|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

На кафе кај Емилија Златкова Анастасова

Марина Кљајиќ Петковски, 22.3.2021
Една од позитивните страни на целата оваа состојба, е што изолацијата влијае инспиративно на нашите автори, па се почесто имаме нови, прекрасни книги

image
/11


Деновиве излезе од печат новата книга на авторката Емилија Златкова Анастасова, нејзино шесто дело по ред. 

Иако ова дело е првенче во жанрот трилер за авторката, во него преовладува нејзиниот препознатлив стил, а истовремено ни открива едно ново "авторско лице" на Златкова Анастасова. По тој повод, Емилија беше наша гостинка 


Рингераја: Најнапред, честитки за новата книга. За колку време ја напиша?

Емилија: Овој роман за разлика од романот „Близнаци“ не го пишував дваесет години. Годинава имав повеќе време за пишување, зашто многу од претходните активности и проекти во кои бев вклучена се стопирани поради пандемијата, па покрај другите активности сакав се посветив повеќе на пишување. Оваа книга ја напишав за рекордно време од два-три месеци.
Повторно и позади ова дело стои издавачката куќа Полица, а околу нивната соработка Емилија вели: 
"Пред да ја објавам „Детето во снегот“, разговарав со неколку издавачки куќи, но некако со Полица најмногу ми се допаѓа начинот на комуникација и разбирање пред сè што го имаме, тоа што тие ги разбраа моите желби и визии во врска со книгите и договорите кои ги склучивме. Ми се допаѓа што се флексибилни, како мене. До сега соработката ни е супер, па се надевам така ќе биде и во иднина " 


Рингераја:
Колку си задоволна од продажбата на претходната книга, „Детето во снегот“ и од реакцијата на читателите?
Емилија: Колку што јас имам увид во продажбата, првото издание е при крај, па тоа ми зборува дека треба да сум задоволна. Но, и позитивните критики и реакции од читателите за мене се многу важни па ме прават особено среќна и задоволна. 


Рингераја: 
Неверство е твој прв трилер. Од каде идејата, инспирацијата..?
Емилија: Јас сум личност која не се плаши да експериментира. Така оние што ме познаваат знаат дека имам книги во различни литературни родови: поезија, раскази, драмски текстови, романи. Исто така сакам да експериментирам и со жанровите. Па сакав да се обидам да напишам трилер, ама сепак да е уникатен, да има мој „белег“, „мој печат“ во него. Па читателите ќе кажат колку сум била успешна во тоа. 

 

златкова


За промоцијата, која се случи прво во Велес, а потоа и во Скопје, Емилија вели: 

"Знаете живееме во едно чудно време, кое сите по малку не збунува, не плаши и не прави пасивни до некаде. Но, мораме да бидеме мудри и да продолжиме со животите и во овие услови, какви и да сè. Така да мораме и ние да се метаморфозираме – не мора да ги правиме нештата како порано, мораме да најдеме други уникатни модели. Така и јас, немав, да речам, класична промоција за „Неверство“, беше повеќечасовно дружење со читателите во, поточно пред книжарницата Полица, ама за мене тоа беше успешна промоција – можев слободно, без додатни обврски, за се дружам и разговарам со пријателите и читатели кои ги запознав преку книгите и навистина имавме прекрасно време со педесетина луѓе, а сепак немаше гужви и мерките беа испочитувани. 


Додека пак, во Велес 8 Март, го искористивме како убав повод празникот да организираме онлајн промоција во Библиотеката „Гоце Делчев“ и имав можност да ја преставам книгата „Неверство“, но и да им го честитам празникот на сите припаднички на понежниот пол. Беше со мал број присутни, промоторите и неколку новинари и сниматели, ама и ова мислам е успешна промоција." 


Рингераја: Каде може да ја купат читателите?
Книгата „Неверство“, исто како и „Детето во снегот“ ја има во продажба во книжарницата Полица и сите поголеми книжарници низ Скопје, како и низ повеќе градови кои имаат соработка со издавачката куќа Полица. Но, секако, знаат читателите, секогаш можат да ми се обратат лично и мене и јас ќе најдам начин и време да им биде доставена со посвета.


Рингераја: Дали пишуваш нова книга? Можеме ли да очекуваме наскоро и друга книга?
Емилија: Кога ја завршив со пишување книгата „Неверство“ си реков, тоа е тоа и сега сум празна, немам инспирација и идеи за пишување. Но, буквално, следниот ден вечерта кога легнав да спијам не можев да заспијам, зашто во некој полусон „ми дојде“ нова книга.  Немав план кога ја пишував „Неверство“ да биде така, ама со инспирацијата за новата книга, дојде идеја за еден серијал на трилери. Така да сега работам на таа книга, која се надевам некаде до крајот на годината да биде завршена и објавена. 


Со нетрпение очекуваме нива книга од Емилија, а во меѓувреме, ви препорачуваме да ја прочитате „Неверство". 

 

2

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Дали НЕКОГАШ ќе станат мајки?
10 познати личности кои се веќе повеќе од доволно возрасни и зрели да имаат деца. Дали планираат и која од нив ќе биде ...
3
Вештачката интелигенција ги управува апара...
Паметен дом (Smart Home) е концепт во кој сите главни апарати за домаќинството имаат функции напојувани од алгоритми за ...
3
И направи фустан од 9999 рози и ја побара ...
Еден човек од Кина купи 9999 црвени рози и секој цвет внимателно го прикачи на платно, формирајќи прекрасен фустан од ро...
3
Среќна Нова 2018 година!
Новата Година е вистинско време да истражувате нови хоризонти, да остварувате нови соништа, да ја откриете силата и верб...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?