|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Како мажот да ја зголеми шансата за забременување?

Редакција Рингераја, 27.5.2015
Кај некои парови бременоста ќе дојде брзо и лесно, без никакви подготовки, додека кај некои тоа ќе биде подолг процес за кој ќе треба повеќе труд...

image
/11


 

  1. Одете на доктор

    Добро е за секој случај да одите на доктор на редовен преглед, а посебно доколку имате хронични болести и користите лекарства. Некои лекови може да влијаат на квалитетот и квантитетот на спермата. Ако постои опасност од некоја полова болест треба да се направи тестирање и да се излечи.

    Треба да зборувате со својот доктор за историјата на своите болести. Доколку во вашето семејство постојат случаи во кои имало генетски или хромозомски неправилности, ментална ретардација или заостанување во развојот, треба да посетите и генетичар, за да дознаете дали и вие сте опфатени со тоа. Поразговарајте со докторот за опасностите кои ги имате во околината или на работното место, за да дознаете дали нешто од тоа влијае на вашата плодност.

  2. Разговор за промените

    Со доаѓањето на детето, ќе дојдат и многу промени од материјална, временска и поинаква природа. Поради тоа, треба пред зачнувањето да седнете и да поразговарате: дали сте финансиски подготвени, колку долго жената ќе биде на породилно отсуство, кој ќе го чува детето кога ќе посакате да излезете... Што порано работите се постават на свое место, помалку расправии ќе имате и во онака, стресниот период.

  3. Запознавајте се со своите медицински корени

    Поразговарајте со роднините за историјата на болести кај поблиската и подалечна фамилија. Најважна работа е да проверите дали постојат генетски или хромозомски болести (како Даунов синдром). Важно е да дознаете постои ли и ментална ретардација или некои други пречки во развојот.

  4. Наполнете го фрижидерот со здрава храна

    Исхраната најмногу влијае на квалитетот на спермата. Истражувањата покажуваат дека лошите навики во исхраната и често конзумирање на алкохол може, на пример да го намали квалитетот и квантитетот на спермата, што го отежнува зачнувањето.
    Вашата исхрана треба да биде разновидна и хранлива. Идните татковци би требало:
    • Да јадат храна богата со витамин Ц и други антиоксиданси  – ги спречуваат дефектите на спермата и ја подобруваат нејзината брзина на движењето. Целта нека ви биде 60 мг витамин Ц дневно.
    • Во исхраната да внесат повеќе цинк –  истражувањата покажале дека дури и краткотрајно намалување на цинкот во организмот  ја намалува количината на тестостеронот и спермата.  Добар извор на цинк кој ќе ви помогне да достигнете 15 мг дневно кои се потребни, се: говедското месо, печен грав, темно пилешко (копан,надкопан)
    • Да го зголемат внесувањето на фолна киселина  – потребната количина од 400 мцг ќе ја добиете од житариците за појадок, зелениот зеленчук и сокот од портокал.
    • Да го зголемат внесувањето на калциум и витамин Д – истражувањата покажуваат дека на мажите им е потребно 1000 мг калциум и 10 мцг витамин Д. Добри извори на калциум се немасно млеко и јогурт, а извори на витамин Д се млекото и лососот.
    • Да го намалат конзумирањето на алкохол и цигари –  се смета дека повремено конзумирање алкохол не пречи, но секојдневно конзумирање (вино, пиво или жестоки пијалоци) и цигари исто така штетно влијаат на спермата.

  5. Одморете од забавите 

    И двајцата партнери треба да престанат со забавите. На семените станици влијае алкохолот, чадот и дрогата, како и на јајце клетките. Друго истражување покажува дека родителите кои пијат, добиваат деца со мала породилна тежина, која е проблем бидејќи влијае на детското здравје и однесувањето понатака во животот.

  6. Проверете ги опасностите на своето работно место 

    Некои работи можат да бидат навистина опасни за вас и вашето дете. Доколку често сте изложени на хемикалии или радијација , ќе мора да се обидете тоа да го промените пред зачнувањето. Познато е дека на спермата и треба три месеци пред да созрее, па добро е на тоа да помислите три месеци пред да почнете да се обидувате. Обидете се барем да ги намалите тие опасности во домот или на работното место.

  7. Купете си боксерици

    Дел од истражувањата покажале дека топлината негативно влијае на квантитетот на спермата, поради што, посигурно е да носите боксерици, отколку гаќи. Друг дел од истражувањата покажале дека топлината и не е проблем, доколку не постои и некој друг проблем кај спермата. Во ваков случај, тоа е едноставна промена во гардеробата, која би можела, сепак да ги забрза работите.

  8. Немојте да се бањате со претопла вода

    Сауните, топлите тушеви и купки, исто така не се препорачливи поради високите температури. Топлината ги уништува семените клетки, што значи ќе бидат потребни три месеци за да созреат семените клетки.

  9. Не возете велосипед

    Повременото возење на велосипед не треба да ве вознемира со фактот дека возењето на велосипед може да го намали квантитетот на спермата. Тоа е опасност само за оние кои на велосипед поминуваат повеќе од два часа дневно, шест дена неделно. Постојаното возење може да доведе до повреда на тестисите, кои со причина се надвор од телото  –  треба да бидат на поладно, од останатиот дел на телото, за да функционираат нормално.

  10. Опуштете се

    Земете си малку време за себе и за размислување. Очекувањето на детето е возбудливо и стресно, па секој одмор е добродојден.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Што не знаевте за неплодноста?
Жените кои не можат да забременат поминуваат низ многу тежок период и постојано се преплавени со емоции, како што се оса...
4
Фото: Вака изгледа борбата за бебе!
Не постои нешто што жените не би направиле за да си го исполнат сонот да станат мајки. Секојдневно, голем број од нив по...
3
Секоја жена најзадоволно се смее двапати!
Жената има две насмевки, една кога сфаќа дека е заљубена и друга кога за првпат ќе си го види бебето
3
Како да имате поквалитетни јајце-клетки за...
Во минатото се сметаше дека староста е единствен фактор кој го одредува здравјето на јајце-клетките и јајниците. Врз ос...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?