|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Како се прави бебе во едно африканско племе?

Редакција Рингераја, 10.7.2013
Родителите се тие кои одлучуваат дали и кога ќе имаат дете, но детето всушност само ги избира своите родители и го пронаоѓа патот до нив, веруваат во едно африканско племе, на основа на логика која сите ќе посакаме да е реална!
Клучни зборови:

image
/11


 

Постои племе во Африка каде што датумот на раѓањето на детето не се смета од денот кога е дојдено на свет, ниту од моментот кога е зачнато, туку од денот кога детето се родило како мисла во мајчиниот ум. Тогаш кога жената ќе одлучи дека сака да има дете таа седнува сама под едно дрво и слуша додека не ја слушне песната на детето кое сака да дојде.

Откако ќе ја слушне песната, се враќа кај мажот кој ќе биде татко на детето за и тој да ја научи песната. Потоа, откако ќе водат љубов за да го зачнат детето, некое време ја пеат песната на детето, како начин да го повикаат.

Кога ќе забремени, мајката ги учи бабиците и другите жени во селото да ја пеат песната на детето, за да му посакаат добредојде кога ќе дојде на свет. Подоцна кога детето расте и другите селани ја учат песната на детето. Ако детето падне и го повреди коленото, некој ќе го крене и ќе му ја запее песната. Или кога детето ќе направи нешто убаво, или ќе помине низ пубертетот, луѓето во селото ја пеат неговата или нејзината песна.

Ако во било кој момент  од неговиот живот, личноста направи злочин или антисоцијален чин, ја повикуваат во центарот на селото и сите луѓе од заедницата ја опкружуваат. Потоа и ја пеат нејзината песна.

Племето сфаќа дека корекцијата на антисоцијалното однесување не е казна, туку љубов и потсетување на идентитетот. Кога ќе ја препознаете сопствената песна, немате желба да направите нешто со што ќе ги повредите другите.

 

Не морате да израснете во африканско племе кое ќе Ви ја пее Вашата песна на сите круцијални животни премини, бидејќи животот Ве потсетува кога сте во склад со себе, а кога не сте. Кога се чувствувате добро, тоа што го работите е во склад со Вашата песна, а кога се чувствувате ужасно, не е. На крајот, сите ќе ја препознаеме нашата песна и ќе ја пееме добро.

Можеби малку треперите во овој момент, но тоа им се случува и на најдобрите пејачи. Само продолжете да пеете и ќе го откриете патот до дома.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Вака изгледа еден обичен ден кога имате бебе
Оваа мајка направи комичен распоред - како изгледа животот на мајката од утро до вечер
8
Лазењето го стимулира развојот и интелеген...
Лазењето е едно автономно движење на четири нозе. Повеќе лазење = повеќе стимулација
7
Дали е загрижувачки ако вашето бебе има ра...
Синдром на рамна глава, исто така наречен плагиоцефалија, се развива кај бебињата поради надворешни притисоци врз мекиот...
4
Зошто моето бебе дише толку брзо?
Одличноооо, таа спие сега конечно можам да се одморам!Чекај, дали се уште дише? Па, да, градите и се креваат.Сег...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?