|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Компјутерот - тројански коњ во детската соба

Редакција Рингераја, 5.1.2015
Се почесто родителите се обраќаат за помош кај детскиот психолог. Нивното дете, вовлечено во еден виртуелен свет, не успева или не сака да ја создава сегашноста, ниту му е грижа за иднината
Клучни зборови:

image
/11


 

Во последните години компјутерите го освоија и животот на нашите деца. Додека тие беа маѓепсана и заслепени, родителите и општеството се покажаа неподготвени за ризиците од новата играчка. Не задоцнија и последиците. Се почесто родителите се обраќаат за помош кај детскиот психолог. Нивното дете, вовлечено во еден виртуелен свет, не успева или не сака да ја создава сегашноста, ниту му е грижа за иднината.

Постојат многу причини за формирањето на компјутерска зависност, но за разлика од другите форми на зависност, зависноста од компјутерите и злоупотребата со нив станува дома, т.е. пред очите на родителите. Токму на нив паѓа улогата да ги ограничат овие штетни навики. Откривме дека една од причините родителите да ги потценуваат ризиците од играњето на децата со компјутер е нивното верување во некои митови за компјутеризација на децата.


Митови за децата и компјутерите

Мит: Децата кои користат компјутери учат повеќе за светот на високата технологија и компјутерски науки.

Реалност: Обично децата под 9 - 11 година се пасивни корисници на достигнувањата во оваа област. Дури по оваа возраст детското размислување е способно да почне да ја разбира материјата на дигиталните технологии, под услов да има возрасен кој ќе му помогне во тој процес.

Мит: Употребата на компјутер ја развива интелигенцијата на детето.

Реалност: Компјутерот не ги учи првачињата на математика. Размислувањето, меморијата и имагинацијата на детето се развиваат преку едукација, активно учење и комуникација во социјалната средина со возрасни и врсници. Комуникацијата на интернет, социјалните мрежи и разговори, го попречуваат развојот на социјалната интелигенција на децата.

Мит: Децата и адолесцентите кои поминуваат повеќе време пред компјутер не се проблематични.

Реалност: Употребата на дрога, алкохол и цигари, природно се поретки кај децата, кои ги поминуваат часовите пред компјутер. Но има и други опасности кои ги демнат децата. Освен дека се загрозени од дебелеење и различни здравствени проблеми, нивните родители често се жалат на зголемувањето на бегањето од училиште, нискиот успех, недостатокот на желба за социјален живот и личен развој.

Мит: Посигурно е детето да е дома на компјутер, отколку на улица.

Реалност: Светската статистика покажува дека несреќите со деца на улица се помалку во споредба со случаите во кои децата неконтролирано престојуваат на интернет, стануваат жртви на сериозни злосторства во мрежата како сексуална злоупотреба, користење на лични податоци на член од семејството или сајбер малтретирање во социјалните мрежи.

Мит: Децата кои користат интернет добиваат повеќе информации за светот.

Реалност: Да и не. Често содржината во различни сајтови на даден проблем е еднотипна. Кога информациите не се од официјален сајт, тоа може да е објавено од некој светски непознат привиден "експерт" по темата. Детето треба да биде стимулирано од возрасните да бара различни перспективи, да ги потврдува информациите објавени на интернет со посигурен извор-учебници, енциклопедии. Тоа треба да знае дека во овој медиум недостасува контрола и секој може да објави што сака и никој не следи, дали овие податоци се веродостојни или не.

 

Идеи за заштита на детето од компјутерска зависност

 

1. Купете компјутер за своето дете, тогаш кога обуката и обврските ќе го наметнат тоа. Така, тоа ќе биде награда и признание за неговото напредување, а не уште една играчка.

2. Забранете ги игрите чии сценарија дозволуваат да се игра со многу играчи или да се гради биографија на херојот од типот "second life". Тие го задржуваат детето навистина многу време пред мониторот.

3. Компјутерот не треба да е во детската соба. Освен тоа што детето ќе се изолира од животот на семејството, нема да можете да гледате какви сајтови посетува.

4. Ангажирајте ги децата и со нешто друго - спорт, танцување, екскурзии, помош дома.

5. Поканете деца дома, викнете ги вашите родители на гости. Денешните деца не знаат многу од старските детски игри. Натерајте ги родителите да им покажат како да играат со друго, освен со компјутерски игри.

6. Ако децата користат интернет, предвреме дознајте кои сајтови ги посетуваат.

7. Уште пред да започне, замолете го вашето дете да одлучи колку време ќе игра. Инсистирајте да го почитува времето.

8. Според СЗО времето поминато пред мониторот кај дете на 10 години не смее да надмине 2 часа дневно. За дете на 6-7 години тоа треба да е не повеќе од 20-30 минути.

9. Помогнете му на вашето дете од пасивен да стане критичен корисник на модерната технологија. Подарете му книги за важни луѓе и настани во светот на компјутерите. Барајте заедно образовни сајтови погодни за неговата возраст. Вашето дете може и да не стане следниот Бил Гејтс, но ќе разбере, како се создава оваа виртуелна средина и што реално може да се постигне во неа.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Што да правите кога детето повраќа?
При повраќање организмот губи брзо многу течности и минерали. При обилно и постојано повраќање се стигнува брзо до дехид...
5
Колку сте полоши со детето, полошо станува...
Рускиот психолог Јулија Гипенрејтер својот живот го посветила на проучување на односот помеѓу родителите и децата. Нејзи...
4
Објавена програмата на „После часови“!
Ако се уште не сте слушнале за „После часови“, драго ни е да бидеме први да ви пренесемеедна супер вест!
4
Избираме најубава творба: Ели Јошеска
Уметничка творба на тема Правата на детето по повод одбележувањето на Детската недела ни испрати учителката на Ели Јошес...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?