|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Лекции за суштината на татковството

Leo Babauta, 13.1.2015
Да се биде татко значи да се биде тука за своите деца. И додека некои денови нема да им бидете потребни, еден ден повторно ќе им станете. Тоа не е неблагодарна работа, бидејќи секој ден ќе ви се заблагодаруваат со нивната љубов, присуство, насмевки..
Клучни зборови:

image
/11


 

Татко сум повеќе од 21 година, имам 6 деца и уживав во секој хаотичен момент од татковството.

Мојот помлад брат овој месец ќе стане татко и многу е исплашен заради тоа. Се грижи дали ќе биде добар татко или не.

Можам да кажам дека тоа што станав татко, беше една од најстрашните работи кои сум ги искусил во животот. Одеднаш, на 19 години, бев одговорен за уште еден нежен човечки  живот, толку драгоцен и мил, а толку мал и слаб. И бев потполно неподготвен – никој не ме научи што да правам, а до тогаш имав искусено само неколку животни лекции.

Тоа беше најстрашното, но и најдрагоценото искуство кое некогаш сум го имам.

Ми донесе поголем ултрамаратон од брзата женидба, започнувањето на успешен бизнис и помагајќи им на илјадници луѓе да ги променат своите животи, водејќи се од мојот пример.

Да бидам искрен, на почетокот бев очаен татко.

Мојот најголем проблем, освен што немав појма што правам, беше  ставот “јас знам најдобро”. Сметав дека моето дете треба да прави така како што јас ќе кажам и да стане личност каква што јас сум замислил. Сега знам колку тоа беше глупаво, но тогаш тој став ми донесе многу конфликтни ситуации.

Денес таткото го гледам не како вајар, кој ги обликува децата од мека глина, туку како мачкар, кој се грижи за своите малечки. Таткото не е некој кој своите деца треба да ги става во калап и да произведува совршени човечки битија по свој вкус...тој треба да се грижи тиер да бидат живи, здрави и сакани и да пораснат во луѓе, какви што ги дала природата.

За младите мажи кои стануваат татковци и младите жени кои стануваат мајки, еве го моето размислување за “собирање на мачињата”. Имајте во предвид дека повторно и повторно сум го правел спротивното од она што сега го знам и дека овие лекции сум ги научил на потешкиот начин.

 

Ваша прва работа е да ги сакате

И да им се најдете кога треба.  Тоа е вашата најваѓна должност. Секако, треба да се гриѓиме за тоа да се безбедни, нахранети, облечени и пелените да им се суви, но тоа не е толку тешко. Она што е навистина важно е детето да израсне во личност која е сакана. Тоа е уште потешко, бидејќи мислиме дека со тоа што сме родители, имаме право да го тераме детето да се однесува како што сакаме ние, да стане тоа што ние сме замислиле и заради тоа притискаме, судиме, имаме одредени очекувања, беснееме, подигнуваме ѕидови меѓу нашите и нивните срца. А всушност сите тие работи не одвраќаат од нашата главна обврска: да ги сакаме.

Ако на крајот од животот можете да кажете дека сте биле тука за вашето дете и дека се чувствувало сакано, тогаш сте успеале.

 

Примерот кој ќе им го дадете е поважен од сите зборови

Често ги учиме децата да бидат љубезни со другите, а потоа урламе на нив, па децата не учат да бидат љубезни, туку да урлаат.  Кога ќе ги казнуваме заради нешто, не ги учиме ништо друго освен да казнуваат. Кога нешто ќе им скратиме, не ги учиме на споделување, туку на скратување.

Ако сакате децата да ви пораснат во здрави луѓе, би требало да вежбате и да се храните здраво. Ако сакате детето во животот да го прави она што сака, водете се и вие од тој принцип. Ако сакате да чита – исклучете го телевизорот и читајте. Ако не сакате да игра игри на компјутер цел ден, исклучете го компјутерот.

 

Прегратката е поделотворна од казната

Со прегратката ние ја вршиме нашата основна должност (да сакаме), додека со казнувањето му даваме на детето пример што да прави, кога некој друг ќе згреши – да го казни. Кога детето се однесува лошо, тоа е погрешно, но дали ние возрасните сме безгрешни? Зарем никогаш не сме нервозни, не подлегнуваме на искушенија и не лажеме? Ако го правиме истото, зошто тогаш го казнуваме детето заради тоа?

Она што е поважно од осуда и казна, е на детето кое згрешило да му понудиме разбирање. Емпатија. Што би ви помогнало вас во таква ситуација? Имајте сочувство, прегрнете го. Секако, треба да разговарате и за проблемот, детето да разбере зошто тоа однесување не е добро и да почне да сочувствува со оној кој го повредил. Тоа ќе го научи од вас.

 

Пуштете ги да станат тоа што сакаат

За тоа не се прашувате вие. Можеби вам ви е нешто многу важно, но нив нема да им биде. Можеби вашите интересирања нив ќе им бидат безвредни, но тоа сте вие, не тие. Пуштете се да се искажат на свој начин. Пуштете ги сами да сфатат кои се, да прават свои избори, свои грешки, сами да излезат на крај  со своитер емотивни потреби и да станат самостојни што е можно порано.

 

Читајте со нив

Играјте си со нив со топка. Разговарајте. Гледајте заедно во ѕвездите. Месете колачи. Слушајте музика која нив им се допаѓа и играјте заедно. Наутро поздравете се со широка насмевка и цврста прегратка. Сложувајте сложувалки, вовлекувајте се во нивните тврдини од ќебиња, преправајте се дека сте принц, измислувајте приказни, бркајте се во дворот, заедно пејте, одете на пливање, трчање или возење велосипед.

Секој момент кој го живеете со детето е чудесен. Потоа децата ќе пораснат и ќе станат свои луѓе, ќе откријат кои се, ќе бидат некогаш и повредени и ќе им треба вашето рамо за плачење.

Така што, да се биде татко значи да се биде тука за своите деца, додека еден ден повеќе не им бидете потребни, за повторно да ве побараат. Тоа не е неблагодарна работа,  бидејќи секој ден ќе ви се заблагодаруваат со нивната љубов, присуство, насмевки...

Колку радосна работа е да се биде татко!

 

Извор: Zen habits

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Крвна слика кај децата и нејзино значење
Од наодите на крвната слика можеме да видиме присуство на анемија, инфекција (бактериска или вирусна), алергија, паразит...
5
Паметни играчки според возраста на детето
Во прилог е водич за тоа како и на која возраст децата играат, играчки со коишто се забавуваат и им помагаат да го разбе...
4
Што да правите кога детето повраќа?
При повраќање организмот губи брзо многу течности и минерали. При обилно и постојано повраќање се стигнува брзо до дехид...
4
Склопување нови пријателства
Погледнете го разговорот со психологот Розета Павлова и искуството на мајката Ивана Кочева и нејзиниот син Михајло на те...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?