|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

На кафе кај Stardust Kejt ракотворби

Марина Кљајиќ Петковски, 4.12.2022
Еден особено интересен профил на Инстаграм е Stardust Kejt ракотворби. Неговата креаторка, 34 годишната Катерина Јовановска, ја прифати поканата и ни одговори на неколку прашања

image
/11


 

Иако при средно образование се насочила кон економијата, продолжила на факултетот Блаже Конески отсек Италијански јазик и книжевност, а потоа завршила три годишен курс за сликарство и цртање при Работнички Универзитет Кочо Рацин - Скопје.

"Интересен факт поврзан со вишото образование е дека целта беше доближување до големите гиганти во уметноста, спознавање со големите умови и творци од минатото со цел нивно влијание врз ракотворбите и создавањето кои од секогаш биле моја цел и идеја за реализација, репер за уметноста воопшто. Она што сакам да кажам е дека италијанскиот јазик конкретно го одбрав како мое вишо образование со цел и идеја за чекор поблиску до државата која е синоним за уметноста воопшто." - вели Катерина. 

Рингераја: Од кога се разбуди креативноста во вас? Што беше пресудно за да започнете со оваа работа? 

Катерина: Можам да кажам дека креативноста од секогаш била дел од мене и уште во најрана возраст почна да се буди и да излегува од мене. Најпрво, се разбуди талентот за цртање уште во основно училиште, па од тука натаму креативноста беше присутна на секое поле во мојот живот како начин на изразување каде се поради сплет на околности и турбуленции во животот каде одреден период уметноста беше на стенд бај, и некако креативноста како полека да стивна, за тоа некоја следна прилика. Па, од тука, часовите во Кочо Рацин во суштина беа дел од почетокот на враќање кон креативноста и уметноста воопшто како начин и стил на живот. Во моментот најбрз и наједноставен начин, покрај цртањето, да се создава односно да се креира нешто и да се ракотвори, за мене е изработката на накит од полимерна глина и смола и монистри каде креативноста нема граници. Тригер кој ме натера да започнам поинтензивно и јавно да го изразувам талентот и креативноста беше едноставно желбата која долго време тлееше во мене и некако креативноста како да бараше своја намена и место каде што ќе може да се пласира и да се покаже и на пошироката јавност. Едноставно, да излезе на виделина. Па така, користејќи ги социјалните мрежи каде започнав да ги објавувам ракотворбите кој за кратко време се пробија и навистина добија позитивен фидбек кој и те како ме мотивираа и ми даде елан за уште повеќе убавини да следат. Можам да кажам дека од уметност би сакала да создавам и да пробам да се изразувам на секој можен начин и стил бидејќи сакам да менувам и да истражувам нови правци и да се соочувам со нови предизвици, но се во свое време. Ова е само еден мал почеток на реализација на еден куп идеи.

 

4

Сега засега фокусирана сум на ракотворби кои во моментов се мое хоби, па оттука би можела да преминам и во занаетчиски води кои ми се предизвик и кои сметам дека се синоним за мене и мојата фамилија. Би сакала да додадам дека верувам дека креативноста е дел од секој еден од нас и доколку секој би ја користел таа креативна моќ и енергија која има тенденција да расте и да се зголемува, и би создавал макар и за себе, не мора да е тоа некој вид на бизнис, нека е и хоби, едноставно верувам дека би бил посреќен и позадоволен од себе и со тоа би зрачел повеќе среќа и радост и би привлекувал убави нешта. Едноставно сметам дека креативноста треба да се врати и да стане повторно наш животен стил и дел од секојдневието со цел да се запознаеме себеси до највисоко ниво на достигнување, да се просветлиме и едноставно да ја исполниме својата цел на ова парче земја. 

 

2

Рингераја: Какви изработки има во вашиот асортиман?

Катерина: Во мојот асортиман во моментов има повеќе изработки од полимерна глина, но исто така изработувам и накит од монистри и жица, и епоксидна смола и во моментов почнувам да изработувам и даски за сервирање со епоксидна смола. Исто така има и цртежи од различни техники. Фокусот повеќе го држам во моментов на полимерната глина која мислам дека има потенцијал и можност да колку повеќе се навлегува во создавање дела од неа толку повеќе да има простор за креативноста да се изрази. 

Рингераја: Дали процесот на изработка ви претставува секогаш уживање или тоа зависи од предизвикот кој е пред вас?

Катерина:До сега, фала богу, секогаш било тоа за мене одлично бегство од реалноста. Каков и да е предизвикот секогаш со задоволство го прифаќам и тука можам да кажам дека колку е потежок толку повеќе уживам додека се обидувам да го направам и тоа за мене е вистински предизвик и уживање. 

Рингераја: Колку време е потребно за да се изработи едно парче накит? 

Катерина: Зависи од крајната цел односно идеја. Некогаш знам на еден пар обетки или ланче да работам со саати, доколку работам со смола и со денови.

 

3

Рингераја: Од каде црпите инспирација? 

Катерина: Инспирација црпам насекаде околу мене. Од природата, од секојдневието, едноставно еден збор во комуникацијата може во мене да поттикне или да разбуди некоја идеја за цела една колекција. Буквално се околу мене, формата или бојата на лисјата, облаците, морето, стилот на некоја личност, бојата на очите, .... се.

Рингераја: Каде е вашето катче за работа и на кој начин стигнувате до потрошувачите? 

Катерина: Моето катче за работа е насекаде околу домот. Често низ дома знаат да ми речат на смеа : 'низ цела куќа имаме монистри од накитот што го прави мама ', дури и мојот пет годишен син кога ќе ми најде репроматеријал од изработките ми доаѓа радосен дека ми нашол делче.

До потрошувачите во моментов стигнам онлајн и со учество на некои од актуелните базари кои ги има низ градот (Скопје). 

Рингераја: Какво е чувството кога ќе добиете позитивен фидбек од потрошувачите?

Катерина: Чувството е прекрасно кога се она во кое верувате некој едноставно со еден пофален збор ќе го оправда и сето за кое се залагате едноставно добива вредност и смисла. Си наоѓа своја примена и онаму каде што треба. Јас можам единствено да кажам онормно Благодарам на сите оние несебични луѓе кои даваат пофални зборови не само на мене туку на се она што е убаво околу нас и што вреди. Благодарение на тие коментари сите ние црпиме сила и енергија да продолжиме напред. И лично би сакала да се заблагодарам на несебичната поддршка на оние кои неуморно ме поддржуваат во она што го работам, а огромна чест и задоволство ми претставува кога сосема некој што не го познавам ќе застане и ќе ги пофали ракотворбите кои ги создавам. Дури и ми се има случено неколку пати кога одам и носам свои ракотворби да ме застане некој и да ме праша од каде ми се обетките и да ги пофали. Тоа е таа несебичност и добрина која верувам дека треба да постои кај сите нас.

И' благодариме за издвоеното време на Катерина.

Не заборавајте да го поддржите нејзиниот мал бизнис! 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

15 DIY Велигденски изработки
Во пресрет на Велигден, еве неколку идеи кои ќе ви послужат за да поминете креативно време со вашите деца. Тоа вклучува ...
4
Колку вреди Вашата избраничка? Пресметајте!
Ако некогаш сте се запрашале колку навистина вреди Вашата сопруга/девојка сега имате можност да го пресметате тоа
3
Неколку факти за Венеција
Интересни факти за Венеција, кои не сте ги знаеле
3
Како да се справите со љубопитните колеги?
Бројните часови минати на работното место неминовно овозможуваат зближување со колегите. Сепак, не секој колега е скроен...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?