|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Мојата мајка е волшебничка!

Непознат автор, 16.1.2014
Мојата мајка навистина е волшебничка, не лажам, чесен збор! Таа од една лажица ориз ќе направи авион полн со патници, а мојата уста ќе ја претвори во голема авионска гаража
Клучни зборови:

image
/11


 

 

Тогаш сите патници ќе се скријат на сигурно во мојата гаража од големата бура, а тогаш мама ќе биде среќна.

Кога нешто ме боли, веднаш почнува да ме лечи со бакнежи. Кој доктор го може тоа? Кога ќе се удрам, јас веднаш трчам дома кај мојата мајка волшебничка и таа тогаш ќе го бакне моето колено или мојата рака и мене веднаш ми е подобро и помалку ме боли.

Кога бев бебе мојата мајка правеше млеко за мене. Кога пред некој ден прашав како може мајката да прави млеко, децата во градинката ми рекоа дека не може, дека тоа го прават само кравите. Но тогаш мама ми одговори дека мајките прават чудесно млеко за своите деца од  големата љубов и дека тоа млеко тече додека бебето не порасне големо, како што сум јас сега. Зар тоа не е волшебно?

Мојата мајка знае да раскажува приказни во кои јас сум принц и се борам со страшни змејови и секогаш победувам. Тогаш сум фраер, се чувствувам силен и од ништо повеќе не се плашам. А кога сум тажен, ми измислува смешни песнички со мое име и ми ги пее додека не се насмеам. А песните се навистина смешни.

Мојата мајка има и волшебен прст. Кога пријателите се кај мене и кога малку ќе претераме со глупирање, тогаш мама ќе влезе во собата и ќе го подигне оној волшебен прст и сите ќе се смириме на некое време. И кога ќе ми излета некој неубав збор, нејзиниот прст ќе ме потсети дека тоа не смее, па малку внимавам, додека не заборавам.

Мојата мајка е волшебничка, не лажам! И никогаш не сум ја видел многу тажна . Понекогаш вели  дека некоја блесава мува и влегла во окото, па затоа и е црвено и малку отечено и дека затоа шмрка, но секако ќе ме прегрне и ќе ја бакне мојата  коса пред спиење. Тогаш јас ќе и го бакнам окото за побрзо да и помине. Можеби и јас имам волшебен бакнеж. Сепак сум син на мајка волшебничка.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Јазикот зборува за здравјето
Дали имате навика додека ги миете забите во огледалото да го погледнете јазикот? Тоа е многу едноставен, но и корисен на...
6
Во овие моменти потребно ви е екстремно тр...
Постојат моменти кога, како родител, потребно ви е големо трпение. Всушност, тоа е секој ден. А потоа, постојат моменти ...
4
20 работи кои само сестрата ги разбира
Таа е една и единствена. Не можете да ја замените. Со вас е и во добро и во лошо. Постојат и ситуации кога ве доведува д...
4
6 работи кои не ве прават лоша мајка
Постојат општо прифатени норми кои општеството сака да става и еден од нив секогаш е тоа да си лоша мајка - да го остава...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?