|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

На кафе кај Верица Митева

Марина Кљајиќ Петковски, 1.12.2021
„Во војната и љубовта" е романот кој го освои првото место на годинешниот "Избор на книга на годината" во категорија „Домашни автори“. Тој е втор роман од авторката Верица Митева

image
/11


Верица Митева е родена на 27.01.1988, живее во Струмица, работи како сметководител,креатор е на страница на Facebook – Кул е да читаш.

Во слободно време чита и пишува.

На наше огромно задоволство, Верица ја прифати нашата покана за виртуелна кафе дружба.

Добредојде Верица и честитки за наградата.

За почеток, би те навратила на твоите почетоци. Кога ја откри љубовта кон пишувањето?

 

Верица: Од многу мала. Тетка ми имаше од оние комплети книги со тврди корици и многу детска литература и секогаш ми даваше да читам. Не беше прва книга, но една од оние книги кои најмногу ме навлекоа на читање беше Сибирка од Лидија Чарска. Се сеќавам дека толку ја сакав книгата што ја читав неколку пати.

Рингераја: Имаш ли учества на литературни конкурси, освоени награди, објавени други дела освен двете книги?

Верица: Не. Немам објавено други дела освен двете книги. Како мала често знаев да пишувам, најчесто песни и понекоја приказна за деца, но не сум учествувала на конкурси надвор од училиштето.

Рингераја: „Нечесна игра" е твој дебитантски роман. Кога започна со пишување и како сфати дека тука "лежи" книга?

Колку време беше потребно за да ја напишеш? Што те инспирираше за истата?

Верица: Мислам дека беше 2016-та година кога решив да се обидам да напишам нешто поголемо од расказ. Почнав со пишување без план и тоа заврши недовршено со напишани 30-на страници. Мислам дека можеби половина година си стоеше така без да го погледнам. По некое време се вратив на напишаното, овојпат со однапред подготвен план за секое сценарио и на крај ја завршив истата. Со оглед на паузите во пишувањето не би можела да кажам точно колку време ми беше потребно да ја завршам.

Морам да нагласам дека додека пишував воопшто не го правев тоа со намера да ја издавам книгата туку тоа беше само еден предизвик за мене. Во меѓувреме случајно го забележав отворениот оглас на Сакам книги и иако тогаш книгата не ми беше целосно обработена решив да ја испратам и сега искрено се радувам што го направив тоа бидејќи големо е задоволството да ја држиш сопствената книга во раце.

 

1

 

Рингераја: Твојот втор роман „Во војната и љубовта" освои прво место на годинешниот "Избор на книга на годината" во категорија „Домашни автори“. Искрени честитки! Сигурно чувството е неописливо.

Кажи ни нешто повеќе околу книгата, инспирацијата за неа, времето на пишување...

Верица: Благодарам. Кога веќе еднаш ќе си го пробиеш патот кон она што го сакаш мислам дека нема сила која може да те натера да застанеш. Чувството дека твојата книга е прифатена и читана е најголема награда за секој автор и мене искрено најмногу ми значи што овие награди се доделуваат токму врз основа на гласот на читателите.

Книгата е романтична комедија исто како првата. Ја пишував можеби година време со оглед на тоа дека имам и други обврски. Во неа сакав на забавен и комичен начин да прикажам како запоставувањето на себеси и угодувањето на другите никогаш не не’ води кон позитивни промени. Само тогаш кога ќе се одлучиме да си угодуваме само себеси и ќе поставиме јасни граници во односите со другите нашиот живот тргнува во правец кој е позитивен за нас.

Рингераја: Твоите дела се издадени од страна на издавачката куќа Сакам книги. Кажи ни како се случи оваа соработка?

Верица: Соработката се случи неочекувано бидејќи искрено не се надевав дека мојата книга ќе помине со оглед на тоа дека имав уште работа на неа, но кога ми вратија дека влегла во потесен избор и кога сфатив дека веројатноста она што го сакам најмногу да ми се исполни е голема активно се „фрлив“ на работа и пак ќе повторам, се радувам што го направив тоа.

Рингераја: Членуваш во читателски групи на социјалните мрежи. Какво мислење имаш за македонците како читатели?

Како автор и како читател, каква е твојата слика за македонските автори?

Верица: И како автор, а уште повеќе како читател ме радува фактот што македонските автори се читаат се’ повеќе. Јас лично почнав да читам повеќе и да давам шанса на нови автори, а многу радува и фактот дека и нашите издавачки куќи почнаа да даваат шанси на нашите автори бидејќи навистина имаме квалитетни автори и мислам дека и читателите го препознаваат тоа.

Рингераја: Каква литература читаш ? Кој е твој омилен жанр? Кој автор те инспирира? 

Верица: Читам се’, а каква литература ќе читам во одреден момент зависи и од времето кое го имам на располагање. Можеби драмите се она што најмногу ми лежи иако не можам да одвојам еден единствен жанр кој би кажала дека ми е омилен. Ме инспирира буквално се’ што ќе прочитам. Понекогаш се фаќам себеси како од една реченица во главата почнувам да правам цело сценарио и размислувам дали би можела тоа да го земам како основа за некоја моја следна книга.

Рингераја: Читаш ли македонски автори? Кои меѓу нив би ги издвоила?

Верица: Читам. Еве од помладите генерации наши автори би ја издвоила Ксенија Николова, Вера Калин, во моментов за првпат го читам Анде Јанков и ми се допаѓа и многу други, а верувам и во иднина ќе читаме уште многу добри книги од наши автори.

Рингераја: Ни подготвуваш ли нешто ново?

Верица: Се разбира. И овојпат одам во сосема различен правец од претходните две книги, но нема да откривам ништо додека не дојде време за тоа.

Со нетрпение го очекувавме новото дело на Верица. Благодариме за издвоеното време и и посакуваме уште многу успеси.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Највисоко ниво на хигиена за вашето семејс...
Пролетта редовно ја дочекуваме со планови, меѓу другото, за генерално чистење на домот со кое дефинитивно ќе и кажеме зб...
9
Мојата свадба - emce kremce
Од овој ден ти си ми единствена,и погледни - на дланка си ми пишана ко златна до срце линија засекогаш крај мене, најмил...
4
Поддржуваме мали бизниси: Дора Мода
Еден Инстаграм профил го привлече нашето внимание. Станува збор за doramodahandmade и нејзините хеклани приказни
3
Создадете подобар живот
Својот живот го заробувате во негативни мисли и енергија ако го трошите на она лошо што може или би можело да се ...
2




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?