AniJo во 19:13
на тема RE: Сурогат - мајка !?!
Во 40% од случаите, неплодна е жената, во 40 % мажот, а преостанатите 20 % и двајцата партнери. Околу 15 до 20 % од паровите се неплодни (не можат да зачнат и по една година незаштитени односи, додека само 1 до 2 % се стерилни. Од оние кои бараат помош, половина зачнуваат природно или со медицинска помош.
За полесно зачнување, можете да се обидете и со алтернативните методи акупунктура, акупресура и хомеопатија. Техниките за опуштање можат да го намалат стресот кој понекогаш придонесува за неплодност. Исто така можат да помогне масажа, јога и медитација.
Микронутриенти
Цинкот e важен за плодност кај двата партнера (додаток од 15 мг на ден). Со него земајте и бакар. Недостаток на цинк влијае на лош квалитет на спермата. Цинкот го има во спанаќ, мешункасти растенија, џигерот, млекото, говедско месо, сирење, сардина, морков и суви сливи.
Витамин Ц се покажал добар кај машките, бидејќи ја зголемува количината на спермата.
Витамин Б6 се покажал како добар борец против неплодност. Најмногу го има во спанаќ, мешункасти плодови, банани, тиквата, кељ и брокула.
Фолна киселина се препорачува во првото тромесечје од бременоста. Ја има во посно месо, риба, мешункаст зеленчук, овошјето и интегралните житарки.
Аргинин им помага на мажите со мал број на сперматозоиди. Најдобар извор е сончогледот. Останати извори се кикирики, бадеми, леќа.
Лековити растенија
Мацина трева (очајница) е лековито растение со кое жените традиционално се лекуваат од неплодност. Од оваа трева се подготвува чај, три пати дневно по една чаша во време кога сака да забремени. Не смее да се пие за време на менструација.
Шведска горчливка – се прави чај и се пие редовно повеќе од еден месец.
Честославица – една мала чајна лажичка од честославица се потопува со врела вода и се остава 5 минути. За жени.
Имела (сок) – наутро на празен желудник се зема 25 до 30 капки сок од имела. Исто толку капки се земаат и навечер пред спиење. Сокот може да се купи во аптека, но поделотворен е свеж. За жени.
Ѓумбир - значајно го зголемува бројот на сперматозоидите и нивното движење. Може да се зема во облик на чај или како додаток, зачин во храната.
Малина – чајот од листовите на малината се препорачуваат за поголема плодност, а и на трудниците за смирување од иритација на матката.
Причина за секој втор спонтан абортус е неможноста плодот да се развие. Најважен знак по абортусот (до 3 месеци) е крварењето. Знаци на абортус кој настанува подоцна (од 3 до 7 месец) се слични како породување.
Вркута – на жените кои им се заканува абортус или веќе го имале треба да пијат дневно 4 до 6 чаши чај од вркута.
Мајчина душица – дневно да се пијат 2 чаши голтка по голтка.
Американска удиковина – 20 капки на ден. Доколку се појави благо крварење се зема на секои два часа, додека крварењето не престане.
Чајна мешавина – добро промешајте подееднакво делови од столисник (ајдучка трева) и вркута. Дневно пијте по 2 до 3 чаши од овој чај, голтка по голтка.
Чајна мешавина – 1 лажица маточина и иван – цвет, и пола лажица малина и коприва да проврие во половина литар вода. Да се пие во текот на денот, не повеќе од три чаши.
Извори: Зелена аптека, Божја билна аптека, Советник за здравје; подготвила, Ана Метикош
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Вештачката интелигенција ги управува апаратите во домот
Паметен дом (Smart Home) е концепт во кој сите главни апарати за домаќ...
Твори - Читај - Биди хуман - Проект на Софија Петковска
ТВОРИ – ЧИТАЈ – БИДИ ХУМАН е проект кој под водство на Софија Петков...
Дренвин - Извонреден природен помошник против целулитот
За Дренвин, имаме неколку анонимни изјави од луѓе кои го користеле про...
Правилна исхрана на мали деца во лето
Малите деца, особено во лето се повеќе изложени на ризик од болести ко...
Зошто магнезиумот е важен во бременоста?
Магнезиумот е минерал од витално значење во текот на нашите животи. Ос...
Бременост.
пеперутка16
Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?