Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Луѓето порано го сметале лукот дека е спасоносен во време на епидемиите од чума. Верувале во митот дека ако закачат венец од лук на вратата, чумата ќе ги одмине.
За време на Божиќ на дечињата врз облеката им закачувале главица лук, да бидат здрави и да ги чува од лошите сили.
За време на војните, во минатото, лукот го користеле како средство против гангрена.
Денес, пак, ова чудо на природата се користи како за лекување, така и за спречување на безброј здравствени проблеми – почнувајќи од високиот холестерол, се до обичната кашлица.
Лукот е најпопуларен по својството да биде природен антибиотик. Уште во 19 век Луј Пастер го испитувал антибиотското својство на лукот во лабораториски услови, за денес многу современи научни испитувања да го потврдат тоа.
Анализите посочуваат дека во споредба со некои антибиотици, лукот има поширок спектар на дејство.
Антибактериските својства на лукот се должат на состојката АЛИЦИН, која за жал се уништува од високата температура при готвењето.
Познато е дека лукот помага во справувањето со нестабилноста на крвниот притисок. Научно е докажано дека лукот го намалува крвниот притисок. Тоа својство се должи на сулфидите во него, кои не се уништуваат при термообработка.
Хипократ го препорачувал лукот против забна болка. Некои методи во народната медицина укажуваат на користење надворешни облоги од лук, но подобро дејство се постигнува кога лукот е поставен директно врз болниот заб.
Причината поради која лукот ја намалува болката се должи на состојката алицин, која го спречува развојот на бактерии во устата и болниот заб, но сепак не може да го спречи развитокот на кариес.
За да бидете сигурни во ефективноста на лукот, најпрво излупете го и убаво истолчете го. Со тоа ќе се осигурате алицинот да делува директно.
Алицинот е сложена хемиска состојка – нестабилно соединение кое брзо се распаѓа. Колку е постар лукот, толку е помало количеството алицин.
Многумина го избегнуваат консумирањето лук поради непријатниот здив и вкус во устата. Бактеријата, која го предизвикува лошиот здив може лесно да се отстрани со обични хигиенски методи – редовно миење на забите и јазикот.
Друг начин да се отстрани непријатната миризба е по консумирањето лук да јадете свеж магдонос. Не е случајно што во рецептите каде се користи лук, присутен е и магдоносот. За да има целосен ефект магдоносот треба да се џвака.
Најсигурен начин да го решите проблемот со лошиот здив од лукот е консумирањето во друштво на пријатели, љубители на ова чудо на природата.
Поголем проблем може да биде миризбата од лук која останува на рацете, но тоа лесно се решава со миење на рацете со сок од лимон.
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Правилна грижа за забите во училишна возраст
Стоматолошката грижа за децата на училишна возраст може да биде многу ...
Што да јадат децата за да имаат здрави заби?
Сите сме слушнале дека млекото гради силни коски. Но, дали знаевте дек...
Вештачката интелигенција ги управува апаратите во домот
Паметен дом (Smart Home) е концепт во кој сите главни апарати за домаќ...
Твори - Читај - Биди хуман - Проект на Софија Петковска
ТВОРИ – ЧИТАЈ – БИДИ ХУМАН е проект кој под водство на Софија Петков...
Дренвин - Извонреден природен помошник против целулитот
За Дренвин, имаме неколку анонимни изјави од луѓе кои го користеле про...
Бременост.
пеперутка16
Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?