|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Мамичке, ова е вистината за моето спиење

Редакција Рингераја, 6.9.2021
Спиењето е еден од главните проблеми кој го имаат младите родители. Еве неколку информации како мојот сон да не биде ваша ноќна мора и како и вие да се наспиете, мамичке и татичко

image
/11


Кратки дремки

Јас веројатно доста спијам, но во кратки интервали. Тоа е заради тоа што мојот внатрешен часовник веројатно се уште не е добро усогласен со промената на денот и ноќта. Исто така, јас огладнувам на неколку часа, бидејќи моето стомаче не може да чува многу храна. Кога ќе наполнам околу 10 недели, веројатно ќе спијам подолго.

 

Драги мои родители, решението е во рутината

Добрите навики се стекнуваат со рутина и распоред. До осмата недела, мојот распоред на спиење може да биде усогласен со хранењето, но треба да постои официјално време за одење во кревет. Најдобро е да ме ставите во кревет околу 19-20 часот. Имајте на ум дека ние бебињата сме свесни што значи вечерен ритуал – кога не нишкате, кога ни облекувате пижами, пуштате музика и тоа значи дека е време за спиење. Само научи ме на тоа мамичке и јас ќе бидам многу послушен.

 

Не ме земајте постојано во раце кога ќе заплачам

Се согласувам дека во првите 3 месеци треба да ја задоволувате секоја моја потреба, но после тоа треба да се воздржувате и да не ме земате веднаш кога ќе заплачам. Понекогаш е доволно само да ме погалите по стомакот, или да ми пеете на уво. Тоа многу брзо ќе ме смири.

 

Ако сум преуморен не можам убаво да спијам

Научете да ги препознаете знаците на поспаност, кога ќе почнам да ги тријам очињата, или да се прозевам, тоа значи дека сум многу уморен. Ако малку дремнам во автомобилот или количката, или во твојата прегратка мамичке, тоа ќе ми ја намали поспаноста, но никако не може да ми го замени сонот. Од друга страна , ако малку не дремнам преку ден, нема шанси да заспијам навечер.

 

Не плаши се од промените мамичке

Можеби сега спијам како јагне, но немој да се буниш ако тоа се промени во некои важни периоди. Што и да правите, немојте да го менувате редот на спиење, инаку ќе си играм тогаш кога ќе треба да спијам.

 

Ако ме мачат грчеви, ќе спијам потешко

Бебињата кои плачат три часа дневно, барем три дена неделно во првите три месеци, имаат колики, односно стомачни грчеви. За среќа, оваа состојва трае до крајот на третиот месец, а дотогаш можете да ме смирувате со повивање, пеење и тивко шепотење. За среќа, не трае долго инаку мама би полудела. Не е лесно да се има бебе, дали тоа некој ви го кажал?

 

Не постои точен рецепт

Бебињата не се мерни па да имаат точен рецепт. Следете го само мојот ритам и бидете свесни дека правила не постојат. Ако имате постаро дете, не очекувајте ист ред и од помалото. Тоа стручно значи – не ме споредувајте со братот или сестрата.

Ете, тоа би било тоа. Мислите дека на нас бебињата ни е лесно? Па ние појма немаме, но затоа се тука мајките кои се наши ангели чувари и кои ќе не учат и водат низ животот.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

10 вкусни овошни кашички за бебе
Направете сами сладок оброк за своето бебе! Домашните кашички се повкусни, поздрави, поевтини. Еве неколку предлози...
4
Календар на исхрана од 4-12 месеци
Воведувањето на цврста храна кај доенчињата може да биде забавно, весело и интересно, но е предмет на сомнежи и двоумење...
4
Пертусис
Пертусис (или голема, магарешка кашлица) е болест која се јавува какорезултат на инфекција на грлото со бактеријата Bord...
4
Што да се прави со бактериите во носот?
За жолто-зелениот секрет од носот е потребна антибиотска терапија. За бистар секрет не е потребна терапија! Тоа е исправ...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?