|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Не ги заклучувајте децата во врел автомобил!

Редакција Рингераја, 17.7.2012
Здравиот разум ни говори да не го оставаме детето заклучено во автомобил на +30 степени Целзиусови, но се чини дека такви работи сепак се случуваат.Со оваа статија сакаме да ги потсетиме родителите што се случува со детскиот организам во такви услови

image
/11


 

 

Загревање на возилото

Прозорците на автомобилот ја пропуштаат сончевата радијација, односно загревање на предметите од сончевите зраци. Предната маска на автомобилот, воланот или седиштата можат да достигнат загреаност од 82 – 93 степени Целзиусови и да направат опекотини на кожата од детето.

Температурата на воздухот во автомобилот во само 60 минути ќе порасне за 10 степени повеќе од надворешната, па ако надвор  35 степени, во автомобилот ќе биде 45.

 

Хипертермиjа на детскиот организам

 Топлотниот удар е прва физичка реакција  на детето (и возрасните) кога загреаноста на телото ќе премине 40 степени Целзиусови и телото не може да ја регулира топлината по природен пат. Симптоми на топлотен удар се: вртоглавица, дезориентација, збунетост, вознемиреност, сува кожа, несвестица, забрзано чукање на срцето и халуцинации.

Високата температура  на телото предизвикува уништување на клетките  во организмот, па може да дојде до престанок на работата на виталните органи.

Терморегулаторниот состав во детскиот организам на малку поинаков начин  ја регулира температурата на телото отколку кај возрасните, па детскиот организам се загрева за 3-5 пати побрзо.

 

Сигурносни мерки

Никогаш не го оставајте детето заклучено во врел автомобил! Дури ни на една минута!

Заклучувајте го автомобилот дури и ако Ви е паркиран пред нос во дворот. Сокријте ги клучевите од автомобилот и научете ги децата да не си играат во или околу автомобилот!

 

Статистика

Во САД секоја година умираат дури 40 деца оставени во автомобил, кој за неколку минути се претвора во фурна.

Дехидрација на организмот, кај малите деца оставени во автомобил, настапува по 10-15 минути на температура повисока од 35 степени Целзиусови зависно од претходната состојба на детето и од тоа колку течности добивало и во други ситуации кога било изложено на висока температура.

 

 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Колку сте полоши со детето, полошо станува...
Рускиот психолог Јулија Гипенрејтер својот живот го посветила на проучување на односот помеѓу родителите и децата. Нејзи...
4
Објавена програмата на „После часови“!
Ако се уште не сте слушнале за „После часови“, драго ни е да бидеме први да ви пренесемеедна супер вест!
4
Игри за дискалкулија - проблеми со математика
Игри за усвојување на поимите парни и непарни броеви до 10, за дома и во училиште –Изработил - Мр. Логопед, Дипломи...
4
Избираме најубава творба: Ели Јошеска
Уметничка творба на тема Правата на детето по повод одбележувањето на Детската недела ни испрати учителката на Ели Јошес...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?