трема, страв, болка, ми навираат сеќавања кои никогаш нема да ги заборавам и не знам како да ја започнам мојата приказна која всушност беше многу комплицирана. Но да почнам од почеток.

Долги години не можевме да добиеме бебе...Кога конечно останав трудна, ни објавија дека носам близначиња и тоа девојчиња. Нашата радост беше неизмерно голема, бевме пресреќни...но само за кратко. По 12 недели од мојата бременост ни кажаа дека едното бебе не е добро, дека има тешки аномалии и нема да преживее.Тоа беше голем шок, премногу плачев но некако си се помирив самата себеси дека така требало да биде и продолжив да живеам со мислата дека ќе му требам на другото бебе и морам да бидам силна за неа.Некаде во 26 недела од бременоста едното бебенце почина во стомакот. Од тогаш започна нашето патешествие, наречено борба,  силна борба за опстанок на нашето друго дете, и многу оптимизам, волја, сила од наша страна за да го пребродиме сето тоа. Докторите во Македонија не известија дека има големи шанси да се породам предвреме, а се навестуваше на тоа. Ме хоспитализираа во Систина, со големи отоци на нозете и рацете и силни контракции.Секој ден се молев, бебето да издржи што повеќе во мене, но изгледа немаше шанси. Ни дадоа препорака да патуваме за Љубљана бидејќи таму има одличен оддел за интензивна нега на предвреме родени деца (презадоволни сме од таму). Без размислување за еден ден се спремивме и тргнавме. Не не интересираше колку тоа ќе чини, бевме спремни на сите ризици само да го спасиме нашето долго очекувано бебе...

Пристигнавме во непознат град, сосема сами, како изгубени Германци...Да не должам повеќе, една недела ме контролираа, докторката рече дека ќе издржи бебето уште две недели и ни кажа дека можеме да си се вратиме дома. Сакав да се породам дома, да бидам со најблиските. Авионските карти ни беа резервирани за секој случај на 13 и 15 ноември, да одлучиме ние кога сакаме да се вратиме..Вечерта на 12 ноември си легнавме, се беше во ред. Ноќта некаде околу  02:30 ме разбуди силна болка, отидов во тоалетот и видов дека крвавам. Срцето му чукаше 300 на час. Одеднаш почнав да викам по мојот сопруг и му кажав да се подготви да одиме во болница, дека јас ќе се пораѓам. Да не ви објаснувам како се чувствував во тој момент, ништо не ми беше важно освен да се спаси моето дете. Крвавев, плачев, го држев стомакот и викав ”Да биде добро бебето”Пристигнавме во болницата, веднаш ме примија, ме ставија на ЦТГ, битно ми беше да ми кажат дали е живо бебето. Се слушаше срценцето, уф малку ми олесна, но што понатаму? Ме ставија на бокс да ме прегледаат вагинално. Докторката штом ме виде, рече мора итен царски, имаш абрупција на плацента. Се одвоила плацентата од ѕидот на матката, бебето почнало да не добива кислород, а јас внатрешно да крвавам. Страшно! Ме фати уште поголема паника.Ме качија веднаш во една соба пред салата да ме подготват, со мене беше и мојот сопруг. Двајцата сами, се погледнавме, сите таму непознати, јас ќе се пораѓам, тој сам, нема на кој да се јави да дојде барем да ни биде поддршка.Ги видов солзите и стравот во неговите очи, а тој мојата паника, но сепак бевме силни...

Ме однесоа во сала, беше премногу ладно, целата се тресев, сите зборуваа на словенечки, ништо не ги разбирав, битно ми беше бебето да е добро.Ме подготвија и ми посакаа добар сон. За кратко ги затворив очите, не знам што се случувало над мене, но кога ги отворив очите ми кажаа дека ќерка ми е добра, тешка беше само 1250 г и долга 38 сантиметри. Се роди во 28 недела и 6 дена. Другото бебенце го извадија починато. Веднаш од сала Миа ја ставија во инкубатор и ја однесоа на интензивна нега. Татко и го слушнал нејзиниот прв плач и ја бакнал по малото главче. Мене исто така ме однесоа на интензивна каде што и покрај анестезијата, смогнав сили да го дофатам телефонот и во 4 наутро да и се јавам на мојата мајка да и кажам дека има внука. И кажав само:Миа се роди, друго се ќе ти каже сопругот...и заспав...

Од тој ден па 2 месеци натаму Миа беше во инкубатор, ние во непознат град кој сега за нас е градот во  кој се роди нашата ќерка и кој ни буди и убави и тешки спомени кои таму ги поминавме тројцата.Моменти на неизвесност, тага, среќа, многу љубов која и ја дававме за да закрепне и да си одиме дома. Дома си дојдовме тројца, среќни што се заврши добро...

Го имам најпрекрасното за мене дете на цел свет, со очиња поточиња кое точно знае што сака, со прекрасна насмевка која секојдневно не освојува и не тера да одиме напред и да пробаме да го потиснеме целиот оној тежок период зад нас. Нормално никогаш нема да го заборавиме, но среќни сме што се испадна добро и што Миа е сега одлична....Таа е нашиот борец !

 

 

 

Рингераја и посакува среќно детство на Миа !

 

 

Сакате да ни ја испратите вашата приказна од породувањето?

Прочитајте како во статијата Породилни приказни.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Киретажа - значајна гинеколошка процедура
Киретажата претставува мала хируршка операција која се користи како за поставување на дијагноза од материјалот што се до...
5
Anushka: Мојата породилна приказна
Моментот кога јас се претворив во “ние”
4
mamicka77: Мојата породилна приказна
Моментот кога јас се претворив во “ние”
4
Fiao: Мојата породилна приказна
Моментот кога јас се претворив во “ние”
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?