|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

На кафе кај Марија Симоноска - Ковчеже отворено со стих

Марина Кљајиќ Петковски, 22.6.2022
Денешно друштво за кафе - муабет ни е прилепчанката Марија Симоноска, авторка на книгата поезија Ковчеже отворено со стих

image
/11


 

На прашањето која е Марија, таа вели: ”Живеам и работам во мојот роден град кој многу го сакам. Малку ми е несекојдневно и тешко да зборувам за себе. Јас сум сопруга и мајка на две деца, тие ми се светлоста на патот. Сум личност која што сака светот да го види во едно поинакво, подобро светло. Секогаш верувам во доброто и поубавото и ќе верувам во ова. Сакам убави нешта, се радувам на мали работи и ме прави среќна кога гледам насмеани лица и кога јас придонесувам за нечија радост и насмевка" 

Рингераја: Автор сте на делото ”Ковчеже отворено со стих". Кажете ни нешто повеќе околу истото.

Марија: На некој начин се случи спонтано, иако многу години тлееше во мене да ја издадам и да ја остварам желбата на мојата мајка. За да излезе книгата недостасуваше мојата храброст најверојатно, затоа што книгата на некој начин е самиот себе да се постелиш на хартија и ја разголуваш својата душа.Тоа е моето првенче. Се собраа многу песни дел од нив напишани се пред многу години уште од моите тинејџерски години, а дел се понови песни. Кога размислував кои песни да бидат се одлучив за 40 песни. Поделени во 4 циклуси. Песните се со различни теми од секојдневието има и неколку кои што се мои автобиографски, дел од моето јас. Да не откривам, нека откријат читателите во книгата.

Рингераја: Што ве инспирираше да го издадете Ковчежето...?

Марија: За тоа главни виновници се моите родители. Тие двајца кои ме створиле таква каква што сум. Дефинитивно исполнувањето на желбата на мојата мајка пред се беше пресудна која од мали нозе ја откри оваа моја надареност да пишувам. Честопати знаеше да ми каже: ,, Еден ден да напишеш книга”. Но, во ист момент Ковчежето е отворено во чест на мојот татко кој за жал прерано го изгубив, но секогаш е тука, ,,Живее во мене.”

Мојата читана публика од која сум добила прашања кога би била првата книга, на која сум многу благодарна за нивната читаност и повратните коментари, сугестии и слично. Затоа што автор без читана публика е исто како да не постои.

Моите песни се во духот на надежта, љубовта и вербата. Токму таа е пораката која што сакам да ја пренесам на сите кои ќе ја прочитаат и кои што имаат желба да ја прочитаат. Животот навистина е полн со предизвици, сопки, загуби, но има и убавини. Според мене најважно е никогаш да не ги изгубиме тие три вредни нешта. Дури и кога плачеме нека биде достоинствено, јако, никогаш да не дозволиме горчливите солзи јадови да ни прават, да не срушат. Само така можеме од почеток...

Рингераја: За која читателска публика е наменето?

Марија: И младата и повозрасната читателска публика. Секој кој има мерак да чита поезија. И да прочита повеќе за моето творештво.

Рингераја: Учествувавте и на хуманитарниот проект Снежни стихови и Шепотот на љубовта во организацијата на Софија Петковска.

Збор - два за тоа искуство?

Марија: Во суштина сум личност која искрено сака да помага. Го сакам хуманиот гест од најразличен карактер.

Всушност според мене поезијата не е само пишување. Тоа е една вистинска искрена духовна енергија која е многу позитивна со хуманистичка цел, преку стиховите се делат чувствата, се пренесуваат пораки, некогаш разбиваат монотонија, насмевнуваат, разнежнуваат...

Преку нашите стихови би сакале да допреме до срцата, душите, умовите со цел да се создаде подобар свет за сите, така барем јас се доживувам и моите стихови најчесто се надежни со порака за подобро утре.

Па така според мојот карактер и темперамент иницијативата на Софија ја прифатив без тронка мислење. Многу и благодарам што имаже желба да ме вклучи во овие проекти. Учествував во двата проекти налсовени ,,Снежни стихови” и ,, Шепотот на љубовта”. Искрено многу сум среќна што сум дел, учесник во придонесот на добро дело. Сум била и повторно би била дел од такви иницијативи.

Тоа ме прави не можам да кажам среќна, затоа што од помош имаат потреба многу луѓе, но чувствувам малку мир за добро сторено дело. И ги повикувам сите хуманитарни лица да дадат свој придонес, секој кој сака може да ни се обрати и да купи книга, а средствата се даваат на ранливи категории на кои им е потребна помош.

Рингераја: Од кога датира вашата љубов кон пишувањето?

Марија: Слободно можам да кажам од многу рана возраст. Моите први кратки стихови и строфи беа за љубовта кон животните, моите миленичиња, моите родители и слично. Но, за жал моите први песнички кои ги имав напишано на 7-8 години, по грешка беа фрлени...Жалам за тоа до денес, бидејќи не можам да се потсетам на тие детски стихови, не можам да ги прочитам уште еднаш, дури и да се насмеам. Никогаш нема да ги заборавам моментите кога после секој напишан стих, строфа или текст, нетрпеливо и со радост и ги читав на мојата мајка. Сеќавањата на тие мигови и ден денес ми измамуваат широка насмевка.

 

1

 

 

Рингераја: Што читате во слободно време?

Марија: Читам се во различен период, расположение или пак препорака од некого. Можеби поретко избирам трилери заради морничавите чувства и будење на неубави чувства, но во суштина читам се.

Рингераја: Автор кој ве инспирира?

Марија: Тешко можам да одговорам на ова прашање. Секој автор е приказна за себе и е неповторлив. Доколку инспирацијата се темели врз основа на некој автор во тој случај сигурно би се изгубила, бидејќи не можам да бидам во мислата на некого.

Моето пишување навистина е спонтано за што најчесто велам ,, мислата ме мисли мене, не ја мислам јас” 

Рингераја: Каква порака ќе им пренесете на читателите и идните автори?

Марија: Да читаат пред се со срцето и душата. Да пробаат да разберат што сака да им пренесе книгата. Не може книгата да биде лоша или добра. Може да биде напишана на стил кој не ни се допаѓа или да разработува содржина која нам не ние омилена но, лоша како оцена за квалитет во никој случај. Ова морам да го кажам, бидејќи често служам и читам како читателите ги делат книгите на лоши и добри, со ова не се сложувам воопшто.

Нека читаат се. Нека бидат истрајни со книгата што почнале да ја читаат, тоа е како пат кој си го одбрал да го изодиш, а си се откажал. На оние со помалку време кои сакаат да прочитаат нешто квалитетно и кратко, нека читаат поезија. Една песна може да ти раскаже цел роман ако малку подлабоко ѕирнеш во неа.

На идните автори им препорачувам да бидат похрабри од мене, да ги обелоденат своите дела, без разлика на возраста, да не ги чуваат своите дела. Тие се да бидат читани. Тие се аманет и едно големо богатство за нашиот народ и земја. Тоа е нешто што ќе остане од нас, за тоа дека на овие простори имало и има луѓе со свој јазик, своја идеја, своја традиција, творци што раскажале и кажале многу за времето кога постоеле.

И се разбира да го прочитаат Ковчеже отворено со стих и секако да добијам повратно мислење.

 

Во продолжение, извадок од зборката.

Уживајте!  

 

МАЛЕЧКО МОЕ МИЛО

Малечко мое, мило, што во скутот ми се свило.

Што рачиња на врат си ми испружило, со поглед топол и очиња мили

ме милува и душа ми гали.

Малечко мое, мило, ти што од срце и од душа си мое, што секој ден ме радува, очи ми полни,

и љубов ми негува.

Малечко мое, мило, ти што за грижа и милост ме учи, храброст и сила ми дава и за борба ме спрема,

борба макотрпна, борба сурова,

борба животна.

Малечко мое, мило, што во скутот ми се свило,

мирно, тивко, спокојно,

безгрижно и среќно, остани ми така,

во твојот животен пат,

се до последен час.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Фризерите ја открија идеалната боја на коса
Не можете да погрешите со оваа боја!
3
Зошто спермата е добра за здравјето на жен...
Темата за спермата и нејзиното влијание врз здравјето на жената често пати се заобиколува. Но, зошто? Бројни истражувања...
3
Направете најубави Велигденски украси!
Идеи за брза Велигденска декорација
3
Создадете подобар живот
Својот живот го заробувате во негативни мисли и енергија ако го трошите на она лошо што може или би можело да се ...
2




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?