|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

lady_bug: Мојата породилна приказна

Редакција Рингераја, 30.6.2014
Моментот кога јас се претворив во “ние”

image
/11


 

Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.

ВАШИОТ момент на породување!

 

Детали

Ник: lady_bug

Датум на породување: 23.06.2014  година

Тип на породување: природно

 

Повторно најубавото чувство на светот кога станав мајка по втор пат на прекрасна ќеркичка,која со нетрпение ја чекав. Беше неделно утро, кога со моето синче станавме и си реков денеска ке се шеткаме цел ден, на што тој нормално се израдува. Се средивме излеговме јас и тој сами, ама некако се ми беше тешко, дури воздухот ми беше тежок ама си велев рано ми е терминот ми беше 7-ми јули.

И така од прошетката седнавме да се одмориме малку и на станување многу тешко се почувствував и полека си отидовме дома со син ми. Ме фати некое нерасположение и си молчев цел ден.
Вечерта го избањав син ми, потоа се средив се избањав и јас и си легнавме јас и тој во спална, а маж ми беше излезен. Се вртев по креветот и од полулежечка состојба се спуштив легнав, а цело време стомакот ми се стегаше си велев ајде не е тоа. Одеднаш нешто како да ми се скина во мене и после неколку секунди гледам водењакот прснал. Веднаш свртев кај маж ми му викам доаѓај а тоа беше некаде 12 на полноќ. За неколку минути почнаа контракциите. Тој дојде и едвај стигнав со многу болки во болницата некаде околу 12 и 25 по полноќ. Ме прегледаа со два и пол прсти отворена и докторот вели има време а јас имав ненормални болки. Ме ставија на ЦТГ, но немаше шанси да лежам, бидејќи добивав напон. Сестрата ми велеше да не напнувам, но не можев.
Докторот ме гледа и вели ајде носете ја во сала,а маж ми стои во ходникот и се слуша. Во количка ме однесоа во сала и веднаш  ме ставија на бокс. Докторот вели ајде напнувај и кога толку силно напнав и само пред мене излезе мојата срцка, мојата ќерка. Значи за 45 мин ја донесов на свет мојата среќа.
И тогаш пламнав во плач од радост, што не можеа да ме смират.
Мојата душичка,која го доби името КАЈА дојде на овој свет во 00,50 на 23.06,2014 со тежина од 3100кг, должина 49цм.
После неколку часа ми ја донесоа а јас повторно во плач, не можев да си ги контролирам емоциите. Утредента следеше посета од сопругот и синчето кое беше пресреќно, си добило сестричка.
Од моментот кога добив второ дете сфатив дека ТИЕ ДВЕ МОИ СРЕЌИЧКИ СЕ НАЈГОЛЕМО БОГАТСТВО КОЕ ГОСПОД МОЖЕШЕ ДА МИ ГИ ПОДАРИ-му благодарам и нека ги чува како и сите дечиња на овој свет зашто тие се најголемо исполнение на секој родител.

Рингераја и посакува среќно детство на Каја! 

 

Сакате да ни ја испратите Вашата приказна од породувањето?

Прочитајте како во статијата Породилни приказни


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Труднички желби
Жените во бременоста почесто ќе бидат тие кои ќе кажуваат што ќе се јаде и каде ќе се оди на вечера, од што не треба да ...
5
7 знаци дека ќе се породите за 24-48 часа
Ако сте за прв пат мама, веројатно постојано ви се чини дека ги препознавате раните знаци на породување. Навистина се ра...
4
Киретажа - значајна гинеколошка процедура
Киретажата претставува мала хируршка операција која се користи како за поставување на дијагноза од материјалот што се до...
3
Дали да се депилирате (или не), пред пород...
Ќе боли ли како пекол? И уште поважно, дали е безбедно? Слушнавме дека некои гинеколози советуваат да не се бричите или ...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?