|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

mamicki: Мојата породилна приказна

Редакција Рингераја, 12.3.2012
Моментот кога јас се претворив во “ние”

image
/11


 

Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.

ВАШИОТ момент на породување!

 

Детали

Ник: mamicki

Датум на породување: 29. 07. 2012 година

Тип на породување: царски рез

Болница: Општа болница Кочани

 

 

Не барав и не гледав црти, ниту ги очекував. На почетокот од декември 2010, со 37,5 години и син осмоодделенец, констатирав дека ми доцни менструацијата, вообичаено точна како швајцарски саат. По една недела закажав преглед кај мојот матичен гинеколог и на 10.12 попладнето отидов на преглед. Прегледот го покажа тоа што го знаев- на пат беше бебе! Мојата лекарка, инаку и пријателка, почна да се обидува да ми зборува дека треба да размислам убаво, да не избрзувам со одлука... но јас веднаш ја прекинав- за мене не постои ниту една друга опција кога ќе се зачне бебе освен тоа и да се роди. Не постои поголем грев од гревот да се одземе живот, а абортусот е многу брутален вид убиство. Освен тоа јас подолго време посакував второ дете, но- не се случи с? дотогаш. Следно беше да ми изнапише еден куп упати за разни прегледи кои морам да ги направам, дел според вообичаениот протокол, а дел поради специфичноста- имено, јас имам само еден бубрег. Целата зашеметена поради потврденото сознание дека во мене расне нов живот отидов дома и следните неколку часа ги информирав сите блиски дека едно мало ангелче патува кон моите прегратки. Највнимателно го информирав постариот син дека за неколку месеци ќе има братче или сестричка. Веста ја прифати мирно, дури и повеќе од што е нормално. Вистински се израдува дури на крајот од јануари, кога му соопштив дека ќе има братче.

Бременоста, освен по многуте прегледи за с? и сешто, ќе ја запаметам и по тоа што спиев неверојатно многу.  Други тегоби- немав. Напротив, никогаш не сум се чувствувала повитално и позадоволно.  Килограмите не ја зголемив многу и бев подвижна како и пред тоа. На работа одев до последниот ден, боледувањето ми е отворено на денот на породување.

Во шестиот месец утврдија дека бебето е карлично позиционирано. Иако ме разубедуваа дека е рано и дека до крај бебето уште којзнае колку пати ќе ја сменува положбата, јас знаев дека така ќе остане до крај. И првото дете го носев карлично цела бременост и така го родив, излезе со газенцето наместо со главата, го родив природно. Сепак, сега не бев расположена за таква авантура. Почнав да барам болница и лекар кој би ме породил. Во оптек ми беа повеќе варијанти, Ремедика, Чаир... На крај сепак избрав да се породам во Кочани каде што имав извонреден лекар на кого безгранично му верувам што за мене беше особено важно. По влегувањето во 38 гестациска недела од бременоста одев на прегледи преку еден ден. На 28.7 попладнето ми рекоа да останам бидејќи веќе имав почнато да се отворам иако немав болки.  Утрото ме подготвија за царски рез и околу 10 часот влеговме во породилната сала. Јас бев неверојатно убаво расположена, не се плашев ни малку, со душа чекав да си го гушнам синчето. Ме оперираа со општа анестезија, последно се сеќавам дека се шегував на своја сметка, а следно- како ме довикуваат, а јас барам да го видам синот. Го донесоа додека ме возеа кон шок соба, веќе беше завиткан во пелени и беше совршен! Заплакав од среќа. Успеав! Донесов на свет живо, здраво, право детенце, долго 50 цм и тешко 3250 грама! На деновите поминати во болница речиси и не се сеќавам, не знам заради што, па сега знам и да се пошегувам дека ми се чини оти Климент ми го има донесено штркот.

Царскиот рез покажа и поради што и двете мои бремености биле карлични цело време. Сум имала миом на материца, не ми е јасно како матичната никогаш  не го воочила при ехо прегледите. Сепак, и тоа не е којзае колку страшно- редовно го следат и при евентуални промени ќе го отстранат, па решив воопшто да не се оптоварувам со тоа. Уживам во секоја секунда покрај моите два сина. Постариот син е прекрасен брат. Се грижи за малото со огромна посветеност,  реагира на секое негово движење и глас. А јас сум бескрајно благодарна за целата таа среќа, посакувам секоја жена да го почувствува блаженството на мајчинството.

 

 

Рингераја му посакува среќно детство на Климент !

 

 

Сакате да ни ја испратите вашата приказна од породувањето?

Прочитајте како во статијата Породилни приказни.

 

 


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Болести во бременоста
Настинка, кашлање и пролив, се не многу опасни болести, но многу трудници се прашуваат дали би можеле да му наштетат на ...
9
Киретажа - значајна гинеколошка процедура
Киретажата претставува мала хируршка операција која се користи како за поставување на дијагноза од материјалот што се до...
5
Еве зошто папочната врвца е толку чудесна
Многу луѓе мислат дека папочната врвца е само „цевка“ што носи хранливи материи за нивното бебе. Сепак, од фотографијата...
4
Опасни инфекции за време на бременост
Добрата работа е во тоа што кај повеќето жени бременоста поминува без особени проблеми. Но, има и случаи кога претпазлив...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?