|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Кога би имала еден ден со татко ми...

www.fakulteti.mk, 19.3.2014
А на крајот, би му рекла дека пржени јајца за појадок и не е толку лоша идеја и дека ми фали да се смееме иако немаме друго за појадок, дека ми фали да гледа лотарија додека јас цртам и тие ултра грди цртежи да ги закачи на ѕид
Клучни зборови:

image
/11


 

Би зборувала. По ѓаволите би зборувала и би ја споделувала секоја секунда која толку себично ја чувам од другите луѓе.

Би зборувала. Би зборувала за спорт, за филмови, за скапиот капут што никогаш нема да го имам, за времето што секогаш оди во спротивен правец од мојата коса.

Би имала најдобар другар. Би имала личност за сладолед. Би имала личност за прошетки. Би имала личност за искрено бескрајно смеење. Би имала најдобар другар.

Би била типична јас, која толку срамежливо ја кријам под сериозноста и обврските што ми ги носат годините. Би била несебично јас и би рекла искрено дека си ги мразам забите. А тој би ми рекол дека тоа е единственото што никогаш не би го сменил кај мене. Би рекла дека мразам правила, дека ме гушат луѓе што се box thinkers и немаат широки сфаќања. Дека мразам како животот ми стана испланиран и досадно организиран вртлог и една огромна контрадикторност. Дека ужасно сакам да избегам од тука и дека сакам тоа да го направам со точак. А тој би размислувал гласно кој точак може да ми помогне во наивната (не)реализација. Дека поголемиот дел од времето немам поим што правам, нити како функционира светот, нити како се допушта некој да стане дел од моето секојдневие и дека не знам што да правам кога Boomerang има досадна програма.

Би имала некој кој ќе ми купи чадор. Некој што знае дека обожавам чадори, а никогаш не ги употребувам.

Би побарала совет. Би дозволила да бидам кревка и ете за еден момент да дозволам да не знам што да правам. И би го добила најдобронамерниот, во најекстремни граници на добронамерност, совет.

Би заплакала за пропуштената шанса зошто не сум знаела како да сакам. Би заплакала за сите вистински луѓе запознаени во хипер погрешно време. И тој би ми рекол дека ќе дојде вистинското време и вистинските личности. Само не сега. А тоа ќе звучи најклише, но ќе ме смири на чуден начин и ќе ми ја замолчи главата на минута.

Би била носталгична за времето во кое не сум ни живеела. Би се жалела како сум родена 50 години подоцна, а тој би ме правел љубоморна раскажувајќи ми за тоа време исто како да сум таму, како би ми дал причина за носталгичност.

Би ми рекол дека ќе бидам супер докторка и дека се надева дека еден ден ќе најдам лек за ракот кој полека го убива. А јас не би знаела што да кажам.

Би ги изложила сите мои луди теории за супермоќи и за спасување на светот и други феномени, а тој би се насмеал и би рекол ‘Тоа е моето девојче’.

А на крајот, би му рекла дека пржени јајца за појадок и не е толку лоша идеја и дека ми фали да се смееме иако немаме друго за појадок, дека ми фали да гледа лотарија додека јас цртам и тие ултра грди цртежи да ги закачи на ѕид како да сум Моне part 2 и дека ми фали да му падне книга од Живко Чинго од полица додека брише прашина и да ја скрши вазната и да каже ‘Живко Чинго е крив’ и дека ми фали да ми каже дека верува безрезервно во мене. Дека ми фали, о ужасно ми фали. И дека го мразам зборот ‘би’.


Платоник

 

Преземено: Факултети.мк

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Забраните и детето
Како да го научиме детето да ги почитува забраните? Дали зад неговата непослушност стои наша грешка?
4
10 совети за родителите во Новата Година
Нова Година...нови одлуки и решенија, важни за Вас и за Вашите најмили.
4
Што да направите кога детето ви се спротив...
Доаѓа момент во кој детето не само што не ги исполнува кажаното од вас, но и ви се спротивставува . И што сега? Која тре...
4
Ведрана Рудан со поддршка на Северина
Северина доби огромна поддршка по судската одлука нејзиниот син Александар да живее со неговиот татко Милан Поповиќ. Меѓ...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?