|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Научете ги децата на добри манири

Редакција Рингераја, 28.10.2014
Добрите манири, или нивното отсуство е првото нешто што другите луѓе го забележуваат кај нас. Никој не сака да биде во друштво на невоспитани лица, а тоа се однесува како на возрасните, така и на невоспитаните деца

image
/11


 

Американскиот магазин “Parents magazine” состави листа од 25 правила кои секое дете би требало да ги совлада до својата деветта година. Секако, децата можат и мораат да се научат на добри манири и порано.  Овие правила служат токму за тоа: од децата на направат луѓе кои со почит се однесуваат кон другите, а истовремено добро владеат и со себе.

# 1

Кога нешто бараш речи “Молам!”

# 2

Кога нешто примаш речи “Фала!”

# 3

Не ги прекинувај возрасните додека разговараат, освен ако не е нешто многу итно.

# 4

Ако сакаш да добиеш внимание веднаш, најпристоен начин за да започнеш разговор е “Извинете”

 # 5

Доколку имаш сомнеж во врска со нешто што сакаш да го направиш, прво побарај одобрение.

# 6

Она што не ти се допаѓа задржи го за себе, или за своите пријатели.

# 7

Не ги коментирај туѓите физички карактеристики, освен ако не сакаш да ги пофалиш. Комплиментот е секогаш добредојден.

# 8

Кога некој ќе те праша како си, одговори му и возврати со прашање.

# 9

Кога си кај пријатели дома, не заборавај да им се заблагодариш на нивните родители што те примиле и почестиле.

# 10

Пред да влезеш некаде, тропни на вратата и почекај да одговорат.

# 11

Кога телефонираш, прво претстави се и прашај дали можеш да разговараш со личноста која си ја побарал.

# 12

Заблагодари се за секој подарок кој ќе го добиеш.

# 13

Не зборуваш безобразно пред возрасни. Тие веќе ги знаат сите неубави зборови и ги сметаат за досадни и непријатни.

# 14

Не ги нарекувај другите со погрдни имиња.

# 15

Не ги исмејувај другите. Со тоа покажуваш дека си груб и слаб.

# 16

Ако претставата или концертот ти се досадни – не го покажувај тоа. Изведувачите даваат се од себе.

# 17

Ако случајно се удриш во некого, веднаш кажи “Извинете!”

# 18

Кога кашлаш или киваш покриј ја устата. И не чепкај го носот во јавност.

# 19

Кога поминуваш низ врата обрни внимание дали можеби треба да ја задржиш, за да помине уште некој.

# 20

Доколку го видиш родителот, наставникот или комшијата дека работи нешто, прашај дали можеш да помогнеш.

# 21

Кога возрасните ќе те замолат да направиш нешто, направи го тоа без негодување.

# 22

Кога некој ќе ти помогне кажи “Благодарам”. Таа личност може да ти помогне повторно. Ова особено важи за наставниците.

# 23

Приборот за јадење користи го правилно. Ако не си сигурен како, почекај да ти покажат родителите, или гледај како прават тие.

# 24

Додека јадеш имај до себе салфетка за да можеш да ја избришеш устата.

# 25

Не се протегнувај преку масата за да земеш храна. Замоли да ти ја дадат.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

И Хари Потер носи наочари...
Излегувате од лекарскиот кабинет, заедно со своето дете и се чувствувате многу збунети. Очниот лекар даде категорично ми...
4
Афазии: Губење на говорот кај деца заради ...
Афазија претставува губиток или пореметување на јазичните функции, а до тоа доаѓа поради повреди на главата при сообраќа...
4
Амбициозните родители влијаат негативно на...
Сите родители го сакаат најдоброто за своите деца, но некои родители претеруваат со амбиции и ги претвораат децата во ал...
3
16 работи кои не треба да ги кажуваме на д...
Некои од фразите - позитивни или повеќе негативни, кои ги користите во воспитувањето на своите деца, можат да имаат долг...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?