|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

На кафе кај Илина Јовановиќ-Јаковчевска

Марина Кљајиќ Петковски, 23.6.2022
Илина Јовановиќ-Јаковчевска е Скопјанка која животот ја одвел во Германија. Пишува и твори поезија од основното училиште. Во 2004-та година го напушта факултетот и заминува за Германија, каде живее и твори

image
/11


 

Илина Јовановиќ-Јаковчевска е Скопјанка која животот ја одвел во Германија. 

Пишува и твори поезија од основното училиште. 

Во 2004-та година го напушта факултетот и заминува за Германија.

Го изучува германскиот јазик и во 2012 година запливува во педагошките води во Германија. 

Во 2020 година повторно спријателува со кирилицата, хартијата и моливот и така се раѓаат првите нејзини стихови по долга пауза. 

Во 2021 година го пишува романот " Се љуби и два пати исто "кој го завршува за само 10 дена.

Рингераја: Која е Илина? 

Илина: На прашањето "Која е Илина ?", секако би можела да напишам кратка или подолга автобиографија. Бидејќи веќе 10 години пловам во педагошките води и работам со дечиња од прво до четврто одделение ќе се потрудам поинаку да се претставам. И тоа сликовито. Имено пред неколку месеци присуствував на еден прекрасен семинар "Уметноста како начин на комуникација". Па така секој од нас можеше да се нацрта себеси и да ја објасни сликата.

Во прилог ќе ви ја представам премиерно мојата оргинална слика од која можеби ќе откриете и повеќе одошто би сакала да ви раскажам..

И секако преставува одличен начин за комуникација со децата. Посебно оние кои сеуште не знаат да пишуваат, или се  срамежливи или повлечени, или пак оние кои имаат трема па сликата им е голема помош да не се збунат.

А сега да одгатнеме: Која е Илина?

Носот се моите години! - 39

Устата е моето семејство! - сопругот и двете ќерки.

На вратот е мојата омилена боја! - тиркизна

На образот е моето омилено јадење и мојот омилен пијалок! - телешки стек, салата и џус од кајсија (понекогаш и џин тоник)

На ушите што сакам да слушам: од се по нешто, но во последно време класична музика.

На главата се моите хоби: цртање, пишување, читање, пливање, готвење i двете знаменца на моите два дома Македонија и Германија. 

Моето мото: Се радувам и кога врне бидејќи и да не се радувам сепак ќе врне! -Карл Валентин

И за крај  ги оставив очите! Односно што сакам да гледам?

Секако најмногу сакам да гледам, насмеани и среќни лица исполнети со љубов, но исто така сакам да видам и лица кои се храбри да се исплачат. Лица кои не се срамат да покажат и кога се тажни, бидејќи секоја тага мора да се истагува. Невозможно е секогаш да сме само среќни исто толку невозможно е и да сме секогаш само тажни. За жал во светот тагата не е признаена како болест, па многу малку се посветува внимание на неа.

Сите солзи се вредни за почит и поддршка, било тоа  да се од радост или од тага!

Ете тоа е Илина!

1

Рингераја: Романот ”Се љуби и два пати исто" е твоето првенче. Кажи ни како де роди ова дело?

Илина: Па морам да признаам воопшто не беше планирано да се роди овој роман. 

Започна како еден расказ кога едно врнежливо утро најдов слика од мојот покоен дедо. Почнав да пишувам сакајќи во една приказна да ги вметнам сите негови разговори, совети, анегдоти и приказни кои ни ги раскажуваше како деца. Меѓутоа расказот започна како љубовна приказна која почна да се развива и да расте.

Мене ми стана многу интересно секојдневно сама себеси да се изненадувам што ќе се случи понатаму. Пишував додека чекам на каса во продавница, на ред во банка, во чекалната на доктор, секаде и секогаш кога ќе ми дојдеше идеја.

Се чувствував и моќно да создавам нови ликови, карактери особини...

И додека се освестив веќе беа напишани 80-90 страници за неколку дена. Кога ставив точка на мојот малку предолг расказ видов дека имам уште многу за кажување, па продолжив со втор дел. И така се роди "Се љуби и двапати исто" за само 10 дена.

 

2

 

Рингераја: На крајот на првиот и на крајот вториот дел има цртани слики. Кој беше заслужен за илустрациите?

Илина: За илустрациите во внатрешноста е заслужен мојот сопруг кој е исто така уметнички надарен па тој ги нацрта сликите,додека корицата ја подготвив јас .

Рингераја:  Што те инспирираше? 

Илина: Инспирација како што кажав и погоре беа советите на мојот покоен дедо и секако моето лично искуство во туѓа земја. Самата се уверив дека сите сме исти. Сите исто љубиме, исто тагуваме, без разлика на вера и нација.

Германците за нас важат за ладни и одбивни, но моето искуство е многу поинакво. Баш како што велеше дедо ми кога ме испраќаше: "Кога ќе се здушите ќе нема разлика, како ќе даваш така ќе добиваш", липтајќи ми повторуваше. 

Рингераја: Каков беше процесот на издавање? 

Илина: Интересно беше што јас тек кога завршив со пишување сфатив дека ова е веќе роман. Така се постави прашањето: И што сега?

Морам да признаам дека најважната улога ја имаше мојот сопруг кој не само што ме подржуваше туку и настојуваше да се објави.

Најпрво го прочита мојата сестра Наташа, која е страствен читател и искрен критичар. Беше изненадена дека јас сум напишала роман, а истовремено и од содржината на романот. Така од неа добив зелено светло дека вреди да се издаде.

Но како што повеќето автори знаат, а посебно за некој нов како мене беше многу тешко да се допре до издавачките куќи.

За моја среќа некоку месеци пред тоа, ја порачав книгата "Звукот на тишината"од мојата сега драга пријателка Ева Ристевска која несебично ми го сподели патот за издавање книга како самоиздавач.

Таа директно учествуваше во процесот на издавање, ме бодреше и се радуваше заедно со мене. Би ја искористила и оваа прилика уште еднаш јавно да и заблагодарам за исцрпните информации и совети. 

Рингераја: За која читателска публика е наменет? 

Илина: Според мене мислам дека романот е наменет за публика од тинејџерските години па до 99. Изобилува со убави совети, остварени и неостварени љубови и секако љубовта и вербата во Бога. 

Рингераја: И покрај тоа што животот те одведе во Германија, сепак си активна на македонската литературна сцена. 

Неодамна ја издаде збирката поезија ”Трендафил". Кажи ни нешто повеќе околу истата. 

 

1

 

Илина: "Трендафил" е збирка поезија насловена по истоимената песна која има посебно место во моето срце, бидејќи во неа се влеваат безброј емоции за носталгијата по својот дом. Збирката е сплет на песни посветени на македонскиот народ од дамнина па до денес. Неколку песни се посветени на моето семејство, на мојот дом, на нашите прекрасни македонски носии, ора и стројните играорки и игроорци. 

На животот, љубовта, разделбите и колку и необично да звучи и на смртта.

Рингераја: Зеде учество и на хуманитарниот проект "твори -читај-биди хуман", со песната "Љубовно невреме". Збор - два за овој проект?

Илина: За проектот "Твори-Читај-Биди хуман" дознав преку социјалните мрежи, но откако веќе беше завршена првата хуманитарна акција.

Бев воодушевена од организаторката Софија Петковска, со колку љубов неуморно работеше на проектот.

Без да се двоумам се пријавив за следната хуманитарна акција.

Така се создаде збирката творби ”Шепотот на љубовта", во која покрај другите автори и дела е и мојата песна "Љубовно невреме"...

Рингераја: На фестивалот за детска поезија "Стихувалки ", твојата песна "Сонувалка" освои прва награда и златна плакета. Честитки! Претпоставувам чувството е прекрасно. Кажи ни нешто повеќе?

Илина: Фестивалот "Стихувалки " е прв конкурс на кој се пријавив да учествувам. Ме привлече името и тоа што поезијата е наменета баш за дечиња на возраст со кои долги години работам. Кога го прочитав насловот на фестивалот, веднаш се роди и насловот на мојата детска песничка, а потоа за неколку минути задоволно ги читав стиховите на мојата "Сонувалка". Не очекувајќи ништо бев пресреќна кога прочитав дека е избрана за петтата по ред збирка поезија за деца ,"Стихувалки".

Бидејќи знаев дека е на ниво на цела Македонија и пошироко и неуморно и строго работи стручно жири, на радоста и немаше крај кога "Сонувалка " освои прво место и се закити со златна плакета.

Рингераја: Твојот најнов проект, роди една преубава песна - "Македонијо, татковино, туѓино", која неодамна заплови во етерот на музичкото небо. Како се случи сето тоа? 

Илина: Можеби требаше интервјуто и да го започнеме баш со оваа песна. Од неа започна се.

Оваа песна беше првата песна која што јас самата јавно ја споделив во една група на социјалните мрежи во која ние од дијаспората се трудиме да го негуваме македонскиот јазик.

После само два часа од објавата, на мое големо задоволство ме контактираше композиторот Лазар Јанкуловски од Австралија со кој остваривме одлична соработка. Тој ангажирано работеше на композицијата ,а исто така  и се погрижи да најде доволно добар изведувач. Прекрасната и талентирана Кристина Бела со нејзиниот моќен вокал го оживеа секој стих на песната "Македонијо, Татковино, Туѓино".

Покрај големата оддалеченост на два различни континенти  и покрај пандемијата и рестрикциите сепак успеавме оваа година да ја презентираме на јутуб каналот.

Рингераја: Твоето творештво сведочи за твојата љубов кон татковината. Како дојде до тоа да живееш во Германија? Што е она што толку те држи и влечи кон родната грутка? 

Илина: Мирисот на моето детство е во мојот дом каде што за среќа сеуште живеат моите родители и ми го чуваат гнездото топло за секое мое враќање веќе 18 години.

Да заминам за Германија одлучи само и само  љубовта како двигател на се што постои.

Рингераја: Од кога датира твојата љубов кон пишувањето?

Илина: Само што научив да пишувам, сакав да напишам книга. Збирка раскази што ни ги раскажуваше дедо ми за да не ги заборавам.

Купив тетратка со две средини за да имам многу место за пишување и ги раскажував приказните  во неколку реченици. Запишував се додека не почнав и сама да читам книги и во раце ми дојде Силјан Штркот од Марко Цепенков и многу други негови приказни...Малку бев разочарана бидејќи мислев дека дедо ми тие приказни ги измислува.

Сама да творам започнав на 10 годишна возраст, на литературната секција во училиштето. За моја голема среќа имам песнички кои датираат баш од тогаш во оргинална форма, куцани на стара машина за пишување.

Рингераја: Што читаш во слободно време? 

Илина: Иако имам многу малку слободно време, последнава година после првата книга од македонски автор "Звукот на тишината"од Ева Ристевска, читам исклучително македонски автори и сум позитивно изненадена од квалитетот и креативноста на нашите автори меѓу кои се романите на Емилија Златкова Анастасова, Ивана Наскова, Наде Стоилковиќ и други, а остваривме и едно интернационалното Велигденско дарување со писателката  Габриела Давидковска Баниќ од Хрватска.

Посебно сум горда на мојата најдобра пријателка Елена Симоновска која што успеав да ја мотивирам и инспирирам да го покаже својот талент  и да го напише романот "Продолжи да одиш ".

Рингераја: Ни подготвуваш ли нешто ново?

Илина: Секако дека секојдневно творам и наскоро ветувам ќе има и нешто ново, но за тоа е сеуште рано да се зборува.

Рингераја: Планираш ли промоција во Македонија? 

Илина: Секако дека би сакала да направам и промоција, но времето во Македонија ми е ограничено, доколку успеам да организирам благовремено ќе ве известам.

И благодариме на Илина за издвоеното време. 

Во продолжение, уживајте во изведбата на песната 

 

 

 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Создадете подобар живот
Својот живот го заробувате во негативни мисли и енергија ако го трошите на она лошо што може или би можело да се ...
2
Во шопинг по совршена венчаница
Што треба да имате на ум…( 6 совети за купување венчаница)
2
Може ли да ослабам, ако дојам?
Запомнете: за време на бременоста вишокот килограми не сте ги добиле преку ноќ, затоа и сега не очекувајте дека можете ...
2
Вајолет Афлек се подготвува за сестричка
Малата Вајолет Афлек е забележана на училиште неиспуштајќи ја од раце својата кукличка бебе. Погледнете ги фотографиите ...
2




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?