|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Како да се ослободиме од целулитот?

Редакција Рингераја, 11.6.2023
Целулитот ги мачи повеќето жени, кои во главно се грижат бидејќи се нарушува нивниот естетски изглед. Но дали целулитот е показател за некои здравствени проблеми?
Клучни зборови:

image
/11


Целулитот, кој во главно ги напаѓа жените, се создава во подрачјето на нозете, задникот, стомакот, бутовите и обично се јавува по пубертетот. Иако некои го мешаат со стриите постои голема разлика.

Целулитот е последица на хормонските промени, до кои доаѓа во периодот на пубертетот и често, погрешно, се мисли дека ги погодува само дебелите луѓе. Тоа не е точно, бидејќи целулит имаат и лицата со нормална тежина, па дури и оние послабите. Стручњаците се согласуваат дека целулитот е тесно поврзан со естрогенот, женски хормон, заради што најчесто го имаат жените.

Едно од објаснувањата зошто се појавува на бутовите кај жените, а не кај мажите е разликата во телесната структура. Женското ткиво не е флексибилно како машкото и кога жените се дебелеат, маснотијата излегува на површината на кожата, што и дава изглед на кора од портокал. Од друга страна мажите имаат помалку маснотии на нозете и нивната кожа е подебела, па успешно го крие она што се наоѓа под неа.

За целулитот се знае многу малку и најчесто неговата појава зависи од личноста и начинот на кој телото се бори со маснотијата.

Иако целулитот го немаат само дебелите луѓе храната која ја внесувате во организмот многу допринесува за неговото појавување. Солените производи, оние со многу маснотија и јаглени хидрати Ве ставаат под ризик од добивање на “кора од портокал”.

Одредувачки фактор е животниот стил на личноста и тој допринесува во создавање на целулит, но влијае и на општото здравје на личноста. Луѓето кои водат седечки начин на живот, а притоа не се хранат здраво побрзо ќе добијат целулит од оние кои редовно вежбаат и водат сметка за својата исхрана. Се покажува дека големиот стрес и анксиозност исто така влијаат за неговата појава, а тоа се случува заради зголеменото лачење на хормонот катехоламин кој го зголемува ризикот од создавање на целулит и тоа во голем процент.

Кои третмани се против целулит?

Никој не сака на себе да гледа збрчкана и кожа со дупчиња и затоа постојат многу третмани кои наводно го отстрануваат целулитот.

Еве некои од нив:

Метилксантини: Тоа се група на хемикалии кои вклучуваат аминофилин, кофеин и теофилин. Овие хемикалии се наоѓаат во многу кремови против целулит, заради нивната способност на разбиваат масни наслаги. Меѓутоа кремовите за кожа не можат да ја содржат потребната концентрација на овие хемикалии за да се дојде до значително подобрување.

Масажи: Постојат неколку апарати кои се користат за масажа на деловите на телото на кои настанува целулит. Овие апарати имаат ротирачки цилиндри кои ја собираат кожата и ја масираат. Еден од таквите третмани е ендермологија, која е најмногу развиена во Франција и се користи веќе дваесетина години. Го напаѓа целулитот преку поткожното врзувачко ткиво, па доаѓа до зголемување на циркулацијата и исфрлање на отровите, со што се поттикнува меѓуклеточната размена на материи. Истовремено се активира и врзувачкот гел со што на кожата и се враќа нејзината цврстина и убавина. Третманите се скапи и траат околу 45 минути а потребно е да се направат 10-12 третмани. Иако доаѓа до моментално намалување на целулитот, се чини дека оваа техника повеќе ја распределува маснотијата, отколку што го отстранува целулитот. Треба редовно да се иди на вакви третмани, инаку целулитот гарантирано се враќа.

Ласерска или светлосна терапија

Ова се скапи третмани кои привремено го намалуваат целулитот. За одржување на постигнатиот ефект неопходно е редовно повторување на третаните. Светлосната терапија подразбира комбинација на масажа со светлосна терапија и резултатот е моментално намалување на целулитот.

Мезотерапија

Мезотерапија е контроверзен третман за целулит кој вклучува вбризгување на лекови и други супстанции директно во заболеното ткиво. Билките и витамините се најчесто во составот на коктелот кој се вбризгува во кожата. Се даваат повеќе од десет инјекции во текот на третманот. Повеќето стручњаци сметаат дека не е докажана ефективност од овој третман и дека истиот е ризичен.

Колагенеза

Колагеназа е ензим во телото кој го разбива колагенот дел од врзивното ткиво. Мала студија спроведена на 10 жени покажала дека инјекциите на овој ензим можат да бидат корисни во борбата против целулитот. Долгорочните ефекти од овие инјекции се и понатамму непознати и се уште не се знае обемот и времетраењето на подобрувањето, ако воопшто го има. Третманот се смета за експериментален.

Диети

Некои стручњаци препорачуваат специјално антицелулитни диети. Аргументите за овие диети се тоа што одредени продукти ги намалуваат воспаленијата и ја подобруваат циркулацијата во погодените подрачја и така го намалуваат целулитот. Здравата исхрана може да го намали задржувањето на течноста и да го подобри општиот изглед и здравјето на кожата, но специфичните диети дизајнирани за борба против целулитот се непотребни.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Највисоко ниво на хигиена за вашето семејс...
Пролетта редовно ја дочекуваме со планови, меѓу другото, за генерално чистење на домот со кое дефинитивно ќе и кажеме зб...
4
Поддржуваме мали бизниси: Adaral Jewelry
Александра е сопственичка на креативна работилница за рачно изработен накит, кој самата го изработува од бакарна и сребр...
4
Создадете подобар живот
Својот живот го заробувате во негативни мисли и енергија ако го трошите на она лошо што може или би можело да се ...
2
Во шопинг по совршена венчаница
Што треба да имате на ум…( 6 совети за купување венчаница)
2




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?