|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Ќе добијам ли бебе со Ин-витро?

TLC Channel, 20.2.2015
Ин-витро фертилизација! Табу тема или реално решение за неможноста да се добие дете по природен пат? Гледајте денес во 20:00 часот на TLC Channel

image
/51


 

Ин-витро фертилизација или вештачко оплодување е процес на спојување (фертилизација) на јајце клетката со сперматозоидот надвор од телото на жената во лабораториски (ин витро) услови. Ин-витро техниката обично се применува кај парови, кај кои другите методи на потпомогнато оплодување немале успех.

 

Историски, „таткото“ на првото бебе од епрувета е физиологот Роберт Ердвардс кој за прв пат ја спровел постапката во 1978 година. Неговата генијалност е крунисана со Нобелова награда за медицина во 2010 година кога во светот со ин-витро фертилизација веќе беа родени 4 милиони бебиња. Во западниот свет 1-2% од новородените се родени по пат на вонтелесно оплодување и примената на оваа процедура е во постојан пораст.

 

Процесот на ин-витро фертилизација се состои од неколку фази. Најпрво со хормонални лекови се стимулира растење на повеќе фоликули во јајниците на жената. Потоа, со ултразвук и тенка игла се врши боцкање на фоликулите и извлекување на јајце-клетките од нив. Овие јајце-клетки се чуваат во посебни услови и средини кои им обезбедуваат опстанок надвор од телото на жената. Потоа се издвојуваат машките полови клетки и со микроскопска техника се внесува по еден сперматозоид во секоја јајце-клетка. Откако оплодените јајце-клетки ќе го започнат својот развој во лабораториски услови, некои од нив се вбризгуваат во матката, каде се очекува да се вгнездат и да настане бременост.

 

Успешноста на ин-витро постапката зависи од клиниката во која се прави, но и од возраста на жената. Генерално земено успешноста кај жени до 35 год. е 30-35% во еден циклус, кај жени од 35-37 години е околу 25%, кај жени од 38-40 години е 15-20% и кај жени над 40 години успешноста во еден циклус се движи од 6-10%. Сепак ова е статистика и не значи дека кај помладите жени мора да успее уште првата постапка, а кај постарите дека нема да биде успешно.

 

Процесот на ин-витро фертилизација и искуствата на паровите кои сакаат да добијат принова можете да го следите преку најновата документарна серија на TLC каналот со наслов “Ќе добијам ли бебе со ин витро?“. Во овој серијал се пренесува создавање на потомство со помош на ин-витро фертилизација. Ќе можете да ги запознаете паровите кои се решиле за оваа постапка, нивните мотиви како и емоционалните приказни за време на долгиот и напорен процес низ кој мора да го поминат на патот до најголемата среќа.

 

Ќе добијам ли бебе со ин витро? единствено на TLC каналот на 20 февруари 2015 година со почеток во 20 часот.

 


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Функција на женските полови хормони
Освен што во нив созреваат јајце клетките, јајниците создаваат и лачат женски полови хормони, а тоа се: естроген и проге...
4
7 производи кои ќе ви помогнат да забремените
Постојат голем број на правила за тоа што треба и што не треба да се јаде за време на бременоста. Но што да правите, ако...
3
Цервикална интраепителна неоплазија - ЦИН
Вашиот последен ПАП тест е рапортиран како ЦИН 1, ЦИН 2, ЦИН 3 или едноставно како ПОЗИТИВЕН ПАП ТЕСТ? Што значат овие п...
3
Следење на овулација – исцедок од вагина (...
Како да го пратите природниот циклус на жената и да ги одредите плодните денови со помош на исцедок од вагината?
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?