Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
На сите вас кои не ја пропуштате можноста да и кажете дека не е добра мајка ...
Вие што не избирате зборови и ја обвинувате за сè ..
И вие, што превртувате очи кога нејзиното дете се однесува на начин што не ви одговара.
И настрана ја гледате во паркот затоа што дои во јавност, како не и е срам! А и ти што ја обвинуваш дека не дои, туку го извадила тоа „отровно“ шише млеко од нејзината торба.
Особено вие, кои без пардон и кажувате дека се здебелила и дека може малку да се среди. Сепак, многу време помина од породувањето. Или ако премногу е средена и ослабена и кажувате дека може да посвети малку повеќе време на детето, наместо да мисли само на себе.
И ти што пишуваш или зборуваш за тоа дека таа е виновна ако го кара или не го кара своето дете. Де е многу попустлива, де е многу строга.
Ти што се грижиш дека детето го облекла премногу или премалку, или детето и е пречисто или превалкано...
И сите вие кои мислите дека сте подобри, или би биле подобри, а никогаш не сте оделе во нејзините чевли.
Па дури и ти, која исто така си мајка, а мислиш дека си подобра од неа и си даваш себеси право тоа да и го плеснеш во лице...
И ти државо, која го убиваш достоинството на сите можни начини и уште и се потсмеваш со разни ветувања во кои никој веќе не верува.
И вие новинари кои пишувате и пласирате згодни јавни личности кои ден по породувањето се толку совршено исфотошопирани.
А да...и вие стручњаци кои ако сте имале и еден ден пракса знаете дека за родителството е најлесно да се зборува.
Дури и ти која случајно поминуваш и гледаш во нејзините подочници, коса, стомак.
Што ви е галје кога родила, колку деца родила, како ги родила и со кого ги родила...РОДИЛА!
Што ви е галје кој и го чува детето, дали денес испрала веш, дали испеглала и дали на детето му направила роденденска торта, или ја купила.
Можеби не знае да прави, можеби секој пат и гори кората за торта во рерна. Или можеби одлучила цел ден да го помине со детето.
Можеби детето прерано го пуштила во градинка, бидејќи се бори за опстанок.
А можеби навечер, кога ти не гледаш, ги пее најубавите приспивни песни, го гушка своето дете и го сака бескрајно, иако не е најдобра мајка според твојата лична проценка.
Носела во својата утроба еден нов живот, го донесла на свет и тука не е крајот. Баш од неа зависи во што ќе израсне нејзиното чедо. И баш од нејзината самодоверба зависи каков родител ќе биде.
Зошто тогаш ја убиваш во поим?
Ако му посакуваш добро на детето, направи и добро на мајката. Направи да биде горда и да верува во себе, бидејќи тоа ќе го пренесе и на детето.
Помогни и!
Лесно е...
Кога ќе ја сретнеш кажи и дека е убава и дека зрачи.
Кажи и дека добро се снаоѓа во родителството.
Пофали ја дека е прекрасна мајка. Прави го тоа секој ден.
И ќе видиш како ќе засјае. Бидејќи таа само тоа и го сака, да биде добра мајка, баш таква каква што е.
Со таква задоволна, среќна и горда мајка, детето ќе биде уште подобро.
Не и ги сечете крилата на мајката...така го убивате целиот свет. Дајте и крила да полета и да создаде некои нови луѓе, многу подобри од сите нас.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Правилна грижа за забите во училишна возраст
Стоматолошката грижа за децата на училишна возраст може да биде многу ...
Што да јадат децата за да имаат здрави заби?
Сите сме слушнале дека млекото гради силни коски. Но, дали знаевте дек...
Вештачката интелигенција ги управува апаратите во домот
Паметен дом (Smart Home) е концепт во кој сите главни апарати за домаќ...
Твори - Читај - Биди хуман - Проект на Софија Петковска
ТВОРИ – ЧИТАЈ – БИДИ ХУМАН е проект кој под водство на Софија Петков...
Дренвин - Извонреден природен помошник против целулитот
За Дренвин, имаме неколку анонимни изјави од луѓе кои го користеле про...
Бременост.
пеперутка16
Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?