|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Начини како да ја вратите интимноста

Редакција Рингераја, 4.5.2010
Често, новите родители мораат да се трудат многу за да воспостават повторно физичка и емотивна близина, која ја имале пред раѓање на детето.

image
/11


Често, новите родители мора да се трудат многу за да воспостават повторно физичка и емотивна близина, која ја имале пред раѓање на детето. Заморот, обврските и грижите се непријатели на еротските желби. Но, вистинските проблеми допрва стигнуваат, доколку им се препуштите на навиките.

Разговарајте

Зборот е идеално средство за комуникација, со кое може да се опише состојбата на духот и емоциите. Разговарaјте за себе, за него, за некои нови искуства, за своето тело кое уште еднаш го менува својот облик. Сето тоа придонесува за зајакнување на врската и помага парот повторно да се пронајде.


Милувајте се

Милувањето го стимулира хормонот ендорфин, важен за здравјето, кој опушта, шири низ телото пријатно чувство и го подготвува за интимност. Милувањето не мора секогаш да заврши со секс, милување на голото тело на партнерот, мазење и повторно откривање на сопственоста (женственост и машкост), помага на парот да се чувствува соединето.


Бакнувајте се

Усните се едни од првите и најважни ерогени зони од нашето тело. Од почеток на животот поврзани се со здрави чувства на задоволство. Бакнување на останатите делови од телото претставува чин на соединување и отворање на чувствата.


Гушкајте се

Гестот на поддршка и наклонетост му помага на парот да биде  заедно и во анвантурата, наречена родителство. Гушкањето е гест на љубов и заштита, кое го приближува мажот до жената. Во прво време, по раѓање на детето, може да се случи мажот, женското тело да го поврзе со слика на мајка која дои, а не со слика на саканата партнерка.


Изненадувајте

По породување, жената се соживува во улогата на мајка и несвесно на некој начин, го запоставува својот маж. Може да биде и тешко, но со малку фантазија може да ви биде едноставно и забавно. Изненадете го партнерот (кој сигурно тоа не го очекува) со некоја романтична вечера или посебен, мал подарок.


Предизвикувајте

Стимулирајќи го еротскиот апетит на партнерот, со тоа ја зацврстувате интимноста меѓу вас. Откривајте нови работи кои му се допаѓаат на партнерот и кои го возбудуваат, па така и однесувајте се.


Бидете креативни

Секој ден креирајте интересни ситуации, како на пр. подгответе му полна када со миризлива купка, или пуштете музика која ве опушта и двајцата, масирајте се.....


Слушајте

Подарете внимание на зборовите на партнерот кои искажуваат радост, страв, ентузијазам, но во исто време и несигурност. Тоа покажува љубов и заинтересираност, грижа и за партнерот, што е неопходно за живот во пар. Секогаш е важно да се најде малку време да го сослушате другиот, тоа ни гарантира и една смирувачка врска со детето.


Бидете трпеливи

Не ја губете главата. По првите моменти на еуфорија, новите родители минуваат низ голем притисок, при што новата мајка е уморна, а новиот татко искажува незадоволство. Тогаш, треба ведро да се соочите со околностите, да се покажете толерантни и да бидете свесни дека се работи само за моменти.


Смејте се

Заедничките шеги ја зајакнуваат врската. Шегувајте се на своја сметка, бидејќи хуморот е еден од најомилените и најбарани карактеристики кај партнерот. Смеењето носи добра волја и здравје.


Негувајте се

Немојте да го запоставите сопствениот изглед, бидејќи ако не се чувствувате добро во сопственото тело, тоа ќе придонесе за сексуален притисок. Потрудете се да си посветите малку време (и пари) и грижа за себе, бидејќи по породувањето, вербата на новите мајки во сопствената заводливост е загрозена. Всушност многу малку е потребно... нова фризура, нов парфем или ново парче облека, посета на аеробик...И верувајте, ќе се чувствувате подобро.


Инвестирајте

Повикајте дадилка. Не дозволувајте да ве преплаши уморот и на тој начин да потиснете некои свои навики. Многу е важно да пронајдете личност на која ќе и верувате и спокојно ќе можете со сопругот да излезете, неоптеретувајќи се со грижа за детето.


Пронајдете време

Подарете си време сами на себе. По породувањето, новата мајка ризикува да се преокупира со детето и да изгуби секаков контакт со надворешниот свет. И понатаму негувајте ги пријателствата и немојте да одбивате групни излегувања и на тој начин да ја изгубите врската со надворешниот свет.


Разбирање

Потребно е да се задоволат како потребите на новата мајка, така и потребите на новиот татко. Жената се наоѓа во многу деликатна состојба. Сите очекуваат од неа сама да се снајде, а во исто време мажот има потреба да се чувствува сеуште важен за неа. Потребно е да се покаже дека едниот ги почитува потрeбите на другиот и обратно.


Заведувајте

Да го заведете партнерот не е лесно, посебно ако главата ви е полна со грижи. Освен вообичаената долна секси облека, вреди да се освои партнерот и со карактер, потребно е да се биде витален, оптимистичен, да се има позитивен став. Тоа привлекува повеќе и од градник или провидна кошула.


Играјте

Вратете се во детството и повторно пронајдете задоволство во игрите за двајца. На пр. колку долго не сте правеле гримаси? Треба да ја задоволите желбата за опуштање, малку да се посветите на љубовните разговори, љубовните борби...

Потрудете се да бидете интересни во очите на својот партнер, зошто тоа придонесува за добри односи во заедницата.

Учествувајте

Честа ситуација е новите мајки да се чувствуваат исклучено. За да се одбегне тоа, барајте од партнерот одредени активности да правите заедно, вклучувајќи го и во активностите околу бебето. Така и двајцата остварувате континуиран однос со детето.


Планирајте

Испланирајте заедно романтичен викенд, опуштете се и мислете на иднината на вашето семејство. Размислувајте каде и како би сакале да живеете, како би било да имате уште деца, за промена на работата. Разговарајте за се со својот партнер.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Што да јадат децата за да имаат здрави заби?
Сите сме слушнале дека млекото гради силни коски. Но, дали знаевте дека вашата севкупна исхрана придонесува за вашето ор...
4
Совети за плетење на козињак
Ви ги откриваме триковите на најголемите мајстори во кујната
4
Нова епизода на „Кој кого расте“: Тешки вр...
Телевизиска емисија наменета за родители „Кој кого расте“ чии водителе Зорица Црношија во недела на 31.03.2013 во 10.20 ...
3
Нова епизода на „Кој кого расте“
Недела на 26.05.2013 во 10.20 часот повторно на Телма телевизија, следете ја новата епизода на тема: Деца и миленичиња
3




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?