|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Ново на Рингераја – Детско катче на албански јазик

Редакција Рингераја, 15.7.2015
Проектот „Детско катче“ на албански јазик на интернет-страницата Рингераја.мк го овозможи Министерство за култура на Република Македонија, како проект од национален интерес во културата за 2015 година

image
/11


 

Интернет-страницата Рингераја.мк нуди важни совети за семејствата во Македонија и претставува прифатилиште и подадена рака за сите родители, независно од нивната верска и национална припадност. На Рингераја.мк отсекогаш сите сме биле обоени во една и единствена боја – љубовта кон нашите деца. Токму оттука потекнува и љубовта и почитта кон мајчиниот јазик и нудење на можноста секоја мајка да се едуцира и надградува на јазикот кој го научила од својата мајка. Кога една мајка го држи своето дете во прегратка, ние точно знаеме што вели нејзиното срце, независно дали ќе каже “të dua” или „те сакам“

Сакајќи да придонесе кон еднаквост, застапеност и интеграција во македонското општество на припадниците на националностите во Македонија, кон изградба на мултикултурно, мултиетничко и мултиконфесионално општество, авторот на Детското катче на албански јазик  Љуљета Адеми во соработка со редакцијата на Рингераја.мк  нуди промоција на албанските културни вредности на најпосетената и најголема семејна интернет-страница во Македонија. Детското катче на албански јазик им нуди на албанските дечиња можност за активно учење преку дидактички материјали. Ова катче на албански јазик нуди помош на албанските мајки да изградат квалитетна семејна заедница и да одгледаат здрави поколенија. Исто така, претставува траен запис на елементи од албанската култура, традиција, народни верувања и обичаи, детски песни и игри.

Категории во Детското катче на албански јазик

Детски песнички (Këngа për fëmijë) 

Опис: Песнички кои се учат во училиште и градинка, певливи народни детски песнички кои се пренесувале од колено на колено, со кои децата се успивале, први песнички кои децата ги пееле.

 

Народни приказни (Përralla  popullore)

Опис: Народни приказни кои на најдобар начин ги пренесуваат албанските традиции, албанската добрина и чест и албански приказни за добра ноќ, кои мајките им ги раскажувале на своите деца пред спиење.

 

Развојни игри (Lojëra për zhvillim)

Опис: Игри за моторен развој и развој на интелигенцијата. Игри со кои пораснале многуте поколенија албански дечиња.

 

Играме и пееме (Luajmë dhe këndojmë)

Опис: Песнички од Youtube на албански јазик од најпознатите албански детски фестивали и певливи песнички кои децата ќе ги потпевнуваат и на кои можат да играат.

 

Мали креативци (Kreativët e vegjël)

Опис: Катче за промовирање на креативноста на децата од албанската популација. Катче во кое ќе можат да се објавуваат ликовните и уметнички творби на младите таленти од албанската популација.

 

Традиција и култура (Tradita dhe kultura)

Опис: Традиција, обичаи, народни носии, ора, игри, песни. Место за промоција на албанските културни вредности, обележја, религија.

 

Совети за мајки (Këshilla për nënat)

 

Опис: Превод на статии за забременување, бременост, бебе, дете. Текстови кои имаат најголема посетеност на Рингераја.мк и текстови кои ќе и помогнат на мајката да се доизгради како личност и со самото тоа да придонесе во изградба на личноста на детето, во изградба на поздраво потомство, поздраво општество.

Проектот „Детско катче“ на албански јазик на интернет-страницата Рингераја.мк го овозможи Министерство за култура на Република Македонија, како проект од национален интерес во културата за 2015 година.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Контактирајте не
Сакате посебна понуда за огласување наменета за Вашата компанија, сакате да испратите текст за објавување до нашата Реда...
4
Рингераја - приказна за нашето семејство!
Рингераја е повеќе од медиум, Рингераја е пријател, Рингераја е советник, Рингераја е рамо за плачење, Рингераја е помош...
2
Соработка со Рингераја
Отворени сме за соработка, доколку сте заинтересирани Ве повикуваме да не исконтактирате.
2
Рингераја времеплов
По што ќе ја паметиме годината која изминува?
2




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?