|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Младите мајки не се заинтересирани за секс

Редакција Рингераја, 12.1.2022
Секоја седма жена се фрустрира, или е во конфликт со партнерот заради различниот интензитет на сексуална желба. Проблемите во односот, како и заморот заради малите деца се најчести, но не и единствени причини за тоа.

image
/11


Една третина жени, меѓу 18 и 50 години, страдаат од пореметување на половата функција, односно имаат проблем со намалено либидо. Најчеста причина се хормонските промени во тек на менструалниот циклус  или влегување  во менопауза, но слабата сексуална желба се јавува и во периодот по породувањето, кога половиот однос за жената е болен, или ако страда од депресија.

“За време на менопауза настапуваат хормонални промени кои природно доведуваат до моментално или постепено губење на сексуалната желба. Влажнењето на вагината се намалува, или потполно изостанува, па таа станува сува и помалку еластична. Затоа голем број од жените во овој период се жалат на болни односи, што претставува причина да се прекине половиот живот. Но за тоа постои едноставно и ефикасно решение: употреба на хормонални и други кремови. Во последните неколку години, на жените во менопауза им се предлага хормонална терапија со естроген, бидејќи позитивно влијае на либидото.” – истакнува Др. Душан М. Протиќ.
Сепак, новопечените мајки, се тие кои најбрзо ја губат желбата за секс. Тоа е затоа што се преокупирани со бебето и немаат време за размена на нежности со партнерот.
Кога жената нема никаков физички проблем, губењето на сексуалната желба е од психолошка природа. Посебен проблем се појавува кај жените кои имале хируршки интервенции на репродуктивните органи, како хистеректомија (отстранување на јајниците) или мастектомија (отстранување на дојката/те)
Жената во својата глава тоа ќе го поистовети со губење на младоста, женственоста и убавината, бидејќи е втурната во рана менопауза. Некои од најчестите сексуални пореметувања се пореметување на сексуалната желба, уживање и оргазам.
Самото отсуство на сексуалната желба не ја исклучува сексуалната возбуда или доживувањето на оргазам, но подразбира дека поретко ќе се започне сексуална активност.
Едно од сексуалните пореметувања е психосексуална аверзија, или одвратност кон полово уживање, кој се манифестира со одбивање на скоро секакво или секакво полово општење со партнерот. Таквите лица често биле жртви на сексуална злоупотреба. Спротивно на тоа имаме психосексуална дисфункција со зголемена сексуална желба или претеран полов нагон – нимфоманија. Проблем кај жените може да претставува аноргазмија – неможност за достигнување на оргазам.



100 причини за одбивање


Причините за сексуалното пореметување може да бидат бројни – од соматски болести (една третина до една половина на дијабетичари имаат сексуални дисфункции), потоа употреба на алкохол, психоактивни супстанции, намалена активност на штитната жлезда, хируршки зафати или зрачења, болка заради ендометриоза, мокрачни инфекции на бешиката или вагината, употреба на лекови против депресија, покачен притисок и др.

Здрав компромис

Кога ќе станете свесна дека сексуалното задоволство е прекрасно нешто, ќе станете поодговорна и помотивирани да си помогнете себеси, било со креирање на сопствени сексуални фантазии, читање едукативни книги, или пак иницирање на сексуален разговор со партнерот. Имено, многу жени не се свесни за убавината на своето тело и за желбите на партнерот, па разговорот околу тоа многу ќе помогне. Во нормалните, долгогодишни врски, во кои партнерите имаат просечна сексуална желба, потребно е предиграта да трае доволно долго за да се издолжи каналот на материцата, да се подигне цервиксот, да се лачи повеќе слуз, се во корист на сексуалното задоволство. Ако се влезе прерано во сексуален однос, тој ќе биде болен.
Во случај на намалена сексуална желба важно е партнерот кој има нормален/зголемен нагон да прифати помалку секс, а партнерот кој има намален нагон да прифати повеќе секс. Ова се нарекува здрав компромис во брак или повеќе годишна врска.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Највисоко ниво на хигиена за вашето семејс...
Пролетта редовно ја дочекуваме со планови, меѓу другото, за генерално чистење на домот со кое дефинитивно ќе и кажеме зб...
6
Најубавите фустани на ОСКАР на сите времиња!
Ви ги претставуваме најнезаборавните фустани на Оскарите на сите времиња!
3
Зошто спермата е добра за здравјето на жен...
Темата за спермата и нејзиното влијание врз здравјето на жената често пати се заобиколува. Но, зошто? Бројни истражувања...
3
8 изненадувачки вистини за сексот по пород...
Колку долго по раѓањето можете да имате секс и каков ќе биде тој? Следете го овој постпородилен водич за удобен и пријат...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?