|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Martins mom: Мојата породилна приказна

Редакција Рингераја, 30.8.2010
Моментот кога јас се претворив во “ние”

image
/11


Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.

ВАШИОТ момент на породување!

 

Детали

Ник: Martin's mom

Датум на породување: 21.02.2010 година

Тип на породување: природно

Болница: во Битола

 

 

Таа саботна, февруарска ноќ беше прилично долга. Додека лутав сама по улиците на мојот град, длабоко размислував за животот. Ми беше потребен мир, тишина, спокојство, си бев потребна самата на себе. Кога дождот убаво го намокри мојот капут и зимскиот ветер ми ги зарумени образите, се вратив дома. Ме дочека мојот сакан кој беше избезумен од грижа каде талкам доцна во ноќта. Го гушнав најсилно што можам, а потоа тивко заплакав на неговото рамо. Се стуткавме еден во друг покрај топлиот камин. Измешани емоции низ моето тело, секакви мисли се вртеа низ мојата глава. Знаев дека утре е тој ден...

Беше само еден обичен студен, студен зимски ден, а за мене беше многу повеќе од тоа. Небесното сивило го гледав со розев сјај. Еден сончев зрак како да изгреа само за мене додека чекоревме кон болницата за мојот закажан пораѓај поради намалена плодова вода. После првата провокација го замолив докторот да не ги чекам болките во ладните болнички ходници и добив одобрување. Со љубениот мој ми се чини ја направивме најдолгата прошетка низ паркот, се гушкавме и бакнувавме како никогаш.

Без болки се вративме во болницата. Ја добив втората провокација и гратис со неа искината спавача што повеќе открива, отколку што покрива. Се чувствував мизерно. Се разделив од мажот ми. Прв пат ги видов неговите очи насолзени...

Минуваа минути, минуваа часови, а моето породување никако да започне. Доаѓаа жени, се породуваа, а јас не мрдав од „мртва точка“. Слушав пискања и викотници и полека, но сигурно ме обземаше страв. Моментот кога ќе го гушнам своето ангелче тогаш ми изгледаше толку далечен. Си го галев стомачето, го молев моето најмило да се бори за да излезе... Ми го пукнаа водењакот и продолжив да „марширам“ по бескрајно долгиот ходник. Срцето ми чукаше забрзано, мислев ќе ми летне, не можев да ги контролирам мислите, од секунда во секунда размислував на различни страни. Единствено олеснување ќе осетев кога низ прозорците ќе ја видев насмевката на лицето на мојот драг.

Какви ли се тие породилни болки, бев во неизвесност, бев нестрплива, пред мене беше непознат подвиг... Повторно почна да паѓа мрак. Дури откако добив инфузија почнав да ги чувствувам болките кои од минута во минута стануваа се’ посилни и посилни. Се наближуваше моментот, претчувствував...

Поради моето слабо отворање докторот ми предложи царски рез, но јас одбив, се плашев од анестезија, си мислев дека нема да се разбудам, сакав прва да го гушнам моето бебе. Со отварање од 7см мене ми дојдоа напони и така заминав на тој фамозен бокс. Колку напони дадов, толку неуспешни обиди. Моето малечко не сакаше да излезе. Минуваше време, па решија да ме приклучат на CTG. Сестрата извика наеднаш „Ги губиме тоновите“ и мојот уморен здив застана за миг. Ми ставија маска за кослород. Повеќе не осетив напон. Докторот ми „рипна“ на стомакот, бабицата ми направи „километарска“ епизотомија и така го извадоа малечкото. Моето сонце изгреа во 20:45, но не пушташе глас.

Се роди измотано со папочната врвца два пати околу вратчето и еднаш околу рачето. Не ми беше јасно што се случува, бев начисто изгубена, но набргу го слушнав гласот на  мојот мил ангел и се вратив во реалноста. Го гушнав најубавото бебе, на мојата среќа и немаше крај. Лежев на боксот со мислите кај него. Докторот ме засмејуваше дури ме шиеше. Ми велеше дека го вези најголемиот гоблен во неговата кариера .

Поминаа уште два дена и две ноќи до мојата комплетна среќа. Тоа беа најдолгите и најтешките денови во мојот живот. Креветчето до мојот кревет беше празно, малиот мој беше на кислород. Бев разочарана, немоќна. Третманот во болницата беше на најниско ниво, ни трошка човечност од вработените. Поминав низ пекол тие пет дена што престојував таму.

...И додека ја пишувам оваа реална приказна, ме гледаат најмилите очиња на светот и знам дека за нив вреди да направам се’.

 

Рингераја му посакува среќно детство на Мартин !

 

 

 

Сакате да ни ја испратите вашата приказна од породувањето?

Прочитајте како во статијата Породилни приказни.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Зошто добивам тежина толку брзо за време н...
Леле! На вагата можете да видите колку брзо ова бебе расте во вашиот стомак. Да ја разгледаме оваа често контроверзна те...
4
Киретажа - значајна гинеколошка процедура
Киретажата претставува мала хируршка операција која се користи како за поставување на дијагноза од материјалот што се до...
4
Метален вкус во устата за време на бременоста
Бременоста влијае прилично на секој дел од вашето тело, а устата и вкусот не се изоставени. Но, да се има кисел метален ...
3
Кегелови вежби
Кегеловите вежби се едноставни, но многу ефикасни и би требало да ги научи секоја жена, независно дали е бремена или не....
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?