|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

ММС: Го оперираа 12 часа, а јас сама чекав пред сала

Вања Мицевска ММС, 15.5.2021
Го оперираа 12 часа, а јас сама чекав пред сала и се чувствував ужасно – Како е малиот Лука кој целата јавност го испрати за Италија со желби за здравје

image
/11


Специјален медицински тим од Институтот „Џанина Џаслини” од Џенова – Италија изврши транспорт на дете со сложена клиничка слика од Универзитетската клиника за детски болести – Скопје во болницата во Италија. Оваа вест која беше објавена кон крајот на минатата година го привлече вниманието на македонската јавност. Целиот медицински тим од одделението за интензивна нега и лекување и од одделението за гастроентеропатија и онколошкото одделение го подготвија малиот јунак за нов животен предизвик. Додека граѓаните „стискаа палци“ за поскоро опоравување, патувањето до Италија за мајката на малиот, а голем борец, траело како цела вечност.

1

Фото: Детска клиника

Извор: ММС

По заминувањето тој саботен декемврски ден, младата мајка Надица Ристова се нема вратено овде. Лекувањето во Италија се’ уште трае и таа таму  му се радува на секој момент поминат со синчето, иако бројните предизвици и понатаму се присутни.

Македонски медиа сервис разговараше со Надица за тоа како се снаоѓаат во Италија со нејзиниот сопруг Стефан, кој таму замина малку подоцна од неа.

Таа гордо споделува детали за растењето и за насмевките на Лука, за надежта, за бескрајната родителска љубов.

„Во моментот на заминување Лука беше со доста тешка клиничка слика, респиратор и видно зголемена туморна маса. Предизвици…ох, многу се на број. Неизвесноста си го правеше своето. Лекување во Италија беше потребно поради тоа што во Македонија с? уште не се извршува таква тешка операција каква ни беше неопходна“, објаснува Надица.

Лука е роден со само 720 грама во 29-та гестациска недела, но со раст кој одговарал на 25-та гестациска недела. По вкупно 67 дена поминати во болница, младите родители си го зеле синчето дома.

2

Извор на фотографија: ММС

Лука е роден со микроцефалија и глувост, по што е дијагностициран и тумор на црниот дроб. Токму поради туморот, како што и тогаш раскажа д-р Софијанова за ММС, Лука мораше да го продолжи лекувањето во Италија со цел да се извади делот зафатен со туморот, а да се трансплантира нов дел.

Операцијата при која била извршена трансплантацијата траела дури 12 часа. Како се чувствувала во тој момент, Надица вели дека не може да долови со зборови.

 

„Целиот текст прочитајте го тука“

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Осип после висока температура
Розеола, исто така позната како шеста болест (exanthem subitum и roseola infantum) е вирусна болест кај мали деца. Се ка...
5
Кога во семејството имате близнаци
Уште од самиот почеток на бременоста животот со близнаците е покомплициран и бара поголем надзор.
4
Календар на вакцинација
Вашето дете треба да се вакцинира за да неговиот организам стекне имунитет на некои од тешките заразни болести. Вакцинат...
4
Маџун – лек за целиот организам
Маџунот уште наречен гроздов слад, е специјалитет добро познат на нашите предци, како по својот оригинален вкус и арома,...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?