|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Лицата со аутизам се присутни во општеството

ТВ Спектра Струга, 2.4.2015
Со низа активности дневниот центар Порака Нова од Струга денес се придружи кон одбележувањето на 2- ри април, Светскиот ден на аутизмот

image
Струга
/41


 

Во центарот на Струга, на минувачите им се делеа сини ленти, се цртаа цртежи со креда, се слушаше музика, се со цел да се подигне свеста на граѓаните за состојбата со аутизмот.

- Треба да ја подигнеме јавната свест дека лицата заболени од аутизам се присутни во општеството и дека тие се негов дел. Состојбата аутизам е нешто кое мора да се прифати. Грижата за лица со посебни потреби и аутизам никогаш не е доволна, секогаш е потребна поголема грижа и прифатеност од околината. Сеуште нема точни податоци за тоа колку има заболени лица во Македонија, во последниот период Факултетот по дефектологиј излегува со некои бројки дека бројот на лица со аутизам се зголемува, вели Анита Гогоска од дневниот центар Порака Нова.

Аутизмот е многу сложено биолошко нарушување на мозокот. Основното обележување на аутизмот е слаба социјална интеракција, комуникација и ограничени повторувачки начини на однесувања. Постојат благи и тешки форми на аутизам, кој почесто се јавува кај мажите отколку кај жените.

Генетиката на ова нарушување е комплексна. За сега не се знае кои гени се одговорни и на кој начин настанува аутизмот. Во ретки случаи, аутизмот се поврзува со факторите кои предизвикуваат мани при пораѓањето. Истражувањата покажуваат дека распространетоста е од еден до два случаи на аутизам на 1000 луѓе. Бројот на регистрирани деца со аутизам драматично е зголемен од 1980 година, најверојатно порани напредните можности за дијагноза. Оваа болест не се дијагностицира пред третата година на детето, бидејќи клиничката слика се развива преку созревање на централниот нервен систем. Но, особено е важно препознавањето на раните знаци кај децата од кои може да се препознаат ризични деца и да се процени нивниот развој. По овие знаци се изработуваат рехабилитациски третмани кои низ мобилни услуги може да се спроведуваат дома, а кои ги учат родителите. Научно е докажано дека преку рана интервенција значајно може да се подобри животот на овие личности. Во современата пракса се нагласува важноста на препознавање на рани знаци на аутизмот и вклучувањето на децата во рана интервенција, дури и пред да ја наврши првата година од животот.

 

Извор: Спектра ТВ

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Совети за среќен живот
Еве некои совети како да им помогнете на своите деца да живеат посреќно во денешниот свет, исполнет со брзање, напнатост...
4
Девојчињата прерано на штикли
Многу од производителите на чевли во својата понуда денес имаат и штикли за деца. Лекарите предупредуваат дека носењето ...
4
Вие го воспитувате добро, тоа се однесува ...
Вашето дете не сака да ги поздрави соседите во лифт, или ја фрла хартијата од чоколадо на под, а Вие го воспитувавте да...
4
Научете го синот да биде џентлмен
Вашиот син – културен и воспитан дечко со кој се гордеете. Еве неколку совети за родителите на момчиња
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?