|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Орската традиција во Македонија е специфична според корегорафијата и ритмиката, а нејзиниот репретоар е разновиден.

image
/11


Орската традиција во Македонија е специфична според  корегорафијата и ритмиката, а нејзиниот репретоар е разновиден, именуван според местото каде се практикува (на пр. Драчевка, Малешевка, Охридско оро и сл.), според разните занаетчии од кои најпрво се практикувале (Калајџиско, Касапско, Овчарско), според лични имиња (Баба Ѓурѓа, Осман Паша), според најприсутниот инструмент кој придружува (Гајдарско), според карактерот на играњето (Тешкото, Ситната, Кривото), според составот на играчите (Машкото, Женското чамче), според одредени движења при работа (Жетварско, Косачка, Копачка), и особено според одредени обреди и празнувања ( Валигденско, Невестинско, Зетовско).

Ората се придружуват со инструменти од кои најприсутни се: гајдите, кавалите, зурлите, тапаните. Најмногу се играат за верските празници и за свадбите. Обично се изведуваат колективно за сите – на средсело, пред црква и сл., а на свадбите – пред куќите. Основната форма на орото е поврзување на играорците во низа (синџир), во отворен круг и најчесто со движење  на десно, спротивно од движењето на стрелките на часовникот.

Македонските ора имаат најразлични движења на фигурите на играорците: вртежи со клекнувања, преплетување на нозете, нагласени и лизгави покрети, играње на колена и др. Ората најчесто имаат побрзи и поспори делови. 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Ало, амбуланта
Песнички за најмалите
3
Учиме да цртаме: Бебе
Научи како да нацрташ бебе
3
Грб на Македонија
Национални обележја
3
Малите рачиња играат и плескаат
Детско катче
2




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?