|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Кога во семејството имате близнаци

Ана Метикос, 8.6.2010
Уште од самиот почеток на бременоста животот со близнаците е покомплициран и бара поголем надзор.

image
/11


Во бременоста ќе одите на чести контроли и дополнителни тестови. Можат да почнат многубројни проблеми и затоа е потребно поголемо внимание на идните мајки и лекарот. Прашајте го гинекологот на што треба да внимавате и веднаш реагирајте ако нешто ви е сомнително.

Бидејќи материцата е растегната и жената има вишок килограми, под притисок може да дојде до предвремено породување. Скоро половина од близначките бремености завршуваат пред 37 недела на бременост.

Многу чест е царскиот рез заради можните ризици (високиот крвен притисок, состојбата на едното, или двете бебиња) или неповолната положба на едното, или двете бебиња.

Многу чест е и индуцираното породување, затоа што наизглед нормалните ситуации се опасни ако носите близнаци. Но не грижете се, тимот на лекари ќе стори се пораѓајот да помине во најдобар ред за вас и за вашите бебиња.

Бебињата често имаат мала породилна тежина и пократки се од востановениот просек. Со самото тоа ним им треба подолго време да прифатат и научат доење, или хранење со шишенце. Некои можат да бидат и во инкубатор, додека не зајакнат.

Поголеми проблеми имаат мајките кои дојат, но секако дека постојат можности да се дојат близнаци. На многу мајки им е полесно кога истовремено ги дојат близнаците, поставени на перниче, секое на по една страна на дојката. За бебињата  родени предвреме и со ниска родилна тежина е уште побитно да бидат доени, за да го зајакнат организмот и да ги примат сите потребни нутритиенти. Без грижи, вашето тело ќе произведува доволно млеко за двете бебиња.

За мајката е неопходно да се привикне на секојдневната рутина- пресоблекување, успивање, бањање. Мајките на близнаците кажуваат дека им е најпрактично во исто време да ги хранат и пресоблекуваат, отколку едното бебе да плаче и да чека на ред.

Секоја помош ви е добредојдена, дали од роднините или од дадилка. Ако имате и постаро дете, помошта ви е уште попотребна ако тоа не е доволно старо да ви помогне и да се грижи за своите физиолошки потреби. Во прво време многу малку ќе успевате да се одморите, заради постојаниот ритам на хранење, пресоблекување и успивање. Затоа одморајте се додека бебињата спијат. Прифаќајте каква и да е помош за да си го олесните секојдневието.

Неколку недели после породувањето, ќе забележите усогласување на ритамот кај бебињата. Во исто време ќе бидат гладни, ќе спијат и ќе вршат нужда.

Трошоците се дупли – пелини, козметика, облека. Овде нема да имате многу помош. Прифатете користена облека, ако некој ви понуди, за да ги намалите ионака високите трошоци.

Преслатко е кога близнаците се облечени во иста облека бидејќи сите ние ги доживуваме како еднакви. Овде треба родителот да биде посебно внимателен, бидејќи сепак тие се посебни индивидуи. Потребно им е посебно внимание и имаат право на поинакви интереси и сопствен животен пат. Внимателно следете ги и помогнете им да се развиваат со свое темпо и да тргнат по патот кој самите го зацртале.

Позитивна страна кога имате близнаци е што после неколку месеци тие се забавуваат сами. Си играат, си зборуваат и взаемно се учат. Имаат некој во своја близина кој е на нивно ниво.

Докторите советуваат од многу рано да ги оставате заедно, дури и блиску еден до друг. Долго ја делеа материцата и многу повеќе ќе се утешат и смират, ако се заедно и ако се допираат. Така поубаво ќе спијат и ќе бидат помирни.

Уживајте во својата дупла среќа!

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Млеко во исхраната – кое, кога и колку?
Млекото се истакнува како еден од најважните и најпотполни продукти во исхраната на децата, но она на што треба да се в...
5
Рецепти за први оброци на бебето
После 17-тата недела, односно после наполнети 4 месеци од животот, време е за воведување на нови намирници и дополнителн...
4
1-та недела по раѓањето - што треба да зна...
Од стимулирање на млеко, грижата за папочната врвца па се до враќањето дома - еве кои се работите што треба да ги знаете...
3
Привикнување на нокшир за момчиња - 5 чекори
Времето брзо помина и вашето малечко веќе не е бебе. Дојде време кога размислувате дали да започнете да го привикнувате...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?