|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Некои бактерии се хранат со антибиотици?

Редакција Рингераја, 29.10.2018
Антибиотиците можат да спасат илјадници животи на заболени од сериозни болести, како менингитис и пневмонија. Иако во повеќето случаи се ефикасни, научниците открија дека одредени бактерии не само што се отпорни на антибиотици туку и се хранат со нив

image
/11


Истражувањето е објавено во списанието „Nature chemical biology“, а резултатите од него би можеле да им помогнат на научниците со генска манипулација да создадат бактерии кои би „изеле“ тони антибиотици од индустрискиот отпад и сточарските фарми што ги загадуваат водните и земјените површини. 

„Пред десет години откривме бактерии кои можат да се хранат со антибиотици и бевме шокирани. Сега знаеме како тоа им успева и можеме да почнеме да размислуваме да ја искористиме таа нивна способност за да се справиме со штетите што во одредени случаи ги прават антибиотиците“, вели Гаутам Дантас, главниот автор на студијата и професор по имунологија на Медицинскиот факултет во Мисури.

Антибиотиците првпат биле откриени во дваесеттите години од минатиот век и оттогаш спасиле десетици милиони животи со „победата“ над бактериските инфекции како запаление на белите дробови, туберколоза и менингитис. 

Меѓутоа, со текот на времето бактериите научиле како да го возвратат ударот, градејќи отпорност на истите лекови што некогаш со сигурност ги уништувале. 

Поради ова, пеницилинот – изворниот и најупотребуваниот антибиотик – денес сè поретко се препишува.

Светската здравствена организација честопати предупредува дека светот ќе остане без ефикасни антибиотици. Минатата година таа ги повика владите и големите фармацевтски компании да се ангажираат на создавање нови генерации лекови за борба против суперотпорните бактерии.

Бактериите можат да стекнат отпорност кога пациентот нема да го заврши лекувањето докрај и така на „полумртвата“ бактерија ? се дава шанса да закрепне и да изгради имунитет.

Модерната индустрија и земјоделството го забрзаа порастот на отпорноста на антибиотиците, затрупувајќи ја околината со активни лекарства.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Жените го враќаат сексипилот 409 дена по п...
Во просек 409 дена се потребни за да можат жените после раѓањето да се чувствуваат посакувано и да ја вратат социјалната...
5
Децата мора да седат во скутот на Дедо Мраз?!
Ние не сме против децата да седат во скутот на Дедо Мраз или да добијат прегратка од него, ние сме против децата да бида...
3
Колку сте полоши со детето, полошо станува...
Рускиот психолог Јулија Гипенрејтер својот живот го посветила на проучување на односот помеѓу родителите и децата. Нејзи...
3
Балкански родителски лекции
Ако детето случајно падне, удри го за следниот пат да внимава?!
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?