|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

На кафе кај Милена Лунеска

Марина Кљајиќ Петковски, 19.12.2021
Милена за себе вели дека е пред се мајка, сопруга, па потоа економист и писател. "Годините, а и животот, ме оформиле како зрела личност со развиена свест и совест. Обичен човек со многу желби, соништа, но и со инстинкт за осознаена реалност!"

image
/11


Рингераја: Почитувана Милена, Ви благодарам за прифатената покана и издвоеното време. 

Милена: Најпрво огромна благодарност на Вас, Марина и на целата екипа од Рингераја за укажаната чест да ме поканите  за  интервју и вниманието кон мене.

Рингераја: Досега имате издадено четири романи. Како се роди идејата за пишување и како дојде до тоа таа да прерасне во роман, па во друг итн...?

Милена: Најновиот роман ДОБРО УТРО, ЉУБОВ!  е моја четврта издадена книга!

Желбата за читање книги уште во раното детство  ми овозможи во средношколските години да бидам богата со зборови, да умеам  убаво да се изразувам и лесно со убави реченици да отварам "железни врати". Високите оценки по сите предмети на училиште, како и од  секојдневието и од младоста, ме насочуваа кон книжевноста и писателските води, но за жал тоа не се случи...заминав во економијата. Но, тој прикриен порив, стремеж за пишување  не исчезна и после многу години (2012г) излезе на површина  и помогнат со сите мои  емоции, започна да се остварува.

Рингераја: Што е она што ве инспирира и кои теми ги опфаќате во вашите романи? За која читателска публика се наменети?

Милена: Темите во романите се животни, судбински, реални но не се вистинити!

Додека пишувам се трудам  со своето срце  да ги спојам  мислите и зборовите! Колку е поубав, колку е поцврст тој спој толку ќе  биде и книгата поубава! А ако се надгради и со добронамерните критики и сугестии за претходните книги верувам дека и без маркетинг, романот ќе си пронајде многубројни читатели.

Рингераја: Досега сте оствариле соработка со разни издавачи. Колку тој дел претставува предизвик во самиот процес на издавање на книга?

 

milena

 

Милена: Соработував со три издавачки куќи, а бидејќи сум во очекување на уште една нова книга, сигурно ќе бидат четири. Работата во приватниот бизнис во кој бев преку 23г. ме научи да чекорам полека низ животот и внимателно да собирам знаење. Само низ животна практика може да се стекне искуство. Да напишеш книга е едно, а да издадеш книга за издавачка куќа е сосем друго! Договори, преговори, маркетинг, продажба и и други попратни работи, не се учат преку ден и не од една издавачка куќа, нарочито ако доаѓаш од мал град. Искуствата се различни но, морам да кажам и позитивни, затоа што се среќаваш со луѓе  од кои можеш да научиш многу! Убаво е што имаме повеќе издавачки куќи  кои даваат можност, отвораат врати  за нас македонските автори!  

Рингераја: Имате ли некој омилен меѓу вашите романи? 

Милена: Не можам да издвојам ни еден, сите романи ми се омилени. Мои се, ха, ха! Секоја книга сум ја пишувала со љубов, пристрасна сум за секоја тема, за ликовите, за времето кога се создавала, издала, а  и за радоста кога  ќе сум ја видела на полиците во некоја книжарница или во рацете на некој читател! Можам да  зборувам  само за писателскиот напредок  во секој нов роман.

Рингераја: Во моментов работите на нешто ново?

Милена: Новата книга излезе пред нецели два месеца, а нагласив дека очекувам и нова книга, но овој пат книга со песни.

Иако  мислев дека тоа е доволно за  пауза, за еден убав одмор од пишување, се излажав! Се роди нова тема,нова приказна! Уште еден творечки предизвик е на повидок.

Рингераја: Се среќаваат ли на полиците на градските библиотеки примероци од истите? 

Милена: Да бидам искрена, премногу сум среќна што моите книги ги има на полиците во  многу библиотеките и на полиците во многу книжарници. Признавам, горда сум, а и радосна кога ќе прочитам и искрени коментари, прекрасна, ненаметната  рецензија од непознат читател.

Рингераја: Каква литература читате? Кој ви е омилен жанр? Кој автор ве инспирира? 

Милена: Во минатото повеќе читав, бидејќи бев само читател. И денес кога сум читател и писател читам, но литература со поразличен жанр од моите дела.  А кога пишувам книга, не читам ништо. Не сакам (и несвесно) да ми се провлече туѓа реченица во мојот текст. Ако веќе имам дарба за пишување, создавање, треба ги изгребам сите емоции од душата, да ги стопам во своите мисли, а тие пак да ги пронајдат најсоодветните зборови што  ќе се нанижат во убави  реченици. Само така, можам да создадам  творечко дело врз кое ќе го  ставам мојот потпис. Класиците се моја основа, а Емил Зола, Лајош Зилахи се уште ми се најомилени писатели!

Рингераја: Каква е сликата која ја имате за македонците како читатели? 

Милена: Мислам дека  не само што расте бројот на  македонски читатели туку и се повеќе се избиструва нивниот читателски вкус! Се следи што е  актуелно како во светот така и кај нас! Сликата на македонскиот читател би била уште поубава кога младите повеќе би читале книги!

Рингераја: Читате ли македонски автори? Кои меѓу нив би ги издвоиле?

Милена: Во мојата библиотека има најмногу книги од македонски автори! Книгите од нашите познати, реномирани писатели, одамна се купени и прочитани па стојат на посебни полици. Сега правам место за книгите од македонски автори од поново време. Не купувам по  препорака туку лично си ги одбирам. А имаме навистина  прекрасни писатели и преубави книги, па затоа не би било праведно јас како автор да издвојам некого посебно.

Рингераја: Се гледате ли себе како автор на книги за деца или ќе се задржите на романите за возрасни? 

Милена: Покрај прозата, јас пишувам и песни, но за возрасни. За деца имам напишано една детска бајка и ништо повеќе. Мислам дека е потешко да се  пишува за деца, што не значи дека во иднина нема да напишам и книга за деца. Како баба на (засега) две внучиња добро сум навлезна во детскиот свет.

Рингераја: Живееме во време на пандемија, која на сите, на еден или друг начин, ни ги измени животите . Како на вас влијае истата?

Милена: Во ова лошо време, време на пандемијата многу непредвидени работи ни се случија. Бевме посериозно болни со сопругот од ковид 19,оневозможено ни беше патувањето и средбата со синот, кој живее во Њујорк, а исто така ни  се променија многу планови! За среќа се помина добро,семејството ни е целокупно и можеме повторно да одиме напред, со убави мисли и убави желби! Во тој лош период се роди песната - Виножито!

Рингераја: Што би им порачале на читателите на Рингераја?

Милена: На вашите читатели би им препрачала да бидат истрајни борци  во борбата за своите соништа. Да бидат позитивни, да имаат повеќе време за семејството и за искрените пријатели. И секако, уште повеќе  да читаат книги од македонски автори.

Уште еднаш благодарам за издвоеното време.

Ви посакувам успеси на сите полиња и уште многу издадени книги и многу тиражи. 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Највисоко ниво на хигиена за вашето семејс...
Пролетта редовно ја дочекуваме со планови, меѓу другото, за генерално чистење на домот со кое дефинитивно ќе и кажеме зб...
10
Северина во секси издание во спотот за Ита...
Северина е Thelma, а Ана е Louis во спотот за песната Италиана. За разлика од нив, тие нема да завршат во провалија туку...
4
Идеи за фризури за долга коса
Немате идеја што да правите со Вашата долга коса? Чест проблем на многу жени!
4
Разговараме со нутриционист Ирина Георгиева
Дебелината е еден од почестите проблеми со кои се соочуваме. Таа сама по себе е непријатна, а не ретко повлекува сериозн...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?