|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

На гости кај првото бебе на Рингераја

Редакција Рингераја, 4.5.2010
Март месец беше еден од поубавите месеци, бидејќи конечно успеавме да ја донесеме популарната Рингераја и во Македонија и нашите трудници и родители, конечно да имаат интересни и корисни работи за читање на македонски јазик, како и форум на кој ќе се разменуваат искуства, стекнуваат пријателства...
Клучни зборови:

image
/11


Така и беше. Полека почнаа да пристигнуваат и првите корисници, почнаа првите совети, разменување на искуства, дојде денот и на првото рингераја дружење. Семејството Рингераја расте од ден на ден и тоа сите нас не радува, но посебна чест за нас претставуваат деновите кога дознаваме дека на Рингераја светнува ново сонце, се раѓа нов живот, ново богатство.

 

Затоа решивме да го посетиме нашето прво бебе Јана кое се роди на 3 јули 2009 година и за кое славевме на Рингераја. Мама Наташа има 28 години, професор по одделенска настава која во брак со својот сопруг се две години, а на бебушот работеле нецели два месеци. Браво!

*Како дозна за Рингераја?

Наташа: Прво барав некои информации за бременоста и така налетав на Хрватската Рингераја каде што бев член. По некое време открив за нашата незаменлива Рингераја. Така станав член и сега седам само на компјутер.

 

*Што најмногу го привлече твоето внимание за да станеш член на Рингераја и останеш на неа активна?

Наташа: Најмногу ме привлече пријателскиот однос на сите членови, комуникативноста и спремноста да се помогне во секој момент.

 

 *Кои теми ти беа интерсни за читање на почетокот, а кои сега?

Наташа: Леле сите теми ми беа интересни на почетокот, најповеќе за бременоста бидејќи за тоа се интересирав, а сега се ме интересира посебно за бебињата, но пак ќе кажам на Рингераја се ме интересира.

 

 *На форумот ја отвори темата Породилни болки. Дали разменетите искуства ти помогнаа околу препознавање на породилните болки?

Наташа: Ооо... навистина многу ми помогнаа искуствата, меѓуатоа не дојде да се прашувам дали тоа се породилни болки, бидејќи прво ми пукна водењакот па после дојдоа болките што значи дека беа очекувани.

 

*Пред самото породување бевте на кафе со нашата Рингерајка Мами. Ајде малку повеќе за тоа дружење и почетокот на породувањето.

Наташа: Мамииии, таа беше со мене цело време и никогаш нема да ја заборавам, бидејќи моето породување почна токму на средбата со Мами. Се договаравме подолго време да се сретнеме на кафе. И така требаше ден пред тоа да одам и јас на предавање за матични клетки кои го одржуваат Би-мек во Александар Палас, ама јас не успеав да дојдам и така се договоривме за следниот ден. Средбата беше во Рамстор (поблиску до државна), уште таму почна се и кога и се јавив на Мами само 15 мин по разделбата да и кажам дека сум во Државна болница - не и се веруваше. И да кажам: сите бевте со мене тој ден посебно Мами која постојано ми се јавуваше и затоа никогаш нема да ја заборавам.

 

*Колку ти значеше подршката на Рингераја во тие моменти?

Наташа: Поддршката беше многу голема, советите многу ми помогнаа и се од непроценливо значење, а кога ги читав потоа честитките и се што сте пишувале се расплакав, во секој момент сте биле со мене. Но, не само со мене, вие секогаш сте тука со сите членови!

 

 *Колку ти помагаат советите на мајките во подигање на твојата керќичка Јана?

Наташа: Советите најискрено многу  ми помогнаа, посебно препораките за каде да се оди на ортопед, педијатар, и слични проблеми со кои прв пат се среќавам. Сите членови на Рингераја се многу пријатни и подготвени во секој момент да те посоветуваат. Имаше моменти кога бев многу тажна (некои од вас знаат), ама со вашите разговори нависитна успевавте да ме расположите и поддржите.

 

*Ште е Рингераја во твојот живот?

Наташа: Рингераја е стварно едно многу убаво искуство каде што добив многу важни совети за бременоста, за бебушов и се надевам дека ќе продолжиме да се дружиме и да разменуваме искуства. Рингераја е многу важна за мене, бидејќи тука стекнав пред се пријатели.

 

*Што би им порачала на Рингераја корисниците?

Наташа: На Рингераја корисниците им порачувам да продолжат да се дружат и никогаш да не ја напуштат Рингераја.

 

*Дали би сакала да кажеш нешто што не те прашавме?

Наташа: Нешто што не ме прашавте, а сакам да го кажам е тоа што многу ме изненадивте со подарокот за Јана (првата рингерајка) и многу сум ви благодарна.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Мега Фешн “Пробај повеќе за помалку“
Оние кои често пазаруваат ги знаат и ги познаваат, а оние кои не ги знаат е вистинско време да ги запознаат Mega Fashion
4
Законот за абортус ги повредува стандардите
Овој закон не е во согласност со ниту еден од меѓународните или Европските стандарди во однос на прекин на бременоста, р...
3
Бучен Козјак заедно со Мој Воздух постави ...
Компанијата Бучен Козјак инвестираше во 10 мерни станица за апликацијата AirCare (МојВоздух). Десет од мерните станици с...
3
Рингераја - приказна за нашето семејство!
Рингераја е повеќе од медиум, Рингераја е пријател, Рингераја е советник, Рингераја е рамо за плачење, Рингераја е помош...
2




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?