|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Каков е "Зелениот автомобил"

М.Т., 30.10.2010
Автомобилот во текот на возењето произведува штетни издувни гасови и спаѓа меѓу најголемите загадувачи на воздухот. Постојат автомобили кои се нарекуваат “Зелени автомобили” и кои и се наклонети на нашата планета.

image
/11


 

Автомобилот  во текот на возењето произведува штетни издувни гасови и спаѓа меѓу најголемите загадувачи на воздухот. Постојат автомобили кои се нарекуваат “Зелени автомобили” и кои и се наклонети на нашата планета.

Каков е всушност “Зелениот автомобил”?

“Зелените автомобили” се возила со помало испуштање на штетни издувни гасови, пред се на јаглерод диоксид, со истовремено помала потрошувачка. Во “Зелени автомобили” спаѓаат сите автомобили кои користат бензин и нафта и оние кои се на алтернативен погон, таканаречените хибриди, кои покрај електричната енергија сеуште употребуваат мотор со внатрешно согорување, кој за работа користи обично гориво.

Автомобили, кои може да се рециклираат

Помалото испуштање на гасови и помала потрошувачка не се единствениот показател на “зелен автомобил”. Потребно е да се земат во предвид и останатите елементи и добро да се види вкупното влијание на количеството на гасови кои настануваат при возењето и производството како и подоцна во изградбата на возилото. Затоа е неопходно да се разгледа:

1.  Начинот на изработка на автомобилот.

2.  Од колку рециклирани делови е направен автомобилот.

3.  Колку делови од автомобилот може да се рециклираат.

 

Зелени автомобили

Со оглед на тоа колку е вашиот автомобил “зелен” според горе наведеното, сами придонесувате за помало испуштање на штетни гасови во околината. Количината на издувни гасови пред се зависи од видот на автомобилот што го возите и видот на гориво кое го користите и од тоа како возите. За да бидете што повеќе “зелен возач”  Ви го препорачуваме следното:

  • Избегнувајте брзо забрзување и силно кочење.
  • Редовно сервисирајте го вашиот автомобил.
  • Намалете ја брзината – при 110 км на час автомобилот троши 25 % повеќе гориво отколку при возење со 90 км на час.
  • Не оставајте го предолго вклучен моторот, кога возилото е во мирување – ако има услови исклучете го.
  • Проверете ги вашите пневматици – притисок , полирање и центрираност на тркалата.
  • Користете ја климата само кога е тоа навистина потребно.
  • Ослободете се од ѓубрето - колку повеќе транспорт вршите толку повеќе гориво трошите.

Кога купувате нов автомобил бидете внимателни какви се издувните гасови и каква е потрошувачката на гориво. Еден совет : Сите нови автомобили имаат етикета на шофершајбната со ознака, колку е ефикасна нивната потрошувачка и какво е испуштањето на јаглерод диоксид.

 

Хибрид: Да или Не?

Моментално се најповеќе раширени “зелените” или ЕКО возилата хибриди, кои нашето внимание го привлекуваат пред се со необичниот дизајн. Тие автомобили секако дека имаат повисока цена, затоа купувачите при избор на вакво возило се многу претпазливи во однос на тоа дали тој автомобил е навистина  толку вреден. И стручњаците укажуваат на тоа дека овие автомобили во иднина ќе ги заменат автомобилите кои користат етанол или водород. Постојат големи предности на хибридните автомобили во однос на обичните:

- релативно голема издржливост на батериите (кои траат дури и до 180.000 поминати километри),

- мала потрошувачка на бензин (приближно третина помалку во однос на обичните автомобили),

- многу по пријатно возење (околу 25-35 % помала емисија на издувни гасови).

 

Можеме да кажеме дека хибридите се поекономични и помалку штетни за околината, иако за голем број  купувачи се сеуште премногу скапи. Затоа, за што и да се одлучите Ви го препорачуваме следново: со пешачењето, велосипедите и градските автобуси ќе придонесете помалку да ја загадувате животната околина  со што ќе се чувствувате многу подобро.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Нова епизода на „Кој кого расте“
Недела на 26.05.2013 во 10.20 часот повторно на Телма телевизија, следете ја новата епизода на тема: Деца и миленичиња
4
Работи кои не треба да им ги забранувате н...
Психолозите веруваат дека поставувањето граници го прават детето да се чувствува многу заштитено и спокојно. Сепак, неко...
4
Ортопедски проблеми кај децата
Како што поминува времето, можеби забележувате дека вашето дете не расте сосема според правилата. Кај многу деца се јаву...
4
Интервју: Др. Митка Тренчева
Со посебно задоволство и почит ја претставуваме Др.Митка Тренчева, докторка - педијатар.
4




Анкета

Димитар
viki87

Дали Ви се допаѓа името Димитар?

Да (71%)

Не (29%)


Број на сите гласови: 156

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!