|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Киретажа - значајна гинеколошка процедура

Редакција Рингераја, 12.8.2015
Киретажата претставува мала хируршка операција која се користи како за поставување на дијагноза од материјалот што се добива, така и за третмански цели

image
/11


 

 

Процедурата започнува со дилатација т.е. проширување на  цервиксот на матката со цел дел од нејзиниот ендомертиум да биде отстранет со  гребење или ушмукување (киретажа). 

 

Киретажа претставува сигурна процедура која се извршува  поради следниве причини:

Ирегуларно или преголемо крварење

Ирегуларно крварење  е  кога има крварење меѓу  два нормални  менструални периода. Крварење со долг и тежок период како и крварењето после менопауза сигнализира за голем број на проблеми.

 

Со киретажата се вади ендомериум од утерусот и се врши микроскопско испитување на изваденото ткиво од страна на патолог кој ја дава дијагнозата. Причини за ирегуларно крварење може да се:

  • Полипи : ова е честа појава, односно се јавуваат кај 20% од жените.
  • Ендометријален тумор.

 

Терапевтска киретажа

Терапевтски се користи кога причината е веќе позната, како на пример  при спонтан абортус или пак по пораѓај кога има остатоци од плацентата која нецелосно се одделила од утерусот.

 

Ризици и компликации

При киретажата може да се јават одредени ризици како што се :

Хеморагија: тешко крварење е многу ретко , но се јавува ако со инструмент се повреди  ѕидот на матката. Исто може да се јави крварење и кога при операција се исече фиброид за време на киретажата.

Инфекција: секогаш има мала шанса  од инфекција кога еднаш ќе навлезе докторот со инструментите во матката. Повеќето инфекции лесно се лекуваат со антибиотици.

Перфорирана матка: иако е ретка оваа компликација, почесто се јавува кај жени со инфекција за време на процедурата, се јавува и кај постменопаузални жени и ако процедурата е извршена поради спонтан абортус.

Asherman  синдром:  овој тип вклучува формација од лузна на ткивото на матката  предизвикана од  грубото гребење на матката или од абнормална реакција кон  гребењето. Ова воедно може да води и до инфертилитет односно неплодност.

 

Подготовка за киретажа

Избегнување на непотребни лекови: неколку дена пред операциониот зафат треба да се прекине земање на лекови како аспирин бидејќи ја зголемува можноста за појава на крварење, како и консумирање лаксативи, алкохол, цигари;

 

Хронични состојби: докторот примарно  сака  да се стабилизирани  другите медицински заболувања, како на пример ако пациентката има неконтролиран зголемен крвен притисок, таа ќе биде поставена на стриктен третман или ќе биде пратена во болница за подобрување на притисокот;

Јадење и пиење: пациентката не смее да пие или јаде во период од 12 часа пред киретажата, ако  биде под генерализирана анестезија, или пак 8 часа ,ако е под локална анестезија (спинална );

Прелиминарен тест: денот пред или  кога треба да се изврши  киретажата , на пациентката може некој пат да се изведат одредени  тестови како рутински преглед на крвта, урината и други тестови со кои може да се воочат некои скриени болести.

 

Чекори при киретажа

  1. Анестезија:  може да е локална, спинална  или пак генерална;
  2. Дилатација:  по анестезијата докторот го  фиксира цервиксот со гинеколошка клешта и потоа со метален инструмент навлегува за да ја провери длабочината и аголот на матката, а со тоа докторот воочува до каде киретата ќе може безбедно да ја  вовлече во матката. Методот на дилатација се врши со внесување постепено од најтенок до подебел метален кол во тесниот цервикален отвор се додека не се прошири цервикалниот канал со периметар како на средниот прст
  3. Киретажа: по дилатацијата докторот го започнува следниот чекор односно со процесот киретажа кога со инструмент наречен кирета навлегува низ дилатираниот цервикален канал во матката, со кој започнува да гребе по ѕидот на матката. Така се добива ткиво кое се прака во лабараторија за да се извршат анализи. Потоа инструментите се вадат. 

Целокупниот процес трае околу 15-20 минути. По операцијата периодот на опоравување е краток, а пациентките можат да почуствуваат само мала минорна болка слична на таа како при менструалниот период во период од 1 час. Во болница се задржуваат еден ден и потоа си одат дома. Naproxen или ibuprofen се лекови кои се даваат како олеснувачи на болката т.е. грчевите  кои може да се јават.

 

Oпшти препораки по зафатот

  • Ако се почувствува  перзистентна болка или ако има пациентката темтература, или пак продолжено долго крварење како и непријатен мирис од вагината треба да се јави кај докторот и да оди веднаш на преглед;
  • По зафатот треба да се избегнуваат сексуални односи во периот од 2 недели, со цел дилатираниот цервикс да се стесни односно врати во нормала, бидејќи ако не во овој може да дојде до навлегување на бактерија во матката и да предизвика дополнителни проблеми, како стерилизација;
  • Обврзно мора да се отиде на преглед по зафатот за да се увиди состојбата, колку и да мисли самата пациентка дека е во одлична состојба.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Болести во бременоста
Настинка, кашлање и пролив, се не многу опасни болести, но многу трудници се прашуваат дали би можеле да му наштетат на ...
6
НЕ, за мобилниот во бременоста!
Спиете со мобилниот, а бремени сте? Се надеваме дека откакао ќе ја прочитате статијава, нештата ќе се променат...
4
Опасни инфекции за време на бременост
Добрата работа е во тоа што кај повеќето жени бременоста поминува без особени проблеми. Но, има и случаи кога претпазлив...
4
Тања: Мојата породилна приказна
Моментот кога јас се претворив во „ние“ .
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?