|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Како да закрепнете по царскиот рез?

Редакција Рингераја, 17.7.2019
Речиси 1 од 3 жени ќе се породи со помош на царски рез, па станува сe поважно да ги знаете предностите и недостатоците од процедурата

image
/11


Постојат многу нешта што можат да и помогнат на новата мајка побрзо да закрепне од операцијата, па доколку сте имале царски рез, добро е да ги следите следниве совети:

Земајте пробиотици и јадете ферментирана храна

Антибиотиците што и се даваат на мајката за време на операција можат да имаат влијание врз здравите бактерии во стомакот.

Поради ова, би требало да го прашате вашиот лекар за пробиотици кои ќе ја подобрат флората во стомакот.

Ова ќе го подобри имунитетот, па дури и ќе ја спречи појавата на дијареа. Ферментирана храна има слични својства.

Одете на прошетки

Штом лекарот ќе ви даде дозвола да вежбате, обидувајте се одвреме-навреме да пешачите по 30-тина минути. Пешачењето ќе ви помогне да се ослободите од гасовите, ќе ја подобри циркулацијата, ќе ја подобри работат на цревата и ќе му помогне на телото да закрепне.

Во некои случаи, на мајките им се препорачуваат прошетки веднаш штом ќе се вратат дома од болница.

Лекови за болка

Нормално е да имате болки до 2 недели после операцијата. Лекарот најверојатно ќе препише некои антивоспалителни лекови, кои понекогаш се земаат и 4 пати дневно, во период од 2 недели.

Прашајте го вашиот лекар и за лекови што ќе ви помогнат да се справите со болките.

Одморајте

Одморот е многу важен после секоја операција, вклучувајќи го и царскиот рез. Се разбира, не е лесно да се наспиете кога дома имате новороденче, па најдобро е да спиете заедно со вашето дете.

Иако работата што доаѓа со новото дете може да изгледа како премногу, навистина е важно да се одморите за да не си го влошите здравјето.

Најдете поддршка за доење

Доколку планирате да доите, добро е да побарате поддршка. Царскиот рез е поврзан со зголемен ризик од тешкотии при доењето.

Оваа поддршка може да различна – столче за доење, посебна перница, па дури и разговор со лекар. Сите овие нешта ќе ви помогнат успешно да го доите вашето бебе и да ја намалите болката.

Справете се со констипацијата

После царскиот рез, кај жените се зголемува ризикот од констипација поради хормоналните промени, изморените стомачни мускули и честото лежење. Ова не само што може да биде болно, туку може да претставува проблем и за засекот од операцијата.

За да се справите со овој проблем, пијте многу вода, консумирајте храна богата со хранливи влакна и побарајте совет од вашиот лекар.

Внимавајте на знаци за инфекција

После операцијата важно е да го набљудувате вашето тело за какви било знаци на инфекција. Добро би било да ја проверувате вашата температура на секои 24 часа и да внимавате на отоци, интензивна болка или чувство на студ.

Доколку се појават овие симптоми, обратете се кај вашиот лекар.

Користете влошки за вагиналното крварење

И кај мајките кои се породиле со царски рез можно е да се појави вагинално крварење. Во овој случај би требало да носите влошка. Воглавно избегнувајте ги тампоните бидејќи можат да предизвикаат инфекција, освен ако вашиот лекар не ви кажал поинаку.

Доколку забележите обилно крварење, лош мирис или треска, веднаш побарајте го вашиот лекар.

Справете се со емоциите

Породувањето може да биде навистина напорен период, дури и после некое време, бидејќи мајките чувствуваат вина или срам. Доколку чувствувате нешто вакво, можете да побарате помош од терапевт или состаноци за поддршка.

Кога станува збор за помош, раната интервенција и поддршката можат да ја спречат појавата на постпородилна депресија.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Што се` открива ултразвукот во бременоста?
Како дијагностичка техника ултразвукот е во секојдневна употреба околу 25 години, а неговата безбедност е одамна докажа...
4
Интервју: Бетпет, мајка на големиот борец ...
“Нашата ќерка се роди на 6 месеци и 18 дена и тоа со тежина од само 630 грама. Сега имаме три месеци и 2050 грама, па за...
4
Колку породувања со царски рез може да имате?
Колку породувања со царски рез се уште е безбедно да се направат и колку треба да се чека за нова бременост после такво ...
4
Освестувачки: Подгответе се за животот со ...
Спијте, одморајте се, гледајте ТВ и одете на романтични вечери со вашиот партнер – тоа ќе ви кажат повеќето, пред да доб...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?