Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Уште од мали знаеме дека овошјето е многу важно за целокупното здравје, а една од најпознатите корисни овошки за човечкиот организам се дефинитивно крушите. Круша е овошје со големина како и јаболката, но за разлика од неа, крушките имаат кора која потешко се лупи и може да биде жолта, зелена, кафеава, црвена или дури и комбинација од сите овие бои.
Ова овошје е обично со сладок, сочен и многу сладок вкус, а најпозната е кинеската круша, која исто така има и најмногу лековити својства. Круши може да се најдат во текот на целата година, но сепак, највкусни се токму во овој период, есента.
Хранлива вредност
Крушите се одличен извор на влакна, а освен нив, исто така, содржат витамини А, Б1, Б2, Ц и Е, како и фолна киселина и ниацин. Ова овошје е богат извор на бакар, калиум и фосфор, а во помали количини содржи и железо, магнезиум, натриум и сулфур.
Здравствени придобивки од конзумирањето на круши
Крушите се хипоалергично овошје кое содржи многу влакна, па затоа и тоа ретко предизвикува алергиски реакции. Сокот од круша е одличен за новороденчиња, првенствено затоа што има благ вкус, но, и заради големиот број здравствени придобивки кои ги носи со себе.
Исто така, докажано е дека крушите се одличен регулатор на крвниот притисок, бидејќи во својот состав имаат антиоксиданси и антиканцерогени состојки кои ја спречуваат појавата на покачен крвен притисок и срцев удар.
Крушата може да се пофали и со тоа што содржи состојки кои ја спречуваат појавата на рак- високото ниво на витамин Ц и бакарот го намалуваат нивото на слободните радикали во телото, на тој начин спречувајќи оштетување и заболување на клетките. Пектин е уште една корисна состојка со која се богати крушите, а која делотворно го намалува ризикот од појава на лош холестерол.
Крушата има и исклучително позитивно влијание на дигестивниот тракт– хранливите влакна кои се содржат во крушата се одлични за здравјето и функционирањето на дигестивниот тракт, затоа што можат да помогнат во спречувањето на појава на рак на дебелото црево. Исто така крушата е одличен сојузник против опстипација (запек)- пектинот е диуретик и има благ лаксативен ефект, кој ги стимулира цревата и овозможува правилно варење на храната.
Крушата е богат извор на глукоза и фруктоза, кои брзо го зголемуваат нивото на енергија во човечкото тело . Се верува и дека најбрз начин за намалување на телесната температура е консумација на свежо исцеден сок од круши. Крушата помага во зајакнување на имунитетот– антиоксидансните состојки на крушите го зајакнуваат имунолошкиот систем , па се препорачува јадење на круши или пиење на сок од круши, особено сега, во сезоната на настинки и грипови.
Крушите имаат и смирувачки ефект во процесот на ослободување од болка, при разни воспаленија.
Сите бремени жени во текот на бременоста треба да го зголемат внесувањето на фолна киселина, со цел да се спречи појавата на некои можни деформации на плодот. Крушите се богати со фолна киселина, па затоа лекарите препорачуваат консумирање на круши во текот на бременоста .
Совети за консумирање круши
При купувањето, секогаш одберете ги поцврстите круши со потемна боја. Потоа оставете ги да отстојат неколку дена, додека не омекнат. Крушите чувајте ги подалеку од храната која има интензивен мирис како што е кромидот, бидејќи ова овошје може лесно да го превземе мирисот од другата храна.
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Твори - Читај - Биди хуман - Проект на Софија Петковска
ТВОРИ – ЧИТАЈ – БИДИ ХУМАН е проект кој под водство на Софија Петков...
Дренвин - Извонреден природен помошник против целулитот
За Дренвин, имаме неколку анонимни изјави од луѓе кои го користеле про...
Правилна исхрана на мали деца во лето
Малите деца, особено во лето се повеќе изложени на ризик од болести ко...
Зошто магнезиумот е важен во бременоста?
Магнезиумот е минерал од витално значење во текот на нашите животи. Ос...
Колку вода да пиете додека сте бремени?
Предлогот за пиење вода за време на бременоста е околу шест до осум ча...
Бременост.
пеперутка16
Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?