|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Мажите ги сакаат манџите на мама

Редакција Рингераја, 22.3.2012
Повеќе од половината мажи ја преферираат кујната на мајка си, пред таа на сопругата, покажува најновото британско истражување

image
/11


 

Истражувачите утврдиле дека мажите ги претпочитаат кулинарските вештини на своите мајки, бидејќи тие се придржуваат кон традиционалната обилна храна, за разлика од нивните сопруги, кои секогаш им сервираат нешто готово. Истражувањето покажало дека мајките ретко сервираат брза и готова храна и секогаш подготвуваат тоа што сакаат нивните синови.

 

Од  гледна точка на мажите, поверојатно е дека сопругите ќе подготват набрзина нешто што има во фрижидерот или ќе го затоплат во микробранова печка. Истражувањето спроведено од телевизијата Food Network UK исто така утврди дека една четвртина од мажите ќе се прикрадат во домот на своите мајки за вечера, без да знаат за тоа сопругата или девојката.

 

“Многу е мил фактот што мажите ја преферираат кујната на мајка си. Како возрасни мажи продолжуваат да го бараат комфорот и традицијата во готвењето, заради што се свртуваат кон мајките, кои ќе им зготват она што посакуваат. Многу од најдобрите рецепти кои ги имаат британските кувари, им биле предадени од нивните мајки”, изјави портпаролот на телевизијата Ник Торогуд.

 

Анкетата спроведена во Велика Британија покажува дека многу девојки и млади сопруги чувствуваат притисок заради кулинарските вештини на свекрвата. Дури 47% од претставниците на посилниот пол имале храброст да и се пожалаат на мајка си дека храната која ја готви сопругата не е доволно вкусна, како нејзината храна. 20% од нив тоа го правеле на шеговит начин за да не ги повредат чувствата на сопругата, а 10% признале дека се жалаат цело време пред сопругата дека храната не е на ниво на храната која ја подготвува мајка им.

 

Добар процент од мажите одбивале да јадат храна, ако таа нема ист вкус како храната на мајка им, некои од нив отворено и кажале на сопругата да побара совети за готвење од нивната мајка, за да и подобри своите кулинарски вештини. Како што се очекува, тоа ги поткопувало врските на 2/3 од испитаниците.

 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Љубов и ограничување при воспитувањето на ...
Во најново време стана мода да се наоѓаат причини за лошото однесување на детето, па така кога на родителите во друштво ...
4
Др. Тасиќ: Лекување на инфекции на мочните...
Кај ин­фек­ци­и­те што ги за­фа­ќа­ат гор­ни­те бу­бреж­ни пар­тии мо­ра да се да­де ан­ти­би­о­тик. Да­ва­ње­то ан­ти­б...
4
Забраните и детето
Како да го научиме детето да ги почитува забраните? Дали зад неговата непослушност стои наша грешка?
3
Нова епизода на „Кој кого расте“: Религија...
Телевизиската емисија наменета за родители „Кој кого расте“ и водителот Зорица Црношија во недела на 31.03.2013 во 10.20...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?