Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
/11
Иако секоја жена има различно искуство, постојат општи насоки кои можат да помогнат процесот да помине полесно и побезбедно.
Првите 24 часа по породувањето
Во овој период жената е под медицински надзор преку кој се следат виталните функции и се контролира крварењето и болката.
Движењето на родилката е ограничено и треба и помош при првото станување бидејќи телото се опоравува од анестезијата.
Во првите 24 часа започнува и доењето ако е возможно со поддршка од медицинскиот персонал и да се најде удобна позиција.
Првите неколку дена
Движењето треба да биде контролирано преку кратки прошетки за подобра циркулација и избегнување нагли движења.
Раната од царскиот рез треба да се одржува чиста и сува и да се следи дали има појава од црвенило, болка или оток.
Болката и заморот се сосема нормални во овој период, а родилката треба да се придржува и кон препишаната терапија.
Првите 2-6 недели
Постепено се враќања рутината, па дозволени се лесни активности дома, а треба да се избегнува кревање тешко.
Носете удобна облека и користете перница при кашлање или смеење.
Во овој период нормални се емоционални промени и хормонални осцилации се нормали, па затоа има и потреба од одмор и поддршка.
Исхрана и хидратација
Воведете балансирана исхрана односно земајте повеќе протеини за заздравување и растителни влакна за подобра дигестија.
Внесувајте доволно течности. Тие помагаат во опоравувањето и доењето, а спречуваат и запек.
Кога да внимавате?
- зголемена болка или температура,
- необичен исцедок од раната,
- силно крварење.
Емоционално закрепнување
Прифатете го вашето искуство. Сте поминале низ вашата верзија на породување.
Побарајте помош од партнерот, семејството или пријателите. Создадете простор за одмор без чувство на вина.
Опоравувањето по царски рез не е трка, туку процес. Малите чекори секој ден водат кон поголема сила и стабилност. Најважно е да се слуша сопственото тело и да се даде време затоа што грижата за себе е дел од грижата за бебето.
6
5
5
4
забава Бремените
Автор: bobik
Како менструалниот циклус влијае на кожата и енергијата
Менструалниот циклус не влијае само на репродуктивното здравје. Тој им...
Кога да побарате медицинска проценка за плодност?
Кога се обидувате да забремените, трпението е важно, но има ситуации к...
AI4HerWellbeing е еднодневна работилница која ги поврзува вештачката и...
Улогата на блиските во финалната фаза од бременоста
Последните денови од бременоста се период исполнет со возбуда, исчекув...
Кофеин во други пијалоци и храна, колку е безбедно?
Кога се зборува за кофеин, најчесто се мисли на кафе, но тој се наоѓа ...