|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Како млечните заби да останат здрави?

Natusana, 22.5.2022
Децата не се раѓаат со страв од стоматолог, туку го стекнуваат од некое негативно искуство. За првата посета на стоматолог најважно е позитивното искуство, а исто така и улогата на родителот, т.е. како тој ќе влијае врз детето

image
/11


Првите заби најчесто никнуваат околу шестиот месец по раѓањето, но кај некои бебиња можат да никнат порано или подоцна, па дури и по првата година од раѓањето. Најпрвин никнуваат на долната вилица, и тоа централните секачи, потоа на горната вилица - централните и латералните секачи, па продолжува така до 32-33 месец по раѓањето кога никнуваат сите 20 млечни заби.

Веќе на шестгодишна возраст никнуваат првите трајни заби кај детето, првите катници (шестките), а потоа се менуваат млечните заби. Замената на млечните заби обично трае до 12. година од животот, до кога сите млечни заби треба да бидат заменети со трајни.

 

Миење на млечните заби

Кога ќе никнат првите млечни запчиња, најдобро е да се чистат со влажна газа, нежно по целата површина на забот. На почетокот давајте им на бебињата мека четка за заби, нека си играат со неа, така и визуелно ќе се навикнат на неа. Паста за заби се користи од втората година и на почеток се дава мала количина од пастата. Детските пасти за заби содржат флуор, кој спречува да се создаде кариес.

 

Како да ги заштитите млечните заби од расипување?

Избегнувајте бебешка цуцла и никогаш не ставајте ја цуцлата или приборот за исхрана на детето во вашата уста, зашто така се пренесуваат бактерии што се причина за кариес.

Кога детето ќе наполни една година, давајте му да пие од чаша. Избегнувајте слатки, сокови, чоколади, бонбони, не дозволувајте детето да заспива ноќе со шише полно со сок. По јадење благи работи, најдобро е да се измијат забите.

Но, најважно од се е вие да бидете добар пример затоа што децата учат од вас. Направете миењето на запчињата да биде игра и убав ритуал!

 

Подготовка на вашето дете за посета на стоматолог

Децата не се раѓаат со страв од стоматолог, туку го стекнуваат од некое негативно искуство. За првата посета на стоматолог најважно е позитивното искуство, а исто така и улогата на родителот, т.е. како тој ќе влијае врз детето. Најпрвин родителите треба да разговараат за одењето на стоматолог на начин на кој детето ќе ги разбере. Тоа може да биде преку игра или преку читање приказни за посета на стоматолог. Вие треба да бидете добар пример на вашите деца, редовно мијте ги забите и грижете се за вашето орално здравје.

Првата посета на стоматолог нека биде запознавање со стоматологот, ординацијата, инструментите и доволно е да се направи само преглед на забите. Така детето ќе се опушти и ќе сака да оди на стоматолог. Никогаш немојте да користите негативни зборови како, на пример, „игла“, „болка“, „инјекција“, „дупчење“ итн.  Не дозволувајте детето да слуша за негативни искуства на стоматолог и никогаш немојте одењето на стоматолог да го користите како казна. По завршувањето на првата посета на стоматолог разговарајте со детето колку било забавно.

 

Магдалена Стојаноски, доктор по стоматологија

ПЗУ „Тера дент“

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Ортопедски проблеми кај децата
Како што поминува времето, можеби забележувате дека вашето дете не расте сосема според правилата. Кај многу деца се јаву...
5
Нова епизода на „Кој кого расте“: Тешки вр...
Телевизиска емисија наменета за родители „Кој кого расте“ чии водителе Зорица Црношија во недела на 31.03.2013 во 10.20 ...
4
Нова епизода на „Кој кого расте“
Недела на 26.05.2013 во 10.20 часот повторно на Телма телевизија, следете ја новата епизода на тема: Деца и миленичиња
4
Работи кои не треба да им ги забранувате н...
Психолозите веруваат дека поставувањето граници го прават детето да се чувствува многу заштитено и спокојно. Сепак, неко...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?